Connect with us

Инфо +

Со значка не се плаќа патарина – нов ckaндал на Тик-Ток

Published

on

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски има нов инцидент за решавање.

Овој пат се работи за припадник на некоја полициска или друга безбедносна институција која што користи службени легитимации.

Возачот чие име се гледа на видеото што негов близок или тој лично го објавил на социјалната мрежа Тик-Ток наместо да плати на патарина ја вади легитимација и минува без да плати на наплатна рампа на автопатот Скопје – Гостивар.

Скопје

Ѓорѓиевски: Божиќна Магија на Плоштад Македонија

Published

on

Слава Му на Бога! Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, изрази огромна чест за поддршката што ја доби за организацијата на овогодинешните Бадникови поворки и најубавата Божиќна пештера во регионот. Во соработка со премиерот Христијан Мицкоски, Ѓорѓиевски ја најави свечената празнична програма, која привлекува големо внимание и ги збогатува празничните активности на плоштадот Македонија.

Од вечерва, сите посетители кои ќе поминуваат на плоштадот Македонија во текот на месецот, ќе имаат можност да уживаат во прекрасната Божиќна декорација и импресивната пештера. Ѓорѓиевски нагласи дека ова е одлична прилика за граѓаните да застанат, да се задлабочат и да размислуваат за Божиќниот настан, кој ја променил историјата на човештвото.

Во својот статус, градоначалникот упати топли желби за среќни и бериќетни празници и посака мирот Христов да биде постојано во срцата на сите граѓани.

Настаните ќе продолжат да го красат плоштадот Македонија со прекрасни глетки и атмосфера која потсетува на вистинската суштина на Божиќните празници.

Continue Reading

Македонија

ДЕНЕСКА Е СВЕТИ НИКОЛА: Половина Македонија слави, а половина оди на слави

Published

on

Свети Никола е голем македонски празник, а како слава го има речиси секое второ православно семејство. Трпезата е посна, а Свети Никола меѓу другото, се смета за заштитник на морињата.

Празникот Свети Никола, кој на 19 Декември го слават православните христијани во Македонија, заедно со Свети Димитрија (Митровден) и Пресвета Богородица, се трите најмасовни домашни слави што се прославуваат во Македонија.

Сепак, Свети Никола е еден од празниците што македонските православни верници најмногу го слават како домашна слава или, пак, како именден. Речиси секое второ семејство овој ден го празнува како слава. Свети Никола е најпразнуваниот светец и многу македонски семејства вечерта ќе го прослават празникот со богата посна трпеза, на која преовладуваат риба, посно гравче и посни сарми.

Во Македонија и во светот има безброј цркви, манастири, икони и фрески посветени на овој светец. Овој светец имал многу возбудлива животна приказна, која со векови ги фасцинира христијаните.

Роден во малоазискиот град Патара, пристаниште на медитеранскиот брег на денешна Турција, свети Никола живеел во 4 век, многу пред расколот помеѓу Православната и Католичката црква од 1054 година.

Неговите богати родители Теофан и Нина, го добиле синот Никола во време на владеењето на римскиот цар Валеријан (253 – 260 година), алчен човек што поради страста за златото организирал воен поход на Персиското Царство. Младиот Никола растел во такво нестабилно опкружување.

Кога неговите родители умреле во големата епидемија, Никола го разделил целото наследено богатство. Никола е избран за архиепископ мирликиски. Бил и еден од архиепископите што се повикани пред царот Константин на саборот во Никеја во 325 година.

Свети Никола умрел на 19 декември 343 година. Погребан е во соборната црква „Мирликиска митрополија“, а кон крајот на 11 век неговите мошти се пренесени во Бари, во манастирот „Свети Јован Претеча“.

Професорот од Теолошкиот факултет во Скопје Ратомир Грозданоски вели дека свети Никола е еден од светителите што ги празнуваат сите христијани и имаат еднаква почит кон него, и католиците и православните, но интересно е што го празнуваат и протестантите.

– Името Никола е многу распространето и се среќава и меѓу православните, и кај римокатолиците, и кај протестантите, како: Никола, Николај, Николаос, Ник, Никол, Ниче, Коле, па Николина, Ники… На сите овие имиња коренот им е од Никола. Сите тие се носители на едно прекрасно име – на името свети Никола – објаснува професорот Грозданоски.

Христијаните веруваат дека Свети Никола Чудотворец на многу пати ги спасувал изгубените бродови и поради тоа тој е заштитник на морепловците, рибарите, бродовите. Во христијанскиот календар, свети Никола се слави на 6 декември според стариот Јулијански календар т.е. на 19 декември, според новиот Грегоријански календар.

И во прозните народни умотворби еднаш се раскажува како Св. Никола ги помага сиромасите, друг пат како добил два празника во годината. Така на пр. во една приказна запишана од ѓаконот Јосиф, од манастирот Пречиста Кичевска, објавена во цариградскиот весник “Новини” кон крајот на минатиот век, се раскажува дека едно време другите светци му завиделе на св. Никола затоа што многу бил почитуван и се поплакале на Бога.

Бог ја примил поплаката и веднаш испратил два ангела да го повикаат св. Никола. Тие откако не го нашле по небото и по земјата го здогледале во стреде море како крепи една гемија готова да потоне.

Му ја пренесле заповедта, а тој ги замолил да му помогнат да ја извадат ѓемијата на суво. Виделе-не виделе ангелите му помогнале, а потоа така накиснат и со искинати алишта го одвеле пред Господа.

Тука во тој момент биле собрани и сите светци што се оплакувале на него. Господ само ги погледнал и ништо не рекол, а тие од погледот разбрале дека ако сакаат да бидат почитувани како свети Никола треба да прават добри дела како што правел тој.

Тогаш, се вели во оваа приказна, Господ заповедал за сите светци да има по еден ден во годината, за свети Никола два, а за преподобниот Касијан кој најмногу го кодошел на четири години еднаш да му се празнува денот на 29 февруари.

За Свети Никола строго е забрането да се работи, да се шие, мие, пере, пегла, чисти, како и да се јаде мрсна храна бидејќи празникот е посен. Постои верување дека на тој ден никој не треба да го потсетувате на долг, ниту додатно да му ја отежнувате положбата затоа што е должник.

Треба да се носат подароци за оние кои го слават Свети Никола. Меѓутоа и оние кои го слават празникот по некои обичаи на некои места во земјава своите гости не треба да ги пуштат со празни раце, туку мора да им дадат дарови пред да си одат дома.

Continue Reading

Македонија

МВР откри детали: Преземени дисциплински мерки за полициски службеници кои го пуштиле Груби да излезе од Македонија

Published

on

Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесен е предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина против Б.Ј. и Б.А..

Во врска со преминувањето на државната граница на Граничниот премин „Долно Блаце“ од страна на А.Г. иако имал активна мерка на стоп листа „задржи и веднаш извести“, на 15.12.2024 Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди постапи и по извршени проверки, извршен увид во службените материјали и по извршена анализа од обезбедени снимки од безбедносните камери од ПС за ГП „Долно Блаце“, Одделот утврди дека полицискиот службеник Б.Ј. со своето несовесно работење не извршил адекватни проверки за патничко моторно возило „мерцедес“ при премин на државната граница на излез од РМ, не го евидентирал за остварување на излез од РМ и патниците од предметното возило А.П. со дипломатска патна исправа како возач и А.Г. со македонска патна исправа како совозач во возилото ги завел дека пешки ја поминале границата, односно со пропуштање на должниот надзор извршил гранична проверка во системот СКПВ за лицето А.Г. и при тоа не почекал системот да утврди дали предметното лице има активна мерка „задржи и веднаш извести“ туку веднаш на лицата им ги дал патните исправи, по што тие го напуштиле граничниот премин.

Со наведените дејствија, Б.Ј. постапил спротивно на чл. 12 т.1, чл. 13 с.1 т.8 од Законот за гранична контрола, со што сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина. Во врска со настанот, од страна на Одделот за внатрешна контрола до ОЈО за ГОКК – Специјализирано оддление за гонење на кривични дела сторени од страна на полициски службеници и затворска полиција доставено е известување заради запознавање на јавниот обвинител.

Исто така, од страна на ОВККИПС беше утврдено дека од страна на раководителот на смена Б.А. било сторено потешко кршење на работниот ред и дисциплина бидејќи истиот како раководител на смена имал обврска навремено да ги задолжува и раздолжува полициските службеници на смена со Мобилен систем за снимање со камери и тоа уредно да го евидентира во Евиденцијата за задолжување и техничка исправност на МССК. Истиот откако ги задолжил сите полициски службеници со МССК и истото го завел во евиденцијата, во 07:30 часот, од страна на полициски службеници Б.Ј., С.Ф., Б.А., Ф.Ф. и Е.Ш., било пријавено дека МССК не им работат бидејќи им се испразниле батериите.

Од страна на раководителот на смена Б.А. истите полициски службеници не биле задолжени со други МССК, бидејќи батериите не можеле да се наполнат. Од извршениот увид во горенаведената евиденција од страна на ОВККИПС исто така беше утврдено дека од страна на раководителот на смена Б.А. откако МССК биле вратени, истите не биле заведени во графите како раздолжени во самата евиденција, а воедно и не ја пополнил графата за забелешка каде што требало да го нотира настанатиот проблем со МССК.

Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесен е предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина против Б.Ј. и Б.А..

Против полицискиот службеник Б.Ј. Одделот изрече задолжителна мерка отстранување од работно место-суспензија до завршување на дисциплинската постапка.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк