Connect with us

Инфо +

Шахпаска: Со 64 години пензионирање и 15 години пензиски стаж за сите граѓани

Published

on

„Сите четири закони претставуваат дел од закони кои предвидува пензионирање со 64 години и 15 години пензиски стаж. Тоа е основниот услов за одење во пензија.

Не за жени со 62, туку за сите е 64 години. Овие четири закон ги предложија пратениците, но се кординиараа со нас“, рече министерката.

Министерката истакна дека се поднесени 480 амандмани и најголем дел од нив се однесуваат на моментот од кога ќе почне имплементацијата на законското решение. Таа исто така истакна дека се работи на законското решение, недела да биде неработен ден.

„Ја направивме анализата иако ни беше даден краток рок за анализа и го разгледувавме на седницата на економско социјалниот совет, со писмен допис беше испратено како до Сојузот на стопанските комори, така и до претставниците на синдикатите, на сите засегнати страни.

Суштината е да се овозможи работниците да го користат правото на неделен одмор за да бидат со семејствата, но мора да има и исклучоци.“ – рече министерката.

Македонија

ДЕВЕТ БУКВИ ШТО МНОГУ МАКЕДОНЦИ ГИ „ЗАРАБОТИЛЕ“ ВО СТРАНСТВО: Еве го нивното значење

Published

on

Многу Македонци заминуваат да работат во странство, прекршувајќи некое од правилата и законите за работа во некоја од европските земји. Исто така голем број од нив „заработиле“ некоја буква од латиничната азбука во нивниот пасош, а притоа не знаат што точно означува таа буква.

Еве ги точните значења на деветте букви кои никој не сака да му ги запишат во пасошот.

А – лицето не поседува валиден документ

B – лицето има невалидна или фалсификувана патна исправа / пасош

C – лицето нема важечка виза или дозвола за престој

D – лицето има лажна, преправена или фалсификувана виза

Е – лицето не поседува документи со кои ќе ја докажи посетата

F – лице го надминало престојот од 3 месеци во последните 6 месеци

G – лицето нема доволно средства за егзистенција

H – на лицето му е забранет влез во Шенген зоната

I – лицето претставува закана за јавниот ред, здравјето и безбедноста на една или повеќе членки на Европската Унија.

Continue Reading

Македонија

Кој пее, кој плаќа? На 5 дена до Нова Година се спрема прослава, а музичари сè уште си ги чекаат ланските хонорари

Published

on

На пет дена до Нова Година, вчера Град Скопје објави дека ќе има прослава на плоштадот „Македонија“.

Но, што се случи со минатогодишната? Дел од оние кои ги забавуваа скопјани- останаа без пари.

Музичарите сè уште чекаат да ги добијат своите хонорари!

Пејачката Викторија Лоба, која е една од „извисените“, за КУРИР вели дека институциите треба да постапат и да го разрешат случајот. Најавува дека доколку го земе чесно заработениот хонорар, ќе го донира во хуманитарни цели.

-Од комората на музичка индустрија ме поканија да настапам со мојот бенд на 4 јануари 2024 година како и сите останати уметници за проектот „Празнична Приказна” на плоштад Македонија во организација на Град Скопје. 

Дел од уметниците се покриени од спонзори, но околу од 50 музичари не се исплатени, вклучувајки ме мене и мојот бенд.

Од Комората на музичка индустрија ни објаснија дека конкурирале на конкурс со овој проект и го добиле, со буџетот кој го поднеле, кој е исто така одобрен на комисија. За да подоцна од Град Скопје да тврдат дека немаат склучен договор. 

Јавно ги повикувам инстуциите да го разрешат целиот случај за да не постане пракса ваков однос, а со голема љубов и желба сме настапиле.

Очекувам институциите во вакви случаеви да не заштитат.

Се надевам правдата ќе биде задоволена, а Ви најавувам дека мојот хонорар ќе биде дониран во хуманитарни цели, вели Лоба за КУРИР.

Од Градот пак пред неколку дена посочија дека немаат склучено договор за ангажирање на музичари за прославата на 2024 година и дека обврската за организација ја презела Комората за музичка индустрија. Според нив, Комората учествувала на јавен повик, на кој се обврзала дека настанот ќе биде финансиран од повеќе извори.

На музичарите им порачаа да ги бараат средствата директно од Комората. Дополнително, најавија поднесување тужба против одговорното лице во Комората, со цел утврдување на одговорност и проверка на начинот на финансирање на активностите преку надлежните институции, како и спречување на можни злоупотреби во иднина.

Од Комората, пак, исто така најавија правна постапка за неплатените хонорари, нагласувајќи дека ќе бараат исплата на средствата преку суд.

Continue Reading

Македонија

Здравствените работници со препораки пред празниците: Умерено со алкохолот, воздржување од пиротехнички средства

Published

on

Умерено со алкохолот, редовна терапија за хроничните болни, воздржување од разни пиротехнички средства и оружје, препорачуваат здравствените работници, во изјава за МИА, пред новогодишните и божикните празници

– Редовно земање на терапија кај хроничните болни, умерено користење на алкохолни пијалаци за да се избегнат несаканите последици – алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, велат од ЈЗУ Здравствен дом – Скопје. 

Посебно се апелира до младата и малолетна популација да не консумира алкохолни пијалаци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот, воздржување од користење разни пиротехнички средства и огнострелно оружје за да се избегнат несакани повреди, изгореници и други потешки последици.

Службата на итната медицинска помош со домашно лекување во состав на ЈЗУ Здравствен дом на Скопје, ги известува сите граѓани дека за време на новогодишните празници ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа.

На новогодишната ноќ (31.12.2024), достапни ќе бидат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници, во поликлиниките – Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар.

Исто така, со секојдневното работно време, ќе функционира и единицата за домашна посета.

– Се надеваме на беспрекорно почитување и придржување кон дадените препораки, како би можеле новогодишните празници да ги дочекаме  во весело и пријатно расположение за сите, подвлекоа од Здравствен дом – Скопје, апелирајќи, да се повика Итна медицинска помош, кога е најпотребно, честитајќи ги празниците.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк