Connect with us

Инфо +

ОЈО бара заканувачите со „убивање и глави во киселина“ од автобусот да одговараат за насилство

Published

on

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица, жители на скопски села, двајцата на возраст од 31 година, кои како соизвршители го сториле кривичното дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите на 5 ноември 2020 година, околу 17:30 часот, во автобус на ЈСП Скопје кој сообраќал на линијата бр. 7 во Скопје, грубо ги навредиле и ја загрозиле сигурноста на оштетениот возач и на патниците во автобусот. Обвинетите влегле во автобусот кај автобуската станица Рекорд без да носат заштитни маски, на што реагирале патниците предупредувајќи ги да носат заштита опрема. Тогаш обвинетите започнале грубо да ги навредуваат патниците и да ја загрозуваат нивната сигурност, велејќи им дека ќе ги убијат и ќе ги стават во киселина.

Потоа му се обратиле и на возачот на автобусот со барање да запре и да ја отвори вратата за да излезат пред да стаса на следната автобуска постојка. Возачот не ја отворил вратата, по што обвинетите продолжиле со грубо навредување и загрозување на неговата сигурност, му се обраќале со висок тон и удирале по внатрешноста на возилото.

Со тие дејствија обвинетите предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај оштетениот возач и патниците на автобусот.

Македонија

Здравствените работници со препораки пред празниците: Умерено со алкохолот, воздржување од пиротехнички средства

Published

on

Умерено со алкохолот, редовна терапија за хроничните болни, воздржување од разни пиротехнички средства и оружје, препорачуваат здравствените работници, во изјава за МИА, пред новогодишните и божикните празници

– Редовно земање на терапија кај хроничните болни, умерено користење на алкохолни пијалаци за да се избегнат несаканите последици – алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, велат од ЈЗУ Здравствен дом – Скопје. 

Посебно се апелира до младата и малолетна популација да не консумира алкохолни пијалаци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот, воздржување од користење разни пиротехнички средства и огнострелно оружје за да се избегнат несакани повреди, изгореници и други потешки последици.

Службата на итната медицинска помош со домашно лекување во состав на ЈЗУ Здравствен дом на Скопје, ги известува сите граѓани дека за време на новогодишните празници ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа.

На новогодишната ноќ (31.12.2024), достапни ќе бидат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници, во поликлиниките – Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар.

Исто така, со секојдневното работно време, ќе функционира и единицата за домашна посета.

– Се надеваме на беспрекорно почитување и придржување кон дадените препораки, како би можеле новогодишните празници да ги дочекаме  во весело и пријатно расположение за сите, подвлекоа од Здравствен дом – Скопје, апелирајќи, да се повика Итна медицинска помош, кога е најпотребно, честитајќи ги празниците.

Continue Reading

Европа

КОНЕЧНО ОТКРИЕНИ ПЛАТИТЕ НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ: Еве каде заработуваат како кралеви, а каде едвај преживуваат

Published

on

Полицијата игра клучна улога во одржувањето на јавниот ред и безбедноста на граѓаните. За поддршка на овие основни услуги, европските влади одвојуваат значителни средства секоја година.

Во текот на 2022 година, јавните трошоци за ред и закон во Европската унија достигнаа 1,7 отсто од БДП.

Но, колку се платени полицајците за нивната важна работа? Како се разликуваат нивните плати низ Европа? Врз основа на проценките од калкулаторот за плати на Евростат, официјалната канцеларија за статистика на ЕУ, Euronews Next детално ги разгледува платите на полицајците во ЕУ и ОК.

Плати во полиција: Од Бугарија до Данска

Во 2023 година, месечните бруто плати на полицајците варираат од 699 евра во Бугарија до 5.761 евро во Данска. Овие бројки се однесуваат на 35-годишен полицаец со повеќе од 10 години искуство, пониско високо образование и 36-часовна работна недела.

Освен во Данска, платите на полицајците надминаа 4.000 евра и во Германија, Луксембург и Белгија. Во Холандија тие изнесувале 3.881 евра, додека во Ирска биле 3.576 евра.

Во Франција полицаец со исти квалификации заработил 3.395 евра, додека во Италија таа бројка е 2.537 евра. Меѓу четирите најголеми економии на ЕУ, Шпанија имала најниска плата на полицајци – 2.271 евро.

Најниски и највисоки плати во ЕУ

Полициските службеници во пет земји од ЕУ заработиле помалку од 1.250 евра. Во Унгарија, Полска, Романија и Хрватска платите беа нешто над 1.050 евра, додека во Бугарија беа најниски – само 699 евра.

Во Луксембург, жените во полициските сили заработуваат повеќе од мажите, што е единствен случај во ЕУ.

Плати на инспектор и детектив

Платите на инспекторите и детективите се значително повисоки од оние на обичните полицајци, но највисоко и најниско платените земји остануваат исти. Во Данска инспекторите месечно заработувале 6.351 евро, додека во Бугарија сумата е 1.316 евра.

Паритет на куповна моќ (ППП) ги намалува разликите

Прилагодувањето на платите според стандардите за куповна моќ (ППС) ги намалува номиналните разлики. Сепак, значителни разлики сè уште постојат. Платите за полицајците во единиците на ППС се движеа од 1.158 во Бугарија до 4.397 во Данска.

Според британските национални извори, годишните плати за полицајците во Велика Британија се движат од 29.000 до 46.000 фунти, што изнесува помеѓу 2.945 и 4.657 евра месечно.

Во Метрополитен полиција, почетната плата е 38.269 фунти (46.479 евра), а по седум години може да достигне 56.593 фунти (68.734 евра), што е приближно 5.728 евра месечно.

Европската унија во 2022 година имала просечно 341 полицаец на 100.000 жители, со најмал број во Финска (137), а највисок во Кипар (550), пишува Euronews Business.Бизпортал.рс

Continue Reading

Свет

ОВА СЕ ИГОР И АЛЕКСАНДАР ЗА КОИ ЗБОРУВА ЦЕЛИОТ СВЕТ: Пилотот и копилотот изведоа невиден маневар пред да се урне авионот и спасија 32 животи

Published

on

Авион на АЗАЛ од Азербејџан кој се урна вчераутро во казахстанскиот град Актау, при што загинаа 39 патници и членови на екипажот.

Азербејџан и Казахстан се во шок по големата трагедија која се случи во средата утрото. Во несреќата животот го изгубија 39 лица вклучувајќи ги и членовите на екипажот.

Сепак, 32 лица успеаа да се спасат, што според тамошните медиуми се должи на велкодушниот маневар на пилотот и копилотот. 

За нивните втори животи може да им се заблагодарат на пилотот Игор Кшњакин, копилотот Александар Каљанинов и Хокума Алиева кои се меѓу 39-те животи кои се загубија во овој катастрофален инцидент во Казахстан.

Како што пренесуваат медиумите, Игор и Алаксандар кога сватиле дека им нема спас, и дека авионот сигурно ќе слета, направиле подвиг благодарение на која преживеале патниците во задниот дел од авионот. Имено тие го извртеле авинот да падне бочно и во предниот дел, со што знаеле и самите дека нема да преживеат. 

Авиокомпанијата по загубата и трагедијата која се случи со посебна посветна на екипажот кој загина во авионската несреќа. 

– Тројцата членови на екипажот седеле во предниот дел на авионот.

Се вели дека членовите на кабинскиот екипаж Зулфугар Асадов и Рахимли Ајдан се меѓу 29-те преживеани, бидејќи седеле во задниот дел од авионот – единствениот дел што останал главно недопрен по ударот.

Додека Азербејџан ерлајнс го потврди списокот на екипажот, детали за жртвите и преживеаните беа споделени од неофицијални извори во авиокомпанијата. Сè уште не е обезбедена официјална потврда за смртта на членовите на екипажот – се наведува во објавата. 

Извор: Република.рс

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк