Connect with us

Uncategorized

Ова е свет на егоисти, пандемијата ни влепи шлаканица, влеговме во морбидна спирала

НЕМА НАЗАД!

Се наоѓаме во фаза спроти епилогот на пандемијава, голгота подолга од година дена, на која едвај ѝ се наѕира крајот – барем кај нас. Луѓето се очајни, одделени од своите најблиски во болниците или во изолација дома. Во моменти на егзистенцијална опасност, ние инстинктивно посакуваме да бидеме до семејството и пријателите – но сега, секој физички контакт – секој израз на љубезност и сочувство – може да донесе некому болест и смрт. Но, дали е тоа баш така?

Пандемијата ни влепи шлаканица: Ако толку сме биле приврзани со семејството, зошто покажавме толку малку грижа за своите ближни? Од каде толку егоизам? Каде е вината? Во институциите на системот? Во лошото образование? Веројатно делумно, да! Основна клетка во општествениот организам е семејството. Во нашево општество таа клетка се покажа дека е само форма без содржина! А нефункционални клетки значат и нефункционална целина. Едноставна вистина! Пандемијата ни покажа колку страшно сме си го арчеле животот, преокупирани со бесконечни битки за богатство, статус, моќ.

Живот со искривоколчен систем на вредности… Осамна суровата вистина за општеството наше модерно – дека тоа е само „ментален концепт, а дека реалниот свет е свет на индивидуалци“ (Оскар Вајлд)… А јас би додал – свет на егоисти, социопати и психопати – свет на очајни осаменици. Пандемијата ни покажа колку е страшно да си сам. И очајнички да се обидуваш да не бидеш сам. Ама не во семејството, туку во некакви сурогати/супститути на семејство – журки, седенки, секојдневни средби со „друштвото“, по кафеани… за да си заминеш уште поосамен… и попразен. И погневен. Што, пак, резултира(ше) со влошување на заканите по здравјето – индивидуалното и колективното – во актуелнава ситуација. Заради што на секој чекор сведочиме за десетици изгубени животи… А тоа, пак, раѓа уште поголема несигурност… и уште пожестоки обиди да се „пикне главата в песок“. И да се глуми безгрижност… И така влеговме во морбидна спирала – circulus viciosus…

Многумина се свртеа кон социјалните мрежи – за дружба, но и за стручен совет – во услови на пренатрупан здравствен систем. Се формираа групи за размена на искуства, за совети. Се создаде еден виртуелен свет на социјални контакти, место за дружба! Колку и да е неприфатливо од стручен и етички аспект медицински совети да се даваат на далечина, многумина од нас докторите се обидуваме да излеземе во пресрет на многумина граѓани – секој од нас во рамките на својата експертиза. Ама, не само тоа. На луѓето им треба и топол збор на поддршка, подадена рака… За полесно да им биде. И за да не се чувствуваат осамени. И напуштени… Особено последното. Не сме се договарале претходно меѓусебно. Едноставно, спонтано – секој колку што му дозволува времето – го прифативме предизвикот. Десетици дневно се обраќаат и со приватни пораки… Едвај се наоѓа време да се отспие некој саат. Знам дека исто си поминуваат и моите колеги Никола, Нико, Љиљана, Ненад, Ана… и многу други (нека не замерат што не можам сите да ги спомнам, ама јавноста ги знае).

Нема назад… Дали граѓаните ги почитуваат советите? Да, без исклучок. Среќен сум заради тоа. Знам дека современиве средства за комуникација – не само социјалните мрежи – ги користат и сите други колеги – особено матичните доктори.

Им оддавам признание, зашто, сите тие – вистинските херои на пандемијава (не само кај нас) – прифаќајќи да бидат еден вид надворешни членови на семејствата, потпорни столбови – играат улога на „пастири на своето стадо“, но и една друга – извонредно важна – улога на кохезиона сила, туткал, што цврсто ги спојува во целина сите камчиња на мозаикот наречен семејство – но и на здравствениот систем. И по оваа катаклизма, во „денот потоа“, тие, матичните (и се разбира, сите други здравствени работници), ќе играат клучна улога во што побрзо закрепнување на секое семејство и на општеството во целина.

Нема назад! – пишува доктор Даниловски на Фејсбук.

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг