Ниедна друга духовна дејност не го поставува човекот толку блиску до Бога како покајанието. Не привременото душевно чувство на раскајание, туку постојаното дејствително покајание, искреното соочување со сопствената грешност и смиреното, но усрдно обраќање кон Бога. Тоа е внатрешниот духовен труд што светата Црква го посакува од нас и така грижливо кон него нè приведува, особено сега кога посното патешествие полека наближува до својот крај и Страданијата на Спасителот веќе се наѕираат.
Затоа, среде оваа Петта седмица од Великиот Пост, Црквата ни го положила бдението на кое се чита Житието на преподобната мајка наша Марија Египетска – најсилниот пример на покајание, и Великиот покаен канон на светиот отец наш Андреј Критски.
„Од каде да започнам да ги оплакувам делата на мојот беден живот? И што да ставам за почеток на моето сегашно ридание, Христе? Но, како Милосрден, дај ми прошка на гревовите“.
„Оди, бедна душо, со телото твое, на Творецот на сите исповедај се, и од поранешното безумство натаму ослободи се; и, во покајание, на Бога солзи принеси Му“.
Со боговдахновена вештина големиот Критски химнограф ги слика пред нашите очи личностите и настаните од свештената историја, за преку паралели да ги поврзе со настани од нашиот сопствен живот; делата Божји од минатото – како дела кои се однесуваат лично на нас и на нашето спасение; трагедијата на гревот, како наша сопствена трагедија. Еден по друг излегуваат гревовите од мракот на најтаинствените длабини на срцето и со самото тоа тајноводство до нашето скриено внатрешно битие, Великиот Канон и Житието на Света Марија нѐ приведуваат кон живоносното покајание, покајание не само заради своите лични гревови, туку и за гревовите на сиот свет, на сите оние што отстапиле од Бога, а и на оние што не знаат за Него и за Неговата бескрајна милост, па поради тоа безмерно страдаат. Зашто сите ние сме внуци Адамови и длабоко во себе ги носиме трагите на неговата падната природа и само Божјата милост е таа што нѐ чува од секакво прегрешение.
Во една таква умилителна духовна атмосфера на долгото бдение синоќа, во која просторот и времето како да ги губат своите граници, атмосфера која со зборови навистина и не може да се опише, најголем дар од Бога за нас беше покајничкиот глас и дух со кој нашиот Старец, Епископот г. Партениј, го читаше Житието на Преподобната Марија и Канонот на Свети Андреј Критски. Беше тоа едно небесно покајничко оросување за нас, кое благодатно ги освежи нашите од гревот свенати души, поттикнувајќи ги на покајание. А и самиот наш Старец, напоен од тие чудесни и бескрајно длабоки кладенци на покајанието, како Добриот Пастир нè повика уште еднаш на духовна будност и покајнички подвиг:
„Да не заспиваме, браќа мои, да бидеме будни, да ги слушаме овие зборови, напишани не од човечка ученост, туку од лично искуство и доживување на луѓе, кои преку Божјата благодат и личниот подвиг на покајание, станале големи созерцатели на неискажливи духовни тајни. Ете, тие зборови нè повикуваат да се каеме за нашите гревови, ни помагаат да откриеме дека ние, можеби, ја надминуваме и самата Марија Египетска во нашите гревовни дела и помисли. Затоа, да се каеме, мили мои, да се каеме за сопствените гревови, но и за гревовите на сите луѓе. Оти, не треба многу да се потрудиме, за да забележиме дека светот и целото човештво во гревови се потонати, помрачени, богоотпаднати. А нам, Господ, по Неговата неискажлива милост, ни ги отворил очите да го гледаме сето тоа, и да ја гледаме и Неговата спасителна Убавина. Нè удостоил да ги слушаме овие Божествени творби, кои со голема благодатна сила го приведуваат човека кон покајание…
По молитвите на Неговите прекрасни слуги, Света Марија Египетска, на Свети Софрониј Ерусалимски, писателот на нејзиното житие, на Свети Зосим и Свети Андреј Критски, да ни подари нам и на сите луѓе такво големо и искрено покајание, што ќе нè удостои да ја видиме славата и светлината на Христовото свето Воскресение“.
Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа
Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.
За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.
Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.
Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација
Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.
„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.
Апликацијата нуди:
Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.
Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.
Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.
ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи
Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.
Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.
Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.
Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.