Connect with us

Инфо +

Можно ли е враќање на воениот рок?

Published

on

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска вечерва во „Клик Плус“ во ТВ21 одговори на прашањето дали се размислува за враќањето на военикот рок.

„Во моментов имаме доброволно служење на воен рок. Одвреме на време, искрено, кога контактирам со луѓе, добивам многу иницијатива. Родители кои сакаат нивните деца да бидат подготвени за живот. Во моментов сметам дека враќањето на воениот рок не е добра опција“, рече Шекеринска.

Таа објасни зошто тоа не е добра идеја.

„Прво треба да ја опоравиме армијата од еден десетгодишен пост. Се навикнале да функционираат со минимум пари, и да се откажат од многу работи. Не зборувам за луксуз, туку за елементарни услови за работа. Редовно служење на воен рок, бара многу повеќе пари. Треба да се обезбедат ресурси, згради, услови, храна… Никогаш не превземаме обврски кои не можеме да ги реализираме“, изјави Шекеринска, која напомена дека Франција и дел од балтичките држави полека почнуваат да размислуваат за оваа идеја.

Македонија

Откорнати се покриви од згради, куќи, паднаа и бандери – огромни штети од невремето синоќа

Published

on

Во последното деноноќие делови од Македонија беа зафатени со невреме проследено со силен ветер, што причини штети во неколку региони од државата, најмногу во Битола и Штип.

Според информациите од регионалниот Центар за управување со кризи во Битола, пожарникарите интервенирале на повеќе локации.

Меѓу штетите се паднат кров на две згради на улицата Нико Фундали, каде има настаната штета и на неколку возила.


Кровот се откорнал и од зградата кај печатницата Киро Дандаро, како и од зграда на улицата Хераклеа. Надлежните соопштија дека без дел од кровната конструкција останаа и две куќи на улиците Јанко Палигора и Партизанска.

Ветрот со јачина од 60 километри на час откорна и дрвја, билборди, а на земи завршија и голем број бандери во градот и жици кои предизвикале искрење.

Во Штип, според информациите имало повеќе паднати дрвја, како и откорнати делови од покриви на повеќе локации во градот и околината. Оштетени се електрични столбови, кровни конструкции на објекти, фасада од станбена зграда, олуци и автомобили. Појава на паднати дрвја како последица од вчерашниот силен ветер имаше и во селата Облешево и Истибања.

Ветрот направи проблеми и Охрид, Виница, Тетово. Интервенирано е поради откачен лимен кров, паднато дрво и бандера.

УХМР најави дека и денес ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец над 70 километри на час. Засилен ветер особено долж Повардарието ќе има до крајот на денот.

Continue Reading

Македонија

Ѓорѓиевски: „Љубовта кон народот и тимската посветеност се нашиот пат кон успехот!“

Published

on

Во животот, постојат многу двигатели, но љубовта е она што ја носи вистинската сила. За градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, љубовта кон семејството и народот е најголемиот мотиватор за секојдневната борба за подобра иднина.

„Без мојот тим и без поддршката на мојот народ, ништо од ова немаше да биде возможно. Тимот кој е со мене со децении е клучот на нашиот успех,“ вели Ѓорѓиевски.

Со посветеност која не познава изговори и со јасна цел – работа за доброто на сите, Ѓорѓиевски порачува: „Кога се сака, сѐ се може, кога се работи со и од љубов.“

Тој додава дека предизвиците се секојдневие, но тие се причина повеќе да се радуваш на напредокот. Слободното време можеби е жртвувано, но резултатите зборуваат за себе.

Со силна верба во заедничките напори и посветеност, Ѓорѓиевски ја завршува својата порака со оптимизам: „Најдоброто допрва доаѓа!“

https://www.facebook.com/share/v/1CdV2SJxuV/?mibextid=0r8j9z

Continue Reading

Македонија

Драма во Тетовско: Уапсен 63-годишник, бегството конечно заврши

Published

on

На 21.11.2024 во 20.20 часот во с. Горно Палчиште, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го привеле С.Р. (63) од с. Горно Палчиште, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба, за издржување на затворска казна. Тој е предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк