Connect with us

Инфо +

Ковачев:„Очекувам да се врати изучувањето на бугарскиот јазик во училиштата во Македонија“

Published

on

Честитајќи им го на Свети Сава на припадниците на српското малцинство, премиерот Зоран Заев најави враќање на српскиот јазик како изборен предмет во училиштата во Македонија.

„Одиме и чекор понатаму и ги враќаме наставните програми за изучување на српскиот јазик и култура за што се одобрени наставните програми од трето до шесто одделение, а во постапка на одобрување се наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение, за разлика од времето кога ВМРО-ДПМНЕ во 2007 година ја укина можноста српскиот јазик да се изучува како изборен предмет“, вели премиерот Заев

„Денес граѓаните на бугарската заедница го слават празникот Националниот ден на Бугарите во Република Северна Македонија, кој се слави на денот посветен на еден од најсветлите и најсветите луѓе во историјата на бугарскиот народ – Гоце Делчев. Со честитки до сите бугарски граѓани во нашата земја, ние се придружуваме на одбележувањето на празникот, што е дел од нашата традиција да ги почитуваме различните културни карактеристики во заедничкиот напор за градење просперитетна иднина за сите граѓани.

Ги охрабруваме традиционално добрите односи со Република Бугарија и во оваа насока во Општина Центар се завршени сите претходни постапки за изградба на бугарски културен центар. Одиме чекор понатаму и ги враќаме наставните програми за изучување на бугарскиот јазик и култура за кои веќе се одобрени наставните програми од трето до шесто одделение, додека наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение се во фаза на одобрување – за разлика од времето кога југословенската комунистичка партија на Тито ги укина во 1944 година. Ги отстрануваме од учебниците сите пасуси во кои Бугарите и Бугарија се прикажани како Татари-Монголи, окупатори, фашисти и непријатели на Македонците.

Ние го потврдуваме бугарскиот историски идентитет на сите преродбеници и револуционери кои се декларираа како Бугари и го нарекоа нивниот јазик – бугарски. Ние ги споделуваме нивните борби, жртви, достигнувања и наследство како дел од заедничката историја на бугарскиот и македонскиот јазик. Испраќам најтопли честитки по повод Националниот ден на Бугарите во Република Северна Македонија и нека бидат вечни името и славата на Гоце Делчев, под чија духовна заштита се слави овој ден“, напиша Ковачев.

Европа

Исланд користи вулканска енергија за загревање на улиците

Published

on

На Исланд, за да се осигура безбедноста на граѓаните, улиците се загреваат со топла вода која се добива од вулканите. Оваа ефикасна технологија им помага да го топат снегот веднаш, користејќи го вишокот на топла вода од природните извори.

Continue Reading

Скопје

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Приведен скопјанец поради агресивно однесување кон полицијата!

Published

on

– На 24.12.2024 во 14.10 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.К.(38) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираа од полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Continue Reading

Македонија

ИЗМАМИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ: Туѓи лични податоци искористила за подигнување на брз кредит

Published

on

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Ц.С.(48) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „измама при добивање кредит или друга погодност“.

На 08.05.2023 пријавената од С.Б. од с. Раклиш, на социјална мрежа обезбедила негови лични податоци од лична карта и платежна картичка, за да му бидат наводно исплатени 300 евра, но истата ги искористила неговите податоци заради подигнување на брз кредит.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк