Connect with us

Инфо +

Драми кај Заев на статус и Мицкоски се вклучи, му врати на Џамбаски: Гоце Делчев е Македонец !

Published

on

Делчев е Бугарин, од бугарско семејство, роден во Бугарија, бугарски, Зоране, бугарски, Заев – напиша Џамбаски на Фејсбук статус во коментар.

Ангел Џамбаски европратеник од Европските конзервативци и реформисти и заменик претседател на ВМРО – Бугарско национално движење, денеска со фрапантен коментар на Фејсбук страната на премиерот Зоран Заев по повод честтитката за Гоце Делчев, напиша:

Oчигледно ќе треба повторно да потсетиме дека „македонската“ револуционерна организација е бугарска. Според првиот статут, името на револуционерната организација било Бугарско македонско-одрински револуционерен комитет (БМОРК). Бугарски, Зоране. Бугарски, Заев. И Георги (Гоце) Николов Делчев, роден во бугарско семејство, во бугарскиот град Кукуш, се претстави како бугарски учител, бугарски офицер, бугарски револуционер, бугарски војвод во бугарската револуционерна организација “- напиша Џамбаски по што следуваа лавина на коментари и про бугарски и про македонски.

https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10159428781162932?comment_id=10159428837222932

Се вклучи и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој напиша:
Бидејќи гледам премиерот Заев реши да не ги брани македонските интереси, јас ќе одговорам дека ВМРО е Македонија, а Гоце Делчев е Македонец, и тоа еден од најсветлите ликови во македонската историја.“

По неговиот кометар, повторно се вклучи Џамбаски кој му рече на Мицкоски дека учел историја од „титово-комунистичка верзија“.

Македонија

Тетовскиот универзитет останува без еден од најдобрите професори?

Published

on

Тетовскиот универзитет ја започна законската процедура за разрешување на професорот Артан Груби, кој е доцент на Правниот факултет, отсек новинарство, јавува Алсат.

Според деканот на Правниот факултет, Сафет Емрули, отказот на работното место следува по неколкудневното отсуство на професорот без да даде појаснување.

– Од минатата недела не се појавил на работното место, што значи дека не ги исполнил обврските од Законот за работни односи и Законот за високо образование. Случајот го процесуиравме согласно законските одредби и започнавме постапка за соодветни мерки согласно законот. Многу брзо ќе бидете известени за одлуката што ќе ја донесеме како универзитет – изјави Сафет Емрули.

Адвокатот Сахит Зилбехари вели дека според Законот за работни односи ангажманот мора да се прекине доколку има тужба против вработениот.

Според него, прекинот треба да биде привремен до објавување на конечната одлука на судот. Работникот може да замине и на неоправдано отсуство.

Continue Reading

Македонија

Пожар во куќа во Скопје

Published

on

Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

На 06.01.2025 во 20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба настанал пожар во куќа, при што била опожарена соба и дел од кровот.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема.

Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

Continue Reading

Скопје

Жени се тепале пред продавница во Скопје

Published

on

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11:40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк