Connect with us

Анализа

Просечната плата 27.588 денари, за просечна сиромаштија ?

Published

on

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2020 година, изнесувала 27 588 денари.
Додека пак просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2020 година, изнесувала 41 141 денар.

Според ДЗС индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, изнесува 107.0.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11.2 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (11.2 %) и Образование (9.5 %). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.1 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (3.6 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна  (3.4 %), стои во соопштението од ДЗС денеска.

Иако просечната плата според ДЗС стигна во нето износ 27.588 денари, а во бруто износ од 41.141 денар по вработен, сеуште нема податок колку изнесувала стапката на сиромаштија во земјава за 2020 година, која во 2019 година беше 21,6%. Односно 455.600 лица во Македонија според последните податоци живеат на прагот на сиромаштијата.

Анализа

Препораките не се залудно кажани: Што ако гумите ви се премногу напумпани?

Published

on

Производителите на автомобили јасно дефинираа колку треба да бидат напумпани гумите на одредени модели.

Големите отстапувања не се добри – само кај некои модели производителите наведуваат колку притисокот мора да се зголеми во случај на возење со полн автомобил, со сите зафатени седишта и багаж.

Гумите со низок притисок се прегреваат и може да го намалат нивниот животен век до 20%.

Така, наместо да издржите околу 40.000 километри, овие гуми ќе треба да ги замените по 32.000 километри, за да дадете таков пример.

Ова не е единствената опасна можност – со прекумерен притисок се зголемува ризикот од пукање на гумата.

Кај пренапумпани гуми, шарата станува поцврста од вообичаено, а површината на контактот на гумата на патот е намалена, што предизвикува нејзино побрзо абење.

Ова е уште една промена која може да го намали триењето и перформансите, па затоа мора секогаш да внимавате на одржување на притисокот во гумите во пропишаните граници.

Continue Reading

Анализа

“BMW M2” од кое тешко се бега

Published

on

Тјунерот “AC Schnitzer” ја поддржа кампањата на германското Министерство за транспорт и германската полиција наречена “TUNE IT! SAFE!” и создаде модифициран “BMW M2”. Целта на кампањата е да се промовираат можностите за тјунинг автомобили на начин кој ги исполнува прописите.

“М2” е обоен во сребрена, сина и жолта боја, а има и налепници „Polizei“. Автомобилот е опремен со сет од 20-инчни AC4 ковани бандажи со двојни краци, како и аеродинамичен пакет кој се состои од шест компоненти. Позади има карбонски спојлер за да му даде на “M2” поголем “downforce”.

Приспособливата RS суспензија го спушта автомобилот за 35 mm, додека твин-турбо моторот има нова обвивка со црвени детали и зголемена моќност. “AC Schnitzer” ја зголеми моќноста на 560 коњски сили и 674 Nm вртежен момент. Звукот на автомобилот е подобрен благодарение на новите карбонски издувни цевки.

Промените во внатрешноста се ограничени на алуминиумскиот потпирач за нозе, држачот за клучеви, воланот “iDrive” и педалите, пишува “Klix.ba”.

https://youtu.be/eFs3c6ovJak?si=PuXOU_B1tRWvIr2v

Continue Reading

Анализа

Кои производи најмногу ќе поскапат и ќе влијаат на инфлацијата?

Published

on

Храната и натаму ќе поскапува. Лебот, брашното, маслото за јадење, кондиторските производи ќе бидат први на удар, објави Сител. Растот на цената на електричната енергија и на горивата, ќе ја подгреат инфлацијата. Државата мора да најде начин да интервенира и да го заштити и онака кревкиот стандард на граѓаните, бараат синдикатите.

Од Синдикатот велат – ако сега потрошувачката кошница за едно 4 члено семејство тешко дека се задоволува, со зголемување на цената на основните производи, стандардот уште повеќе ќе им се намали. Барат зголемување на платите на сите работници, иако сметаат дека покачување на цените, на производите, до сега не е оправдано.

Состојбата се следи, но за сега не смееме да интервенираме, затоа што сме во избори, велат од Владата. Додаваат дека за сега се е под контрола и нема потреба од загриженoст.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк