Connect with us

Инфо +

Грција воведува сертификат за вакцинирани, слично како ковид пасош

Published

on

Грчкиот премиер најави почеток на издавање на дигитални сертификати за вакцинација.

Киријакос Мицотакис потсети дека тој веќе го покренал прашањето за единствен сертификат за европски стандард за вакцинација во ЕУ.

Грчките граѓани кои биле вакцинирани против коронавирусот, од денес можат да добијат дигитален сертификат, рече Мицотакис.

„Ова е мерка на претпазливост, бидејќи само на овој начин може да се потврди законската вакцинација “.

Грчкиот премиер потсети дека веќе го покренал прашањето за унифициран сертификат за вакцинација во Европската унија. „Досега, приемот [на оваа идеја] беше топол“, вели Мицотакис.

Македонија

Пожар во куќа во Скопје

Published

on

Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

На 06.01.2025 во 20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба настанал пожар во куќа, при што била опожарена соба и дел од кровот.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема.

Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

Continue Reading

Скопје

Жени се тепале пред продавница во Скопје

Published

on

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11:40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Македонија

АПСЕЊЕ ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ ВО ТЕТОВО

Published

on

Странските државјанки биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

Девет странски државјанки биле приведени при контрола на угостителски објект на регионалниот пат Тетово – Желино, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта, биле приведени девет странски државјанки, од 21 до 38-годишна возраст, од Франција, Србија, Украина, Колумбија и од Бразил, се појаснува во соопштението на МВР.

Странските државјанки биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк