Connect with us

Инфо +

Котеска ја парчоса Царовска: Членови на МАНУ на „баци рака“, паразити ја кочат Македонија 30 години

Published

on

Универзитетската професорка Јасна Котеска од Филолошкиот факултет при УКИМ, а во врска со новиот концепт за образование буквално ја парчосува министерката Мила Царовска во еден куп постови на Твитер мрежата, каде критикуваше се што се случува во образованието, како и денешната средба на Царовска во МАНУ.

Професорката Котеска инаку своевремено беше дел од подржувачите на премиерот Заев и министрите од СДСМ, но по последните случувања особено за образованието чиј ресор го води Царовска има голем број на критики, а извести пред неколку денови дека секторите на Филолошкиот факултет ќе бидат променети без ставката „македонски“ јазик и „македонска„ книжевност, чии тврдења сеуште немаат никаков одговор од факултетот, а демант имаше само од Царовска.

Македонија

Битола блеска: Хотелите полни, градот живее

Published

on

Со почетокот на „Зимска приказна“, манифестацијата која годинава привлече огромно внимание, Битола го доживува својот сјаен момент. Хотелите и сместувачките капацитети во градот се речиси целосно резервирани, што сведочи за успешната организација и влијанието на настанот врз локалната економија.

Хотелиерите задоволни од зголемената посетеност

Сопствениците на хотели и други сместувачки објекти изразуваат големо задоволство од приливот на гости. „Не се сеќаваме на ваква гужва за овој период од годината. Освен домашни туристи, имаме и значителен број гости од странство,“ изјави сопственик на хотел во центарот на Битола. Резервациите започнале уште пред неколку недели, а некои од посетителите престојуваат подолг период, уживајќи во настаните и зимската атмосфера што ја нуди градот.

Интересни приказни од првите посетители

„Зимска приказна“ донесе уникатна можност за многу луѓе да го запознаат шармот на Битола за првпат. Еден од гостите, турист од Грција, сподели: „Слушнав за оваа манифестација од пријател кој беше тука лани. Не можам да поверувам колку овој град има што да понуди – од културни настани до прекрасната храна.“

Локалните водичи истакнуваат дека меѓу туристите се издвојуваат семејства кои доаѓаат да ја доживеат магијата на Широк Сокак, кој оваа година блеска со новогодишно осветлување и празнична декорација.

Економски и културен успех

„Зимска приказна“ не само што ги исполни хотелите туку и даде дополнителен импулс на градскиот живот. Улиците се полни со луѓе, кафулињата и рестораните работат со зголемен капацитет, а локалните уметници добија можност да ги претстават своите дела пред поголема публика.

Со ваквиот успех, „Зимска приказна“ се докажува како клучен фактор за заживување на Битола, што ветува уште подобра иднина за туризмот во регионот.

Continue Reading

Македонија

КОЊАНОВСКИ: НАШЕТО ЗНАЕЊЕ ГО НАСОЧУВАМЕ КОН ПРОЕКТИ ЗА ПОУБАВА БИТОЛА

Published

on

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, на седница на Советот на општината, презентираше амбициозен план за капитални инвестиции во 2025 година. Со рекорден буџет од 2.760.088.393 денари, општината ја поставува основата за значителни инфраструктурни проекти, кои се во функција на подобрување на животниот стандард на граѓаните.

„Со поддршка на Владата, која обезбеди над 220 милиони денари, и со нашите сопствени средства, успеавме да креираме најголем буџет досега. Најголемиот дел од средствата ќе бидат насочени кон капитални проекти, вклучувајќи изградба на улици, водовод, канализација и други инфраструктурни зафати“, истакна Коњановски.

Главни инфраструктурни приоритети за 2025 година:

• Изградба на влезот во Битола од Прилеп.

• Реализација на проектот „Битола вело град“, со изградба на велосипедски патеки над 5 км.

• Отворање на новата детска градинка во АРМ и адаптација на објектот на Домот за доенчиња.

• Завршување на обновата на планинарскиот дом „Копанки“.

• Реконструкција на над 18 км патна инфраструктура, вклучувајќи улици во урбани и рурални делови на општината.

Дополнително, се работи на енергетска ефикасност, со поставување фотонапонски централи на 10 училишта и подготовка на нови проекти во соработка со УСАИД.

„Општина Битола стана лидер во транспарентност и отвореност во државата. Сите проекти се јавно достапни, а граѓаните имаат можност да ги следат напредоците преку нашата веб-страница“, додаде Коњановски.

Во текот на 2025 година, се очекува реализација на над 30 нови инфраструктурни проекти, вклучувајќи изградба на спортски игралишта, реконструкција на училишта, и поставување нова урбана опрема.

„Нашата цел е заеднички, преку соработка меѓу Советот и граѓаните, да ја направиме Битола уште поубаво место за живеење“, заклучи Коњановски.

Битола, повторно на врвот на развојните мапи!

Continue Reading

Скопје

Малолетници од Сарај се шетаат по градот со боксирачи и ножеви

Published

on

Синоќа во 20.40 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од село Сарај, скопско.

Кај нив биле пронајдени и одземени два ножа и еден боксирач.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк