Фудбалската репрезентација на Македонија, одигра одличен натпревар на скопска арена вечерва и буквално ја демолираше репрезентацијата на Лихтејнштајн со 5:0 во 2 коло од групата Ј во квалификациите за СП во Катар.
Ова беше лесна победа за три бода на почетокот од квалификациите.
Се почна со гол на Барди, потоа голеадата ја продолжи Трајковски со два гола, па Елмас и на крај Несторовски.
На 4:0 зголеми Елиф Елмас во 62 минута по додавањето од Несторовски, а напаѓачот на Удинезе од пенал во 82 минута реализираше за водство на Македонија од 5:0.