Uncategorized
Македонскиот јазик во книга од 1802 година
Првиот печатен македонски текст е дел од „Речникот од четири јазика“ на свештеникот и учител Даниил Москополец, објавен во 1802 година во Венеција. Гане Тодоровски во своето научно дело „Македонската литература во XIX век“ дури го нарекува и „првата печатена македонска книга“

Вистината забележана во светските речници и документи
Пред речиси 220 години (односно точно 219) во Венеција е отпечатен првиот текст на македонски јазик. Во науката, македонистиката и славистиката, овој факт не е ново сознание, но политичкиот контекст создаден во последнава половина година со оспорувањето на посебноста на македонскиот идентитет и јазик, како аргумент за вето пред ЕУ, активира зголемен интерес и на македонската јавност за теми што обично остануваат затворени во научните кругови. Првиот печатен македонски текст е дел од „Речникот од четири јазика“ на свештеникот и учител Даниил Москополец, објавен во 1802 година во Венеција. Гане Тодоровски во своето научно дело „Македонската литература во XIX век“ дури го нарекува и „првата печатена македонска книга“, со посебен осврт во поглавјето „Белешки за првата печатена македонска книга, Кон ’Речникот од четири јазика’ на Даниил Москополец“. Првиот печатен македонски текст е дел од „Речникот од четири јазика“ на свештеникот и учител Даниил Москополец, објавен во 1802 година во Венеција. Гане Тодоровски во своето научно дело „Македонската литература во XIX век“ дури го нарекува и „првата печатена македонска книга“, со посебен осврт во поглавјето „Белешки за првата печатена македонска книга, Кон ’Речникот од четири јазика’ на Даниил Москополец“.
Во текот на 1802 година, во Венеција се појавува од печат необична книга на грчки јазик, потпишана од свештеникот и улител Даниил Москополец, погрчен Влав од Албанија, во рамките на која првпат во Европа се претставува македонскиот јазик (охридското наречје) во облик на печатена книга – под туѓо име и со туѓа графија. Тоа е книгата (со грчки наслов – Исагогики дидаскалија, н.з.) Почетница или Началное обучение, како што се нарекувале ваквите книги во текот на XIX век. Составен дел од книгава е „Четиријазичниот речник“ (Лексикон тетраглосон, н.з.), или подобро речено „Речникот од четири јазика“ (затоа што подоцна низ течењето на векот, Синаитски и Пулевски така ќе насловуваат некои од своите книги). Овој „Речник од четири јазика“ е значаен за нашата културна историја како првообјава на македонската реч, за непристорениот јазик на македонската народна низина, за говорниот јазик на народното мноштво, на она што се подразбира под поимот „општ јазик“, или „коине дијалектос“ – наведува во својот научен труд истражувачот на македонската литература од 19 век, Гане Тодоровски.
Понатаму Тодоровски констатира дека „јазичната норма што е регистрирана во Данииловиот ’Речник од четири јазика’ е всушност основата на денешниот современ македонски јазик“. Денес ова е многу ретка книга, со вистинска библиографска вредност, за која се знае дека постојат уште само пет-шест примероци по библиотеките на Виена, Атина, Букурешт, Лондон, Софија и Скопје. Од 1802 до 1977 година, оваа книга доживеала осум изданија, а научно внимание ѝ посветиле истакнати имиња на европската етнографија и лингвистика, како и познати слависти и македонисти. Во научниот опис на содржината на речникот на Даниил Москополец е наведено дека освен грчкиот текст, содржи уште три негрчки текстови: албански, влашки и македонски. Постојат претпоставки дека изданието на „Речникот од четири јазика“ на Москополец, од 1802 година, е всушност второ издание, а се претпоставува дека првото е објавено уште во 1794 година, но денес нема зачувани примероци. Всушност, овој речник е повеќе разговорник, односно грчки текст преведен на три јазика, а намерата на Даниил Москополец (што ја изнесува и во самиот текст) била да ги „освести“ Македонците, Албанците и Власите да го учат грчкиот јазик. Македонскиот текст во речникот е всушност превод на извесен поп Стефан од Охрид, за што сведочи неговата преписка со Даниил Москополец. Текстовите на сите јазици во речникот се пренесени со грчко писмо.Во периодот на турското владеење, сѐ до 19 век, се засилуваше грчкото влијание, особено во нашите јужни краишта. Тоа наоѓаше поткрепа во привилегираната положба на Цариградската патријаршија и на грчкиот трговски сталеж во Отоманската Империја. Во поглед на писменоста, тоа се изрази на таков начин што во јужна Македонија употребата на грчката азбука надвладеа над употребата на кирилицата. Особено во првата половина на 19 век, кога се пројави јасно стремежот да се пишува на народен јазик, настана во тие наши краишта цела една книжнина, пишувана со грчка азбука – ги објаснува уште Блаже Конески причините за користењето на грчкото писмо во македонските (словенските) текстови од 19 век. Сепак, фактот дека во овој речник (разговорник) од почетокот на 19 век е објавен текст со карактеристиките на охридскиот говор од тој период претставува аргумент тој да се смета за „првата печатена македонска книга“, како што вели Гане Тодоровски.
Континуитетот на живоста на македонскиот збор е многувековен, кој во пишувана форма започнал да се воведува од 16 век, со преводот на зборникот „Сокровиште“ (Венеција, 1558), напишан од Дамаскин Студит на грчки народен јазик. Првиот словенски превод бил направен во Македонија од страна на епископот пелагониски и прилепски Григориј, во периодот од 1560 до 1580 г., на црковнословенска основа, со проткаени народно-говорни елементи од југозападна Македонија. Во XVII век се засилила и иницијативата за пишување мешовити зборници, во кои започнале да се користат термини потребни за секојдневното живеење: како лексика од медицината, терминологија потребна за просветата и образованието итн.
Дамаскинарската литература, ракописните споменици што се определени како македонска јазична редакција, како и првпат отпечатените македонски зборови во Данииловиот „Четиријазичник“, силно влијаеле во почетокот на 19 век врз просветителскиот процес, односно врз македонската културна преродба, која започнала со печатењето книги, речници, учебници, буквари на македонски народен јазик, што водело кон тенденцијата за нормирање современ македонски литературен јазик – накратко го претставува континуитетот на македонското литературно творештво професорката Валентина Миронски-Христовска од Институтот за македонска литература во Скопје, потврдувајќи го значењето на „Речникот од четири јазика“ од Даниил Москополец, како прво печатено сведоштво на македонскиот народен збор./Јасминка Павловска /www.novamakedonija.com.mk
Uncategorized
Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа
Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.
За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.
Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.
Uncategorized
Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација
Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.
„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.
Апликацијата нуди:
Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.
Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.
Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.
Uncategorized
ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи
Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.
Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.
Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.
Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.
Трендинг
-
Црна Хроника5 days agoХорор на патот Охрид–Струга: Возач двапати тргнал кон полицајци и успеал да избега
-
Црна Хроника5 days agoДрама на автопатот Тетово – Гостивар: Ги пресретнале со ротација им го пресекле патот, па ги истепале
-
Црна Хроника2 days agoКривична пријава за командир и полицајци – МВР со детали
-
Црна Хроника5 days agoКривични пријави против полицајци од Штип – МВР со детали
-
Република2 days agoУтре дел од Тетово и три тетовски села без електрична енергија
-
Македонија6 days agoМВР со конечна одлука еве кога почнува „Безбеден град“
-
Црна Хроника2 days agoХорор во Тетовско: Физички нападнати полицајци
-
Црна Хроника6 days agoФизички нападната девојка на работно место во Брвеница















