Вакцинацијата не е само дојди и купи ги вакцините и толку, туку потребен е план и регистрација, рече српската премиерка Ана Брнабиќ во нејзиното гостување за ТВ Хепи утрово во однос на вакцините кои Македонија треба да ги набави од Србија.
– Имаме договор, разговараа премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ. Вучиќ реши да им помогне со 8.000 вакцини. Ние помагаме да се регистрираат вакцините „Фајзер“ во Северна Македонија. Ние работиме со нив. Проблемот може да биде во тоа што тие добиле вакцини „Фајзер“, но не се регистрирани. Поентата не е само да се дојде и да се купи вакцината, има многу повеќе работи зад завесата. Регистрација од соодветната агенција, план за вакцинација.
Ние сме една од ретките земји кои имаат адекватен информативен систем. Нашите граѓани знаат како да се пријават за вакцината, сè е транспарентно. Слушнав приказни од луѓе од други земји каде велат дека немаат идеја како да се пријават, кои им се приоритетни групи, вели Брнабиќ.
Соединетите држави добија известување од Русија непосредно пред лансирањето на хиперсоничната ракета „Орешник“, потврди на брифингот за новинарите во четвртокот заменик-портпаролката на американското Министерство за одбрана Сабрина Синг.
„САД беа известени непосредно пред лансирањето преку каналот за намалување на нуклеарната опасност“, рече таа.
Претходно, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков за ТАСС изјави дека Русија автоматски ги предупредила Соединетите држави 30 минути однапред за лансирање на хиперсонична ракета „Орешник“ преку Рускиот национален центар за намалување на нуклеарната опасност.
Во средата САД привремено ја затвораат својата амбасада во Киев откако добија, како што велат, „конкретни информации за потенцијален значаен воздушен напад на 20-ти ноември“.
„Од изобилство на претпазливост, Амбасадата ќе биде затворена, а вработените во Амбасадата добиваат инструкции да се засолнат на место“, се вели во објавата на Х. Таа одлука беше донесена откако ден пртходно Украина изведе удар подлабоко на територијата на Русија со шест ракети со долг дострел ATACMS, испорачани од САД.
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот во ненајавен обраќање потврди дека Русија лансирала хиперсонична балистичка ракета со среден дострел врз украински воен објект и го предупреди Западот дека Москва може да ги нападне воените постројки на која и да е земја чие оружје е употребено против Русија.
Путин рече дека Западот го ескалира конфликтот во Украина дозволувајќи му на Киев да истрела ракети со долг дострел кон Русија што е невозможно без воен персонал и сателитско наведување од земјте од НАТО, како и претворајќи го конфликтот во глобален.
Русија изврши тестови на хиперсоничниот ракетен систем „Орешник“ (Лешник) како одговор на агресивните дејствија на членките на НАТО против Русија, рече Путин.
„Како одговор на употребата на американско и британско оружје со долг дострел, на 21 ноември оваа година руските вооружени сили извршија комбиниран напад врз објект на воено-индустрискиот комплекс на Украина. Еден од најновите руски ракетни системи со среден дострел, меѓу другото, беше тестиран и во борбени услови. Во овој случај, тоа беше балистичка ракета во ненуклеарна хиперсонична опрема“, рече рускиот претседател.
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија ќе треба да плати 450 милиони долари како резултат на арбитража поради изгубена добивка. Премиерот не прецизираше за кој спор се работи.
„Еве ќе ви дадам еден пример, да речеме завршува една арбитража и поради едно такво неодговорно однесување на претходната влада сега вие граѓаните ќе треба да платите 450 милиони долари изгубена добивка“, изјави Мицкоски.
Вечерва, во рамките на прославата 90 години постоење на Завод и музеј Битола на свечен начин и со мал перформанс беше отворен Mузејот на христијанското и исламското наследство кој се наоѓа во Јени џамија, кај саат кулата, во Битола која битолчани ја знаат и како уметничка џамија, а тоа е објект со длабоки темели на црквата “Св. Ѓорги“ и високо издигната Јени џамија.Ова е прв ваков објект во државата, на кој на иста локација се наоѓаат Јени џамија, а под неа откриените темели на црквата “Св. Ѓорѓи“. Внатре е поставен стаклен под, под кого се гледаат темелите, а сето тоа да биде налик на Света Софија од Истанбул и да ги обединува христијанското и исламското културно наследство.Пред голем број на битолчани и гости Mузејот на христијанското и исламското наследство симболично го отворија директорот на Завод и музеј Битола – Зоран Николовски и Оливера Трајковска – директор на комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, а претходно директорката во своето обраќање рече:-Битола не напразно е познат како градот на конзулите, и со право го носи тоа име бидејќи Битола изобилува со голем број на културни споменици кои што како неми сведоци стојат исправени на секој кош низ градот и ни зборуваат. Ви зборуваат за историјата, за културата, за се она што низ векови овде поминувало и се создавало. Ви зборуваат за соживотот помеѓу муслиманите и христијаните, ви зборуваат за секоја една молитва. Овој Mузејот на христијанското и исламското наследство всушност е спој на она што сите ние треба да го направиме во секојдневниот живот, да се споиме во едно, преку љубовта, преку молитвата, преку соживотот, затоа што тоа било неговувано низ вековите. И тоа го пишува во ферменот на Мухамед, немој да ги гоните христијаните. А тоа е исто и кај христијаните кон муслиманите. Овие културни споменици од ваков вид ќе ни прозборат гласно, колку ние треда да го негуваме нашиот соживот. На ова место историјата изобразила и џамија и црква, а тоа не е случајно.-Јени џамија и црквата “Св. Ѓорги“ од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство. Сите ние како луѓе сме верници без оглед на тоа на кој јазик го молиме Бога, без оглед на тоа со кој збор го ословуваме Бог, дали како Алах или како Господ Исус Христос…всушност сите ние веруваме и како верници треба да бидеме љубов. Под напливот на глобалистичките трендови со кои што некој се обидува да не раздели и да посее семе на омраза, ние треба да застанеме и да кажеме не, ширејќи љубов, посочи Трајковска.При влегувањето на поканетите во Mузејот на христијанското и исламското наследство уживаа во мал преформанс изведе м-р Маја Митровска која исполни стара турска песна “Манастирин Ортасинда“ што во превод значи “На сред Битола“ и Псалм 135.Директорот на Завод и музеј, Зоран Николовски кој ефектно го најави своето обраќање рече:-Уверен сум, а ќе се обидам и да ве уверам дека не постои разлика помеѓу Господ и човекот. Само Господ може тоа што ќе го замисли и да го направи. Човекот има една таа особина тоа што редовно и секогаш многу подобро да го замисли, отколку тоа што ќе го направи. Ако е тоа така, а сум сигурен дека е така, тогаш можеме да претпоставиме како овие мајстори на архитектурата, како овие мајстори на сликарството, како ова го замислиле, за да ние можеме да се восхитуваме оваа вечер. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на нашата битолска оперска дива Маја Митревска, кој со својот волшебен глас исполи две прекрасни мелодии. Исто така сакам да им се заблагодарам на сите вработени во Завод и музеј Битола, кои во изминатите дваесетина денови со над човечки напори дење и ноќе се обидоа и успеаја ова да го направат. -Првите археолошки ископување во Јени џамија почнаа во 2003 година под раководство на археологот Томе Јанакиевски, а подоцна и со други стручни лица кои работеа долги години и успеаја целосно да го реставрираат првиот дел од џамијата или тремот. Археолошкиот објект во иднина ќе биде Музеј и целосно отворен за јавноста и посетителите ќе се запознаат со историјатот кој датира од 7 до 11 век, истакна Николовски.Според градоначалникот Тони Коњановски, новиот Музеј на христијанското и исламското културно наследство, ја потврдува историјата и значењето на Битола.-На овие балкански и европски простори Битола е еден светилник, раскрсница на христијанството и исламот, но и на разни премрежија кои градот ги минал низ вековите. Битола доби објект кој значи нова туристичка понуда со историска вредност, посочи Коњановски.Претходно пред десетина години беше реставрирана и конзервирана фасадата од Јени џамија, еден од најрепрезентативните историски споменици од отоманската архитектура во Битола, останат од 16 век и беше вратен стариот лик на џамијата како пред пет века со оловен лим за куполите од Турција и варов малтер од Италија.
По конзервацијата и реставрацијата на фасадата кај Јени џамија, се додаде и монтажна настрешница над ископаните темели од црква веднаш до ѕидот на џамијата.Јени џамија крие темели на три цркви кои датираат од 7, 11 и 13 век, а се смета дека едната од нив е некогаш најголемата црква во центарот на Битола, „Св. Ѓорѓи“, а беа пронајдени два печата, еден сребрен со ликот на Свети Ѓорѓи и друг со ликот на Богородица во молитва. За највреден пронајдок се смета пекторалниот медалјон врз кого се изгравирани позлатени фигури на светци.Се претпоставува дека црквата „Св. Ѓорѓи“ била епископија во времето на 11 век, во периодот кога тука живеел Гаврило Радомир, синот на Цар Самоил. Старите битолчани џамијата ја нарекуваат и Нал-џамиси или Потковица џамија, а според преданијата токму црквата „Свети Ѓорѓи“ во центарот на Битола била украсена со исцртана потковицата.Пронајдени беа остатоци од христијанскиот храм и при реконструкцијата на шадрванот пред Јени џамија во центрот на Битола.