Connect with us

Инфо +

Џамбаски до Македонците: СО МАЛКУ ЌОТЕК, ЌЕ СТАНЕТЕ ДОБРИ БУГАРИ!

Published

on

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски од ВМРО на вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов се надмина себеси во видеоконференцијата на неговиот Фејсбук-профил на тема „Геополитика и транспортни коридори на Балканот“.

„Се обраќам кон сите наши неосознаени браќа во Македонија и кон тие што се со измиени мозоци, просрпски настроените и кон тие што мислат дека се потомци на Александар Македонски. Не сте. Александар Македонски е Грк.

Сите вие имате бугарско потекло. Но, не берете гајле. Бидете спокојни, сè ќе биде в ред. Ние не сме непријатели. Знаеме дека дел од вас се плашат, знаеме дека дел од вас се српски слуги, но сè ќе си дојде со време. Македонија ќе биде дел од Бугарија, ќе биде дел од Европската унија.

Македонија е бугарска, вие го знаете тоа. Вие го знаете јазикот на кој зборувам и знаете дека тоа е истиот јазик. Ниту грчкиот е истиот, ниту српскиот, тоа добро го знаете, а добро знаете и дека албанскиот исто така не е истиот.

Добро знаете дека Албанците ви дишат во вратот. Така што, браќа, успокојте се, размислете внимателно. Вие сте добри Бугари, но сè уште не сте осознаени. Треба да помине малку време. Немајте гајле. Со кроце, со малце, со слатко и со малце ќотек. Малце. Но, сè ќе си дојде на место. Не плашете се, не се напрегајте, добро знаете дека сте Бугари по потекло“, вели Џамбаски во последните четири минути од видеото:

Македонија

Во министерството на Груби имало многу криминал и аздис, 20-тина илјади евра платени на две ќебапчилници

Published

on

-На прашањето дали наследувајќи го Артан Груби во Министерството за односи меѓу заедниците, (кое претходно беше фузирано она за Политички систем) со дел од просториите кои ги наследи, голчињата и кошот на поранешниот министер и вицепремиер, сегашниот прв човек на ова министерството Иван Стоилковиќ, во „Наткаст“ со Љупчо Цветановски вели дека „на заминување“ е направена вистинска чистка и не е оставено ништо, дури ни филџани и чаши.

-За жал, ни голче, ни кош, ни фудбал, ни баскет, ни филџани, ни чаши, ни кафе, ни апарати за кафе, ни вода, ништо нема, дури ни телефони нема во министерството, чисто да знаат луѓето. Јас како министер немам земска/фиксна линија во кабинетот, затоа што сето тоа кога дојдовме беше растурено. Имало некакви камери поставено во кабинетот, па и тие биле извадени. Попис на инвентар никогаш не е извршен во министерството. Ќе има уште многу кривични пријави. Јас не знам која институција во државата ги прифаќала завршните сметки, бидејќи секогаш кога ја поднесувате мора да поднесете и пописна листа. Ние за првпат правиме попис на финансиски средства и на инвентар. Побаравме ад-хок ревизија и резултатите се толку фрапантни и грозни што ќе мора да одиме на затворена седница на Влада за информацијата за извештајот на ад-хок финансиската ревизија во Министерството за односи меѓу заедниците. Дефинитивно, Министерството било приватна фирма и ревизијата тоа го покажува, вели тој.

Можеби немало попис и ревизија, ги нема и голчињата и кошот, но затоа пак има фрапантни сметки од 20-на илјади евра за две ќебапчилници и неверојатни, секојдневни и огромни сметки за кафани и кафулиња, открива министерот Стоилковиќ.

-Просто да не верувате дека такви нешта може да има. Јас овие месеци немам платено ни една сметка на сметка на министерството, се си плаќам сам. Кафански сметки да ми плаќа министерството, тоа е глупава работа. Тоа порано било „добар ден“. Порано, битно е што секој Божји ден биле правени сметки од по 20, 30, по 40 илјади денари, секојдневно биле правени – ајде да е на десет дена, двапати во месецот ли, ако имате гости на пример, но вистинскиот проблем е кога тоа е секојдневно, а овде било така, потенцира Стоилковиќ.

Министерот во „Наткаст“ обзнани и дека 95 насто од вработените во министерството се Албанци, но потенцира дека работата е што тоа се Албанци од ДУИ, нешто што е проверено и докажано – институцијата се користела како партиско биро за вработување. Во меѓувреме, разрешени се и многу случаи со „вработени“ кои не ни доаѓале на работа, а десетина од нив си живееле и работеле во странство, притоа земајќи редовна плата од министерството на Артан Груби. Се очекува обелоденувањето на извештајот на ад-хок финнсиската ревизија за да се прикаже сиот криминал, аздис и незаконско работење во минатите години.

Continue Reading

Македонија

Притвор за две лица за изнуда и палење автомобил во Штип

Published

on

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на кривични дела  – Изнуда од член 258 став 1 и Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените, во последните неколку дена од старата година, испратиле повеќе заканувачки пораки кон трето лице, изнудувајќи му парични средства.

Соочен со сериозни закани кон  сопствениот и животите на членовите на своето семејство, оштетениот ги пријавил осомничените, по што на 4 јануари била организирана средба за да им предаде 30.000 денари. Полициски службеници ги затекнале при обидот да ги преземат паричните средства и ги уапсиле.

Во текот на претходната постапка, Основното јавно обвинителство Штип обезбеди докази кои даваат основано сомнение дека истите лица на 16 декември, пред зграда на улицата “Сремски фронт” во Штип намерно запалиле паркиран автомобил “Сеат леон” сопственост на една оштетена.  На тој начин со умисла предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување мерка притвор за осомничените, поради опасноста од бегство, можноста да влијаат врз сведоците или да ги повторат делата. Судот го прифати предлогот и им определи притвор во траење од 30 дена.

Continue Reading

Македонија

ГЕРМАНИЈА И ФРАНЦИЈА ДО ТРАМП: Границите не смеат да се поместуваат со сила

Published

on

Германија и Франција го предупредија aмериканскиот претседател Доналд Трамп да не се заканува на Гренланд, откако тој изјави дека не ја исклучува можноста за употреба на воена сила за преземање на автономната територија на Данска.

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека „принципот на неповредливост на границите важи за секоја земја… без разлика дали е мала или моќна“.

„Границите не смеат да се поместуваат со сила. Овој принцип важи за секоја земја, без разлика дали е на исток или на запад. Во разговорите со нашите европски партнери, постои нелагодност во врска со неодамнешните изјави од САД. Јасно е: Мораме да застанеме заедно“, вели германскиот канцелар Олаф Шолц. 

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро рече дека „очигледно не станува збор за тоа дека Европската унија им дозволува на другите нации да ги напаѓаат нејзините суверени граници“.

Во вторникот, Трамп ја повтори својата желба да го купи Гренланд, велејќи дека арктичкиот остров е „критичен“ за националната и економската безбедност на САД.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк