Connect with us

Инфо +

Луѓе умиpаат тие тераат pаcправии како на cелckа чешма

„Апел до претседателот Пендаровски и министерот Филипче.
Ви умираат луѓе, пациенти шетаат од болница до болница и чекаат некој да умре за да дојдат до кревет а вие се расправате како на селска чешма.
Запрете и замолкнете, не ги дотепувајте граѓаните со вашите суети и глупости ако веќе не знаете да ја завршите работата
Арам да ви е!“

Напиша новинарот Горан Момировски по расправиите помеѓу Филипче и Пендаровски вчера во врска со набавката на вакцините.

Апел до претседателот Пендаровски и министерот Филипче. Ви умираат луѓе, пациенти шетаат од болница до болница и чекаат…

Posted by Goran Momiroski on Tuesday, March 30, 2021

-Разочарам сум навистина од изјавата, кога буквално цел свет е во војна со вакцините. Буквално секој кој што може треба да се вклучи во таа борба. Тука сега да се заинтересира некој само за своите права, е некоректно. Тој донесе нула вакцини, што уште еднаш кажува дека е многу тешко да се стигне до вакцините. Едноставно и другите земји немаат доволно вакцини, еве во Германија, Холандија, Франција… Србија е ретка земја и Израел кои успеаја да вакцинираат добар процент. Добро направи Србија, го ценам како навистина пријателски чин, кога имаат вакцини, ги отворија вратите за сите соседни земји – рече Филипче.

На ова Пендаровски врати:

Во целост се согласувам со изјавата на министерот Филипче дека сликите од Србија изминатиот викенд се израз на солидарност, но, тоа е солидарност која државата Србија ја покажа кон десетина илјади наши граѓани. Меѓутоа, тешко дека тие слики на наши граѓани кои бараат здравствена заштита во странство, откако не ја добија во сопствената земја, се за фалење. Во однос на процесот на набавка на вакцини, крајно сум зачуден што министерот Филипче свесно не го споменува фактот дека првичните контакти со најголемите фармацевтски компании, кон крајот на декември мината година се направени преку мојот Кабинет и од тогаш до денес како претседател сум активно вклучен преку дипломатските канали во процесот за набавка на вакцините, што инаку е примарна надлежност токму на министерот за здравство.

Свет

Координирана акција низ Европа против Балкански картел

Тројца лица се уапсени, а имот во вредност од над пет милиони евра е запленет во рамки на координирана полициска акција против припадници на т.н. Балкански картел во Германија, со поддршка на Европол.

Истражувањето го вклучи органите за спроведување на законот од Австрија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Германија и Србија. Според Европол, криминалната ќелија била одговорна за транспорт на повеќе тони кокаин од Колумбија, користејќи различни методи за шверц низ Европа.

Покрај трговијата со дрога, членовите на картелот се занимавале и со перење пари преку различни компании и инвестиции во недвижен имот во повеќе земји, како во рамките на Европската Унија, така и надвор од неа.

Continue Reading

Свет

Западот спречил десетици страшни руски саботажи низ Европа

Европските разузнавачки служби тврдат дека во последниот период спречиле низа саботажи кои, според нив, биле планирани од Русија. Меѓу целите на заговорите се наводно уривање товарни авиони, труење водоводи, подметнување пожари и напади на инфраструктура, како и активирање прикриени агенти низ континентот.

Разузнавачките извори за „Фајненшл тајмс“ посочуваат дека руската кампања вклучувала експлозивни пратки испратени преку меѓународни курирски служби, кои експлодирале во логистички центри во Велика Британија, Полска и Германија. Според извештаите, секоја пратка имала доволно моќ да урне товарен авион доколку детонацијата се случела за време на лет.

Безбедносните служби велат дека биле спречени и обиди за саботирање преполни патнички возови, подметнување пожари во трговски центри, напади на хидросистеми и брани, како и труење водоводи. Исто така, биле идентификувани лица кои делувале како „заспани“ агенти со зададени мисии за диверзија.

Покрај тоа, земјите во Балтикот се соочиле со прекини на подводни кабли и серија координирани кибернапади, кои западните служби ги гледаат како дел од пошироката кампања.

„Уште не сме свесни колку многу работи се случуваат зад кулисите“, изјави Киир Џајлс од „Чатам хаус“, нагласувајќи дека целосната димензија на руските тајни операции сè уште не е разоткриена.

„Ројтерс“ пренесува дека западните разузнавачки служби забележале „остра ескалација“ на хибридните активности кои, доколку успеат, би можеле сериозно да ја загрозат европската инфраструктура и човечките животи.

Continue Reading

Свет

Тензија кај Венецуела: американски специјалци запленија брод

Американската крајбрежна стража спроведе операција во која заплени танкер во близина на Венецуела, соопшти Ројтерс, повикувајќи се на анонимни извори.

Функционерите не открија повеќе детали за самата акција, ниту за името на танкерот и точната локација каде што било извршено пресретнувањето.

Крајбрежната стража ги упати новинарите на Белата куќа за дополнителен коментар, но засега нема официјален одговор.

Се очекува повеќе информации во наредните денови, додека медиумите шпекулираат за причините и можните последици од акцијата.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг