Connect with us

Инфо +

По 6,000 денари помош ќе добијат уште 24 илјади граѓани

Откако банките не сакаа да попуштат и децидно ставија до знаење дека ќе им ги дадат шесте илјади денари на граѓаните кои не успеаја навреме да си ги земат само доколку пролонгирањето се стави во законска рамка, Владата сега носи закон со кој рокот за исплата на овие средства се продолжува до крајот на март, објави Фактор.

Првично тоа го одлучи на владина седница, а сега скроила и дополнување на првичниот Закон за финансиска поддршка, со кој наместо 25 декември лани, сега финалниот рок е 31 март оваа година.

Пари треба да им се дадат уште на околу 24 илјади граѓани, од кои 22 илјади се оние кои не успеаја да ги ажурираат податоците, а околу 2.000 корисници се оние на кои им беа уважени приговорите. Нив од државната каса вкупно ќе им бидат исплатени нешто над 2,3 милиони евра.

Како што е познато, овој закон се однесува на давање на финансиска поддршка од по 6.000 денари на неколку видови на ранливи категории, и тоа граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

Притоа, досегашното законско решение предвидуваше примената финансиска поддршка од 6.000 денари корисниците да ја искористат исклучиво за купување на македонски производи и услуги, во периодот од денот на приемот на парите на трансакциска сметка до 25 декември минатата година.

Од Владата со свое правдање зошто не успеаја да ја доделат државната помош во рокот што самите во законот си го зададоа.

–Имајќи предвид дека со овој закон е предвидено финансиска поддршка да добијат повеќе категории на лица кои согласно првичните проценки изнесуваа околу 254.500 граѓани, а роковите за доставување на листите на корисници на финансиска поддршка од соодветните институции беше исклучително краток, доцнеше изготвувањето, објавувањето и доставувањето на Конечната листа на корисници на финансиска поддршка до банките. Дополнително, треба да се земе предвид и фактот дека станува збор за мерка која се имплементира на сосема нов начин, односно без аплицирање од страна на граѓаните, а со координација на голем број на државни институции и банки, објаснуваат од Владата која е предлагач на законот.

Потоа, додаваат, доцнењето на изготвувањето на Конечната листа на корисници предизвикало и нејзино задоцнето објавување на веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk, како и нејзино задоцнето доставување до банките.

–Поради тоа, а имајќи предвид дека средствата можеа да се искористат најдоцна до 25.12.2020 година, околу 22.000 граѓани кои добија финансиска поддршка а кои не ги ажурираа своите податоци во банките, како и 2.132 граѓани на кои им се уважија приговорите, нема да можат да ја искористат оваа финансиска поддршка, доколку не се продолжи рокот за искористување на средствата, се вели во владиното образложение и се нагласува дека токму од тие причини, сега и со закон ќе биде предвидено тој рок да се продолжи до крајот на март оваа година.

Владата во самиот нов закон наведува дека за исплата на финансиската поддршка на граѓаните кои до 25 декември не ги добија парите, во Буџетот на земјава за оваа година се обезедени 144 милиони денари, или 2,34 милиони евра.

Инаку, откако на 25 декември лани не успеја да им исплати пари на сите категории, Владата побара толеранција од банките

–Владата очекува од банките да бидат толерантни во наредните денови кон граѓаните, се додека заврши исплатата, бидејќи станува збор за најранливите граѓани, кои што се најпогодени од кризата. Владата прави се за помошта од 27,5 милиони евра да стигне кон граѓаните, рече кон крајот на декември на пресконференција владиниот портпарол Душко Арсовски.

Но, на овој апел веднаш реагираа банкарите. Од нивната Македонска банкарска асоцијација рекоа дека за да продолжи исплатата, за тоа ќе мора да има законска покриеност. Односно, банките успеале да пуштат пари на околу 90 отсто од примателите на финансиска помош од 6.000 денари, а за да ги исплатат останатитите пари инсистираа на законски измени со кои ќе се поместат роковите во кои се дозволува исплата на помошта.

–Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека нашите членки – банките, како и досега, подготвени се со сите свои ресурси да излезат во пресрет на проектите од јавен интерес, а посебно на оние кои се наменети за социјално ранливи категории граѓани. Притоа, секогаш активностите мора да бидат во рамки на законските прописи. Во таа смисла, после истекот на законски дадените рокови, за да се реализира исплатата на сите граѓани на кои во претходниот законски рок не им беше исплатена финансиската поддршка, потребно е да се направат измени на Законот за финансиска поддршка со цел постоечките рокови, да се заменат со нови подолги рокови, стоеше во известувањето од МБА.

Оваа мерка беше дел од четвртиот сет од владините економски пакети.

Се уште не се знае дали ваква директна парична поддршка ќе има и во петтиот сет економски мерки, кои треба да им помогнат на граѓаните полесно да го преживеат ударот од ковид кризата во првиот квартал од оваа година.

Извор: Лидер

Advertisement

Балкан

Пијан возач фатен со 200 км/ч

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија денес околу 14 часот го запреа Д.В. (39) во Лозница, кој управуваше возило „суди“ со брзина од 200,8 километри на час на дел од патот Лозница – Шабац, каде што ограничувањето е 100 км/ч.

Со алкотестирање е утврдено дека возачот бил во тешка алкохолна интоксикација, со 1,41 промили алкохол во крвта.

Возачот веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во службените простории, а против него е поднесена прекршочна пријава за насилно возење и возење под дејство на алкохол.

Continue Reading

Свет

Американски разузнавачи: Путин сака целосна контрола над Украина и пошироки територии во Европа

Американските разузнавачки служби предупредија дека рускиот претседател Владимир Путин има намера да ја окупира целата Украина и да ја прошири контролата над делови од Европа што некогаш припаѓале на Советскиот Сојуз, и покрај тековните мировни преговори.

Украинската разузнавачка служба, предводена од генерал-потполковникот Кирило Буданов, исто така оцени дека Русија продолжува да има амбиции за проширување на територијата.

Според шест извори запознаени со податоците на американската разузнавачка служба, воените цели на Путин остануваат непроменети, што е спротивно на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп и неговите преговарачи дека Путин бара крај на конфликтот. Европските лидери, како и американските експерти, веруваат дека Путин има намера да контролира целата Украина и територии од поранешниот Советски Сојуз, вклучително и некои членки на НАТО.

„Разузнавањето отсекогаш велеше дека Путин сака повеќе“, изјави Мајк Кугли, демократски член на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом. „Европјаните се убедени во тоа. Полјаците се апсолутно убедени, а балтичките земји мислат дека се првите кои го знаеле тоа.“

Во моментов, Русија контролира околу 20% од украинската територија, вклучувајќи ги анектираните покраини Луганск, Донецк, Запорожје, Херсон и Крим. Трамп, како дел од предложениот мировен договор, врши притисок врз Киев да повлече дел од своите сили од мал дел од Донецк, што Зеленски и мнозинството Украинци категорично го отфрлаат.

Иако Белата куќа најавува „огромен напредок“ во мировните преговори, Путин на својата годишна прес-конференција не понуди компромиси и нагласи дека неговите услови мора да бидат исполнети. Според официјални податоци, руските сили напредувале за околу 6.000 квадратни километри оваа година.

Американски официјални лица, меѓу кои и државниот секретар Марко Рубио, признаваат дека е неизвесно дали Путин навистина сака мировен договор или неговата цел е целосна контрола над Украина.

Continue Reading

Свет

Зеленски: Ситуацијата на фронтот станува сè потешка

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека состојбата на фронтот е сериозна и дека бројот на руски сили се зголемува, што ја отежнува ситуацијата за украинските единици.

„Има се повеќе Руси, станува сè потешко. Пристигнав во Купјанск и ситуацијата беше навистина тешка. Линијата на фронтот беше многу блиску, но нашите вооружени сили го контролираат Купјанск“, изјави Зеленски за Полското радио. Купјанск е стратешка цел за руската армија.

Тој потенцираше дека руските трупи „вршат притисок“ и можат да уништат села или да продрат во одредени области. „Ќе направиме сè за да ги спасиме животите на нашите војници, бидејќи пред сè мора да ја зачуваме нашата вооружена сила. Ова не значи дека сме подготвени да се предадеме“, додаде Зеленски.

Претседателот посочи и проблеми со достапноста на одредени видови ракети, особено противвоздушни, поради различни причини, вклучително и доцнења во испораките. Тој истакна дека Украина се соочува и со тешкотии во снабдувањето со енергетски ресурси и системи за воздушна одбрана, но нагласи дека „ова не е обвинување против нашите партнери“.

Зеленски претходно, на 12 септември, ја посети линијата на фронтот во Купјанск, каде што им се заблагодари на украинските единици за нивната посветеност и резултати.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг