Connect with us

Инфо +

Израел извpши дoceгa нajcилeн yдap вpз пojacoт Гaзa – Бpoјoт нa жpтви ce иcкaчи нa 119, двe дeцa гo изгyбиja живoтoт yтpинaвa

Published

on

Израелската војска рано утрово соопшти дека нејзините сили извршиле најсилни удари врз Појасот Газа од почетокот на конфликтот со екстремистите на таа палестинска територија.

Според Министерството за здравство во Појасот Газа, бројот на убиени Палестинци се искачи на 119, вклучувајќи 31 малолетник и 15 жени, а околу 830 лица се ранети.

Девет лица беа убиени во Израел, вклучувајќи две деца, еден војник и пет жени.

Околу 2.000 ракети и минофрлачки проектили се истрелани од Појасот Газа од понеделникот, кога почна најсилниот конфликт од војната во појасот Газа во 2014 година, според израелските медиуми.

Ноќта помеѓу четвртокот и петокот беа истрелани 220 ракети, од кои 30 паднаа во палестинска територија.

Десетици ракети насочени кон станбени области биле пресретнати од противракетниот систем „Железна купола“.

Израелски авиони истовремено извршија голем напад врз мрежата на тунели ископани од исламистички Хамас под градот Газа околу полноќ. Нападот траеше околу 40 минути, а 450 ракети беа истрелани кон 150 цели. Армијата соопшти дека големината на штетата се уште не е утврдена. Израелскиот воен портпарол Хидаи Зилберман, објасни дека војниците се уште се на израелска страна и не влегле во Појасот Газа и покрај претходните тврдења за спротивното.

Испукани се околу 500 артилериски гранати, заедно со 50 тенкови гранати.

Палестинците во Газа соопштија дека израелскиот напад траел еден час и дека има многу жртви.

Портпаролот Зилберман изјави дека операцијата е резултат на разузнавачки информации и внимателно планирање.

Европа

ДОАЃА ОПАСНА ЗИМСКА БУРА ВО ЕВРОПА Еве кои европски земји се на удар

Published

on

Се очекуваат засилен ветер со налети до 120 км/ч, врнежи од снег и опасни услови на патиштата.

Во текот на викендот ќе пристигне интензивна зимска бура, која ќе донесе зимски услови низ поголемиот дел од Европа до почетокот на следната недела, прогнозира Severe Weather Europe.

Аналитичарите на службата велат дека сега се формира „интензивен систем“ што ќе предизвика ветровите да се свртат кон север и да туркаат постуден воздух во западна и централна Европа, предизвикувајќи силна зимска бура од петок до недела.

Тие предупредуваат дека во повеќе области ќе врне обилен дожд и снег, што ќе го отежне патувањето.

Според прогнозата денеска бурата стига во Велика Британија и Ирска, а во сабота системот ќе се прошири кон Белгија, Холандија и Франција, а потоа ќе се движи кон Германија и Алпите.

Се очекуваат засилен ветер со налети до 120 километри на час, врнежи од снег и опасни услови на патиштата.
Системот би можел да го опфати северот на Италија и дел од Словенија.

Свеж снег се предвидува за многу области, вклучително и северна Велика Британија, северна Иберија, алпскиот регион, Западен Балкан и централна Европа. Повеќе снег ќе има низ Источна Европа и Скандинавија.

Значајна аномалија треба да се развие во недела и понеделник, со вредности далеку под просекот во Шпанија, Португалија и Франција.

Continue Reading

Свет

Орбан: САД играат одлучувачка улога во конфликтот во Украина

Published

on

Соединетите Американски Држави играат одлучувачка улога во конфликтот во Украина – без нивно учество не би се ни случил конфликтот, а под влијание на Англосаксонците Киев ја пропушти шансата да склучи мировен договор со Москва, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Без Америка оваа војна немаше да се случи. Без неа одамна би завршил, бидејќи Украина не би можела да се спротивстави без учеството на САД“, кажа Орбан на гостувањето на радиото Кошут.

Орбан истакна дека околу Украина е создадена критична ситуација, бидејќи заминувачката администрација на американскиот претседател Џо Бајден настојува да ѝ пружи најширока можна воена поддршка, а претстојната администрација на Доналд Трамп е насочена на решавање на конфликтот по мирен пат.

„Опасните и дрски изјави на актуелниот американски државен секретар Ентони Блинкен за потребата за намалување на старосната граница за мобилизација во Украина укажуваат дека Америка навистина треба да ја смени својата стратегија“, смета унгарскиот премиер.

Орбан изрази уверување дека тоа ќе се случи кога Трамп ќе биде унаугуриран на 20 јануари и кога власта во САД ќе премине во рацете на републиканците.

„Мислам дека тогаш сè ќе биде средено, но до тогаш сè ќе биде по старо. Се залагаме за мир, но сме во тешка и опасна ситуација“, заклучи тој.

Орбан кажа дека Украина „се обложила на погрешниот коњ“ кога, како што вели, под влијание на Англосаксонците одбила да склучи мировен договор со Русија пролетта 2022 година.

„Украинците, според моето мислење, се обложија на погрешниот коњ. Избраа погрешна стратегија околу април 2022, кога постоеше шанса да се склучи договор за мир или прекин на огнот со Русија. Тие тоа го направија под влијание на Англосаксонците“, оцени унгарскиот премиер.

„Русија зајакна, Украина ослабе. Се покажа дека и Европа е многу слаба, немаме пари за војна“, заклучи Орбан.

Continue Reading

Македонија

Вреди: Семејните проблеми ДУИ ги прикажува како државни

Published

on

Колицијата Вреди ја повика Демократската унија за интеграции (ДУИ) нивните „семејни проблеми да не ги прикажува како државни проблеми и да не ги прикажува како меѓуетнички тензии“.

„ДУИ и овој пат, како и секојпат досега, не успеа да поттикне меѓуетнички тензии во земјава. Тие цела недела ја лажеа јавноста продуцирајќи лажни вести божем запалените возила и објектот во Куманово имаат етничка позадина. На овој начин, се обидоа да ја префрлат вината кон коалицијата Вреди, каде меѓу другото беше иницирана интерпелација и против заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени“, изјави Фатмир Сабриу од Вреди.

Како што кажа тој, МВР и полициските службеници со највисок професионализам и во рекорден рок го расветлија случајот и го уапсија осомничениот за палењето на возилата и локалот во Куманово.

„Упатуваме апел до ДУИ нивните семејни проблеми да не ги прикажуваат како државни проблеми и да не креваат прашина во јавноста околу меѓуетничките тензии“,  рече Сабриу.

Коалицијата Вреди, додаде тој, никогаш нема да дозволи проблемите на ДУИ да се претставуваат како општествени проблеми.

„Граѓаните треба да бидат свесни дека овие случаи се изолирани и не ја претставуваат реалноста на нашата земја. ДУИ веќе е изолирана и тоне во бездната на своите неуспеси, останувајќи само со еден партнер во криминал: Никола Груевски“, рече Сабриу.

Според него, нивните 20-годишни криминали и гревови не можат да се сокријат со мрачни меѓуетнички сценарија.

„Доста се обидувате да ги користите Албанците како штит за да се спасите од затвор“, рече Сабриу на денешната конференција за медиуми.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк