Connect with us

COVID 19

1.031 нови случаи на Ковид 19 починати 20 лицa!

Published

on

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 4.373 тестирања, а регистрирани се 1.031 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје – 492, Прилеп – 64, Кавадарци – 53, Велес – 47, Тетово и Гостивар – по 45, Охрид – 31, Битола – 30, Куманово и Неготино – по 29, Гевгелија – 25, Струмица – 20, Штип – 16, Струга – 13, Берово – 12, Ресен, Радовиш и Крушево – по 9, Кочани – 8, Свети Николе, Пробиштип и Валандово – по 7, Крива Паланка – 6, Демир Хисар – 4, Кратово – 3, Кичево, Богданци и Демир Капија по 2, Дебар, Виница, Македонски Брод, Пехчево и Дојран – по 1.

Регистрирани се 241 оздравен пациент од:

Скопје – 152, Гевгелија – 20, Велес – 15, Куманово – 14, Гостивар – 13, Битола – 9, Штип – 6, Ресен – 4, Валандово – 3, Струмица – 2, Кичево, Радовиш и Свети Николе – по 1.

Пријавени се вкупно 20 починати лица, на возраст од 50 – 93 години и тоа: 9 пациенти од Скопје, 3 лица од Прилеп, Велес и Битола – по 2 починати лица и по едно починато лице од Куманово, Гостивар, Кавадарци и Кочани. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Направени се 4.373 тестови преку: ИЈЗ-777, ЦЈЗ Скопје-109, Авицена-403, Биотек-364, Жан Митрев (Филип Втори)-193, Систина-337, лабораторија Лаор–437, Судска медицина-46, ЦЈЗ Битола-91, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Синлаб-158, Ремедика-39, лабораторија болница Козле-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.399, УК Пулмологија со алергологија–6, ГОБ 8-ми Септември-0.

Досега во земјата се направени вкупно 563.394 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.107, бројката на оздравени пациенти е 97.166, на починати е 3.300, а бројот на активни случаи изнесува 11.641.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 49491, активни 5588

Прилеп 6059, активни 854

Куманово 5975, активни 432

Тетово 5768, активни 367

Гостивар 4051, активни 283

Кавадарци 3829, активни 649

Штип 3804, активни 173

Велес 3738, активни 324

Битола 3694, активни 292

Охрид 3554, активни 496

Струмица 2905, активни 213

Струга 2513, активни 184

Кочани 1950, активни 144

Кичево 1824, активни 52

Неготино 1582, активни 421

Гевгелија 1479, активни 307

Свети Николе 1143, активни 39

Крива Паланка 961, активни 146

Ресен 875, активни 81

Дебар 804, активни 17

Радовиш 779, активни 38

Делчево 763, активни 48

Берово 705, активни 62

Пробиштип 585, активни 42

Виница 538, активни 24

Валандово 406, активни 36

Крушево 372, активни 113

Богданци 332, активни 72

Демир Хисар 300, активни 42

Кратово 300, активни 28

Демир Капија 279, активни 48

Македонски Брод 260, активни 9

Пехчево 194, активни 9

Македонска Каменица 194, активни 2

Дојран 101, активни 6

COVID 19

ЈАС И ПРОФЕСОР ПАНОВСКИ, ТРИ ГОДИНИ ЏАБЕ ТРОШЕВМЕ ЗБОРОВИ И ВРЕМЕ: Никому ништо не му влегло во глава!

Published

on

Докторот Драган Даниловски, во гостувањето на ТВ Сител, се огласи по повод новиот ковид бран за кој што медиумите се повеќе пишуваат.

Линк до постот на професор доктор Даниловски:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3455421298043933&id=100007282895748&mibextid=Nif5oz

Continue Reading

COVID 19

Прва тужба во Германија поради последици од вакцината на Фајзер против ковид

Published

on

Фармацевтската компанија Бајонтек утре ќе се појави на суд во Хамбург по тужбата во која Германка бара отштета поради тешки последици од нивната вакцина против ковид-19. Ова е првата во низа можни тужби во Германија поради нуспојави од вакцината.

Жената го тужи германскиот произведувач за најмалку 150.000 евра за нанесување телесни повреди и надомест за неодредена материјална штета, се наведува во барањето за отштета кое го решава општинскиот суд во Хамбург.

Тужителката тврди дека поради вакцината имала болки во горниот дел од телото, отечени нозе и раце и нарушено спиење. Нејзиниот адвокат Тобијас Улбрих кажа дека планира да ја оспори проценката на германскиот регулатор и Европската агенција за лекови (ЕМА) дека вакцината на Бајонтек има позитивен сооднос на корист и штета.

Според германскиот закон, произведувачите на вакцини и лекови се подложни на тужби и отштетни барања ако „медицинската наука“ покаже дека нивните производи предизвикуваат несразмерна штета или ако упатствата за лекот се погрешни.

Бајонтек, кој вакцината ја разви во соработка со американски Фајзер, ја смета тужбата за неоснована. Таа вакцина, истакна компанијата, ја примиле 1,5 милијарди луѓе низ светот, вклучувајќи над 64 милиони Германци.

ЕМА тврди дека вакцината е безбедна и дека во првата година од пандемијата помогнала во светот да се спасат речиси 20 милиони животи. ЕМА, меѓутоа, признава дека по вакцинирањето постои мал ризик од развој на миокардитис и перикардитис, два вида на воспаленија на срцето и дека во голема мера ги погаѓаат младите мажи.

Агенцијата досега примила околу 1.7 милиони жалби за нуспојави кои се развиле по примањето вакцина против ковид-19. Станува збор за 0,2 случаи на 100 примени дози.

Во Европската економска зона (ЕЕА) се примени 768 милиони дози вакцини против ковид-19. Најчестите и вообичаени нуспојави се главоболка, треска, замор и болка во мускулите.

Continue Reading

COVID 19

СКАНДАЛОЗНО ТВРДЕЊЕ – Шефот на ФБИ вели дека коронавирусот веројатно потекнува од лабораторија во Вухан

Published

on

Во интервјуто за Фокс њуз, шефот на ФБИ, Кристофер Вреј, рече дека Кина „дава сè од себе за да се обиде да ги спречи и замати“ напорите за идентификување на изворот на глобалната пандемија. Како одговор на наодите на ФБИ, Пекинг го обвини Вашингтон за политичка манипулација.

Директорот на Федералното биро за истраги (ФБИ), Кристофер Вреј, изјави дека бирото проценило оти ковид-19 најверојатно потекнува од лабораторија во Вухан – градот од каде што вирусот започна да се шири кон крајот на 2019 година, по што прерасна во глобална пандемија, јави Би-би-си.

„ФБИ веќе подолго време проценува дека потеклото на пандемијата е најверојатно потенцијален лабораториски инцидент“,

изјави Вреј.

Во интервјуто за Фокс њуз шефот на ФБИ рече дека Кина „дава сè од себе за да се обиде да ги спречи и замати“ напорите за идентификување на изворот на глобалната пандемија.

Коментарите на Вреј доаѓаат еден ден откако американскиот амбасадор во Кина ја повика земјата да биде поискрена околу потеклото на коронавирусот.

Претходно и американското Министерство за енергетика изјави дека пандемијата на коронавирусот е предизвикана од кинеска лабораторија. Други американски владини агенции донесоа различни заклучоци со различен степен на доверба за наодите на ФБИ. Некои од нив со ниско ниво на сигурност рекоа дека вирусот не започнал во лабораторија, туку бил пренесен од животни на луѓе.

Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби во понеделникот рече дека американската влада не постигнала конечен заклучок и консензус за потеклото на пандемијата.

Како одговор на наодите на ФБИ, Пекинг го обвини Вашингтон за политичка манипулација.

„Кина остро се спротивставува на сите обиди за политичка манипулација под превезот на потрага по потеклото на коронавирусот. Бараме САД да ја почитуваат науката и фактите и да престанат да го политизираат прашањето за потеклото на коронавирусот“,

рече портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг.

Тензиите во билатералните врски меѓу САД и Кина се зголемија по неодамнешната сага за кинескиот балон кој се појави над САД.

Покрај ова, Соединетите Американски Држави директно ја предупредија Кина дека ќе ги таргетираат и ќе воведат санкции за нејзините фирми или луѓе вклучени во какви било напори за испраќање воена помош за Русија, односно за руските војници кои се вклучени во инвазијата на Украина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк