Connect with us

COVID 19

И Албанија доби вакцини, Србија веќе вакцинираше 450 илјади луѓе, кај нас само ветувања

Published

on

Македонија е единствената држава во регионот, а можеби и во светот којашто сѐ уште не започнала со имунизација на населението против коронавирусот.

Изминатите месеци здравствените власти и самиот премиер Зоран Заев најавуваа дека првите вакцини само што не пристигнале, а до денешен ден јавноста е сведок дека единствената земја во регионот која се уште нема набавено е Македонија.

Во меѓувреме, вчера вечер во Албанија пристигна и првата пратка на вакцини набавена дирекно од производителот „Pfizer“, а по заслуга на албанскиот премиер Еди Рама кој лично отпатува за САД на преговори со производителот и резултатот од истите може да се види на дело, а кај нас остануваат само празните ветувања дека сега само што не пристигнала кинеската вакцина и тоа трае наназад со недели.

Фото:Еди Рама

Инаку, во Албанија вакцинацијата започна на почетокот на месец јануари, а тогашната вакцина албанскиот премиер Еди Рама ја набави како донација од европска пријателска земја.

Фото: Еди Рама

Министерот за здравство, Венко Филипче најави и потпиша договор со Бугарија од каде што требаше дел од вакцините кои што ќе ги добијат соседите да и бидат донирани на Македонија, но од тоа и ништо не се оствари. А во меѓувреме на почетокот од годината кога во Албанија пристигна донацијата од вакцини, Рама тогаш во интервју за албански медиум откри дека на Македонија од страна на Бугарија ѝ биле понудени 100 дози на вакцини.

„Македонија не започна за жал со вакцинацијата и не е виновна за тоа, Бугарија сè уште не им ја даде донацијата затоа што сакаа да ја искористат“, изјави тогаш Рама и додаде дека се работело само за 100 дози донација од Бугарија за Македонија.

Од друга страна пак премиерот Зоран Заев најави дека од Република Србија ќе бидат набавени 8.000 дози од вакцината на Фајзер.

Тогаш Заев истакна дека од Србија ќе пристигнат 8.000 дози како донација, но ние сме биле сериозна држава и тие ќе бидат платени. Но и од тоа ништо не се оствари, за да на крај српската премиерка Ана Брнабиќ во телевизиско интервју да открие дека Македонија не била подготвена да ги прими истите.

„Имаме договор, разговараа премиерот на Македонија, Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ. Вучиќ реши да им помогне со 8.000 вакцини. Ние помагаме да се регистрираат вакцините ‘Pfizer’ во Македонија. Ние работиме со нив. Проблемот може да биде во тоа што тие добиле вакцини ‘Pfizer’, но не се регистрирани. Поентата не е само да се дојде и да се купи вакцината, има многу повеќе работи зад завесата. Регистрација од соодветната агенција, план за вакцинација. Ние сме една од ретките земји кои имаат адекватен информативен систем. Нашите граѓани знаат како да се пријават за вакцината, сè е транспарентно. Слушнав приказни од луѓе од други земји каде велат дека немаат идеја како да се пријават, кои им се приоритетни групи“, истакна кон средината на јануари Брнабиќ.

Во меѓувреме, лидер по вакцинација против коронавирус во регионот е Србија која што заклучно вчерашниот ден вакцинирала дури 450.000 лица од своето население, а и останатите земји околу нас забрзано го имунизираат своето население кое во бројка е во илјадници.

Македонија, според сѐ изгледа, ќе го чека последниот воз, па македонските граѓани се надеваат дека по долгите најави дека „само што“ не пристигнала вакцината, конечно оваа седмица вакцините ќе пристигнат во земјата и ќе се стартува со вакцинацијата на населението против коронавирусот.

COVID 19

ЈАС И ПРОФЕСОР ПАНОВСКИ, ТРИ ГОДИНИ ЏАБЕ ТРОШЕВМЕ ЗБОРОВИ И ВРЕМЕ: Никому ништо не му влегло во глава!

Published

on

Докторот Драган Даниловски, во гостувањето на ТВ Сител, се огласи по повод новиот ковид бран за кој што медиумите се повеќе пишуваат.

Линк до постот на професор доктор Даниловски:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3455421298043933&id=100007282895748&mibextid=Nif5oz

Continue Reading

COVID 19

Прва тужба во Германија поради последици од вакцината на Фајзер против ковид

Published

on

Фармацевтската компанија Бајонтек утре ќе се појави на суд во Хамбург по тужбата во која Германка бара отштета поради тешки последици од нивната вакцина против ковид-19. Ова е првата во низа можни тужби во Германија поради нуспојави од вакцината.

Жената го тужи германскиот произведувач за најмалку 150.000 евра за нанесување телесни повреди и надомест за неодредена материјална штета, се наведува во барањето за отштета кое го решава општинскиот суд во Хамбург.

Тужителката тврди дека поради вакцината имала болки во горниот дел од телото, отечени нозе и раце и нарушено спиење. Нејзиниот адвокат Тобијас Улбрих кажа дека планира да ја оспори проценката на германскиот регулатор и Европската агенција за лекови (ЕМА) дека вакцината на Бајонтек има позитивен сооднос на корист и штета.

Според германскиот закон, произведувачите на вакцини и лекови се подложни на тужби и отштетни барања ако „медицинската наука“ покаже дека нивните производи предизвикуваат несразмерна штета или ако упатствата за лекот се погрешни.

Бајонтек, кој вакцината ја разви во соработка со американски Фајзер, ја смета тужбата за неоснована. Таа вакцина, истакна компанијата, ја примиле 1,5 милијарди луѓе низ светот, вклучувајќи над 64 милиони Германци.

ЕМА тврди дека вакцината е безбедна и дека во првата година од пандемијата помогнала во светот да се спасат речиси 20 милиони животи. ЕМА, меѓутоа, признава дека по вакцинирањето постои мал ризик од развој на миокардитис и перикардитис, два вида на воспаленија на срцето и дека во голема мера ги погаѓаат младите мажи.

Агенцијата досега примила околу 1.7 милиони жалби за нуспојави кои се развиле по примањето вакцина против ковид-19. Станува збор за 0,2 случаи на 100 примени дози.

Во Европската економска зона (ЕЕА) се примени 768 милиони дози вакцини против ковид-19. Најчестите и вообичаени нуспојави се главоболка, треска, замор и болка во мускулите.

Continue Reading

COVID 19

СКАНДАЛОЗНО ТВРДЕЊЕ – Шефот на ФБИ вели дека коронавирусот веројатно потекнува од лабораторија во Вухан

Published

on

Во интервјуто за Фокс њуз, шефот на ФБИ, Кристофер Вреј, рече дека Кина „дава сè од себе за да се обиде да ги спречи и замати“ напорите за идентификување на изворот на глобалната пандемија. Како одговор на наодите на ФБИ, Пекинг го обвини Вашингтон за политичка манипулација.

Директорот на Федералното биро за истраги (ФБИ), Кристофер Вреј, изјави дека бирото проценило оти ковид-19 најверојатно потекнува од лабораторија во Вухан – градот од каде што вирусот започна да се шири кон крајот на 2019 година, по што прерасна во глобална пандемија, јави Би-би-си.

„ФБИ веќе подолго време проценува дека потеклото на пандемијата е најверојатно потенцијален лабораториски инцидент“,

изјави Вреј.

Во интервјуто за Фокс њуз шефот на ФБИ рече дека Кина „дава сè од себе за да се обиде да ги спречи и замати“ напорите за идентификување на изворот на глобалната пандемија.

Коментарите на Вреј доаѓаат еден ден откако американскиот амбасадор во Кина ја повика земјата да биде поискрена околу потеклото на коронавирусот.

Претходно и американското Министерство за енергетика изјави дека пандемијата на коронавирусот е предизвикана од кинеска лабораторија. Други американски владини агенции донесоа различни заклучоци со различен степен на доверба за наодите на ФБИ. Некои од нив со ниско ниво на сигурност рекоа дека вирусот не започнал во лабораторија, туку бил пренесен од животни на луѓе.

Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби во понеделникот рече дека американската влада не постигнала конечен заклучок и консензус за потеклото на пандемијата.

Како одговор на наодите на ФБИ, Пекинг го обвини Вашингтон за политичка манипулација.

„Кина остро се спротивставува на сите обиди за политичка манипулација под превезот на потрага по потеклото на коронавирусот. Бараме САД да ја почитуваат науката и фактите и да престанат да го политизираат прашањето за потеклото на коронавирусот“,

рече портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг.

Тензиите во билатералните врски меѓу САД и Кина се зголемија по неодамнешната сага за кинескиот балон кој се појави над САД.

Покрај ова, Соединетите Американски Држави директно ја предупредија Кина дека ќе ги таргетираат и ќе воведат санкции за нејзините фирми или луѓе вклучени во какви било напори за испраќање воена помош за Русија, односно за руските војници кои се вклучени во инвазијата на Украина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк