Connect with us

Инфо +

Пет години затвор за лицето кое го запали бугарското знаме во Вевчани?!

Published

on

Полицијата го утврдува идентитетот на лицето што го запали знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани, по што ќе му поднесе пријава. За ова кривично дело е предвиден затвор од една до пет години.

– На 14.01.2021 година во 15 часот при дефилирање на василичарските маски во селото Вевчани, Струшко, лице кое било дел од василичарските маски во рака држело знаме на Република Бугарија, кое што при традиционалното палење на маските во центарот на Вевчани, го спуштило во запалениот оган и го запалило. Настанот е документиран и по утврдување на идентитетот на лицето против него ќе биде поднесена содветна пријава – велат од МВР за „Слободен печат“.

Ова е втор ваков инцидент за неколку месеци. Лани на 20 ноември во Гази Баба исто така беше запалено бугарското знаме и тогаш полицијата извести дека трага по лицето што го изврши кривичното дело. Од МВР не одговорија на прашањето на „Слободен печат“ дали е расчистен овој случај и дали извршителот е пронајден и казнет.

Во 2014 година со измени на Кривичниот законик палењето на знамето на Македонија и на други држави е дел од кривичното дело предизвикување на омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа, а предвидената казна е затвор од една до пет години (член 319).

Бугарија упати демарш до Министерството за надворешни работи поради запаленото знаме, а МНР и претседателот Стево Пендаровски го осудија инцидентот.

Македонија

На Кривичен не му е јасно како се поврзува претходниот случај на Васил со усмртувањето на Фросина, не можеле да претпостават дека ќе стори друго дело

Published

on

Кривичниот суд го прифати предлогот на Обвинителството и на обвинетиот Васил Јованов му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165. Ст.1. т.1, 2 и 3 односно Опасност од бегство, Попречување на истрагата со влијание врз сведоци и опасност да го повтори делото.

Што се однесува до претходните судски постапки кои биле водени против осомничениот, ја информираме јавноста, дека истиот на 31.07.20204 година бил првостепено осуден, со пресуда К.бр. 1439/24 по кој постапувала судијата Даниела Алексовска Стојановска, и тоа за две кривични дела Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори од чл. 215 ст.1 и чл. 215 ст.1 вв со чл. 22 од КЗ со која пресуда заради неговата возраст, со неполни 20 години, а ва согласно одредбите од Законот за правата на децата, судот му изрекол воспитна мерка :

Заводска мерка – Упатување во воспитно поправен дом, каде согласно чл. 48 ст.3 и ст.4 обвинетиот во домот останува најмалку 6 месеци, а најмногу 5 години односно до наполнети 23 години, во која пресуда му се заметува и времено поминато во притвор, по истиот предмет од 02.04.2024 година до 12.08.2027 година. Согласно Законските одредби од ЗКП по досудена Заводска мерка, Мерката притвор не може да опстојува, заради што Јавниот обвинител вложил жалба во однос само на кривичната санкција. Предметот на 07.11.2024 година е доставен на надлежно постапување на Апелациониот суд Скопје, од каде сеуште не е вратен на евентуално извршување.

-Согласно евиденцијата на судот истиот не бил осудуван за друго кривично дело и не се водела друга постапка за други кривични дела. Исто така до овој момент до судот не е процесуирана друга кривична пријава, ниту пак прекршочна пријава од областа на Сообраќајот, а лицето е евидентиран, единствено како малолетник во 2021 година кога му е изречена судска опомена заради нарушување јавен ред и мир.

Како суд, изразуваме жалење за загубата на млад човечки живот. Но, имајќи го предвид сето погоре наведено, нејасна е конекцијата кој се создава во јавноста за кривичен предмет кој во прв степен е завршен со Заводска мерка на одредено лице за едно кривично дело, со друго кривично дело кое е сторено 7 месеци потоа.

Дали некој во правосудниот систем можел да претпостави дека обвинетиот после 7 месеци од донесената пресуда со која истиот треба да се институцијализира, може да стори друго кривично дело, па заради тоа требало да биде задржан во притвор. Законите во нашата земја како и Меѓународните конвенции за човекови права тоа не го дозволуваат.

Дали за системскиот проблем со црните сообраќајни точки, каде не ретко се случуваат сообраќајни несреќи, вината е на судството, ако се има предвид било кој граѓанин кој претходно не бил во судир со Законите, може да предизвика сообраќајна несреќа со жртва заради недозволена брзина, управување под дејство на алкохол и не поседување возачка дозвола. Станува збор за општествен проблем, порачаа од Кривичниот суд.

Извор: vecer.mk

Continue Reading

Инфо +

Администрацијата на Трамп ќе депортира 341 Македонец

Published

on

Администрацијата на Доналд Трамп планира да депортира 341 лице во Македонија Оваа бројка се најде на списокот со земји што го објави „НЕКСТА“, кој покажува дека има 1.445.549 жители на САД кои се очекува да бидат депортирани во нивните земји.

Администрацијата на Трамп најави построга емиграциска политика. САД во меѓувреме продолжува со апсења и депортации на мигранти без дозвола за престој – и покрај сите критики од активистите за граѓански и за човекови права.

Покрај тоа, американскиот Конгрес веќе донесе построг закон за миграција. Според законот, мигрантите без важечки статус на престој сега треба да се држат во центри за имиграција не само за тешки кривични дела, туку и за помали прекршоци – на пример, кражба во продавници.

Во првата недела од вториот мандат на Трамп, беа уапсени речиси 2.400 мигранти, американската агенција за заштита на границите ИЦЕ (Имиграција и царина на САД) сега ги објавува новите бројки. Се вели дека апсењата првенствено се насочени кон имигрантите со криминални досиеја.

Continue Reading

Македонија

Таткото на Фросина: Неказнивоста е коренот на сите проблеми

Published

on

Во Неготино денеска се одржа граѓански собир во знак на сочувство со родителите на Фросина Кулакова, која вчера беше смртно прегазена во Скопје.

Скршен од болка, таткото на Фросина, сепак смогна сила да даде изјава, од која пренесуваме еден дел:

„Тоа во што сме сигурно е дека не е еден коренот на сите проблеми, арно ама во вака поставено правосудство каде што неказнивоста е примарно нешто, тоа се одразува на сите сфери во животот. Дали е тоа сообраќај, економија, не знам, било што. Имаме ли неказнивост, се соочуваме со тотален распад во општеството.

Тој, таков каков што е, лузер по сите редови и мерила, влезен во таков филм го убива девојчето кое е бисер од дете, врвен дизајнер, четврта година со веќе самостојни изложби, со пофалби и награди… и му оставаш од таа неказнивост, наместо да е во притвор заради таквиот пристап, он е слободен и ја убива. Што повеќе да кажам. Нема што повеќе.“

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк