Connect with us

Инфо +

Во Чаир се веат знамиња на Палестина (ФОТО)

Published

on

Откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја стави Македонија на листата на земји кои го поддржале Израел во конфликтот со Хамас среде Скопје има јавна поддршка за Палестина.

Во општината Чаир во таканаречената населба Јаја Паша денеска во знак на поддршка се веат знамиња на Палестина.

Имено конфликтот со Хамас, заврши денеска со примирје.

Предходно премиерот Заев ја поддржаа позицијата на САД и ЕУ кои ги осудија нападите на Хамас врз Израел.

Македонија

РАЗУЗНАВАЧКАТА ОПЕРАЦИЈА против ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ е иста како познатата „Драјфусова афера“- интервју со д-р ЈОВЧЕСКИ

Published

on

Извесни оперативци од македонската тајна полиција кои својата валкана работа ја потпишувале под кодно име „Џокер“ и „Цилиндер“ пред четири години се обиделе да направат компромитирачко досие со измилени извештаи за тогашниот лидер на најголемата опозициска партија, а сега македонски премиер Христијан Мицкоски.

Талентираните оперативци во режија на засега неидентификуван наредбодавач и покрај силните партиски наредби успеале да снимат само лош шпионски трилер во кој  главниот лик опозиционерот Мицкоски, како водач на паравојска би бил прогласен за државен непријател на Македонија.

Оваа афера од подземјето на македонското разузнавање ја обелодени премиерот Христијан Мицкоски, а Обвинителството, откако допрениот глас го разбуди од длабокиот зимски сон отвори предмет. Случајот, со овие информации што досега ги има јавноста, може слободно да се оквалификува како класичен пример на партизирани институции и за злоупотреба на безбедносните структури.

Токму тоа што беше повод порталот Политика да поразговара за овој проблем со стручњаци кои добро ја познаваат оваа проблематика или дирекно се инволвирани или засегнати. Нашиот денешен соговорник Јован Јовчески е доктор по кривично правни науки кој има повеќе од 25 години искуство како еден од водечките експерти во реформите на Кривичното законодавство на Република Македонија, а е и добар познавач на кривичното законодавство на ЕУ и САД, посебно на законската уреденост и практика на примена на специјалните истражни мерки од страна на овластените служби. Јовчески има долго професионално искуство во УБК, работел и во МВР, а голем придонес има и како државен советник во основањето на Оперативно техничката агенција – ОТА. Тој во интервју за Политика случајот со следењето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  го спореди со позната „Драјфусова афера“ (L’affaire Dreyfus).

ЈОВЧЕСКИ: Следењето на премиерот Мицкоски е само доказ за партиската, а веројатно и лична (на раководствата на службите кои биле инволвирани во) злоупотреба („забеганост“) на овие служби и нивната руинираност, иако не беше посочено дали тоа го правела АР или АНБ (МВР и МО односно безбедносните служби во МО не се споменати во вој контекст) или пак, тоа е правено во координација.

Според објавеното од 2020 г., над Мицкоски била применета интрузивната мерка предвидено во член 252 ст.1 т.3 од ЗКП за која е неопходна судска наредба, заради тоа што истиот бил третиран како безбедносно интересна личност односно сериозна закана за системот како инспиратор, финасиер и организатор на паравоена полициска структура. Останува отворено прашањето кој ги креирал овие извешати (досие) и врз основ на кои информации, дали била побарана судска наредба (доколку имало, за што лично не верувам, тоа отвара уште посериозни прашања), зошто се следени и членовите на неговото семејство (а посебно неговиот малолетен син), какви видови на опсервација биле спроведени (од него се посочува дека била вршена опсервација со технички средства – дронови и физичко следење), колку временски траело примената на мерките, односн окога завршила итн. Исто така останува отворено прашањето, дали раководството на државата (најмалку тогашниот премиер и претседател неизбежно морале да знаат за истото) го „дозволиле“, односно дали тоа е правено по нивно барање или пак тоа е правено на „своја рака“ од раководсството на службата која ја спроведувало мерката (што е малку веројатно). Секако дека се апсурдни и смешни тврдењата дека Мицкоски има профил на водач на паравоена структура, меѓутоа тоа зборува за фактот колку бескрупулозен, дрзок и смел бил настапот на (најмалку раководството на службата) безбедносната служба (без никаво страв од законски последици).

Ако биле оперирани од одговорност затоа што сметале дека имаат неприкосновена политичка моќ, тогаш како да се направи добар систем на контрола за да се спречат злоупотребите? 

ЈОВЧЕСКИ: Воспоставување на ефикасен модел за надзор и контрола (парламентарен меѓутоа и вонпарламнетарен, при што не мислам на граѓанскиот надзор кој е секундарен и помошен) над службите се најдобрите алатки кои може да гарантиреаат ефикасен и успешен  систем на законско функционирање на службите, односно да се гарантира доследно почитување на законот и секоја ваква (случајот со Мицкоски) или слична неправилност да се детектира навремено (и истата законски да се процесиура) од независно тело, која извесно би имала и судска разрешница со утврдување на индивидуалната одгворност.

Премиерот Мицкоски кога ги обелодени скандалозните активности на поединци во безбедносните структури кои наместо да ги извршуваат своите должности се занимавале со конструкции без било какви индиции, а камоли докази, не прецизираше во која разузнавачка инситуција се случувале овие злоупотреби. Но, може ли Вие врз основа на вашето искуство да лоцирате која безбедносна служба го вршела незаконското следење и филмување на извештаите кои за жал стасале и во некои амбасади?

ЈОВЧЕСКИ: Искрено кажано, воопшто не сум изненаден од изнесената „Драјфусова“ афера за етикитериње на г. Мицковски (лидер на опозиционата партија во тој периодот пред изборите 2020 г) како „прв непријател на државата кој претставувал сериозна закана за поредокот на државата“, имајќи го предвид моето лично искуство уште во далечната 1997 г., (исто така непосредно пред избори) кога над мене (тогаш вработен во ДБК, подоцна УБК а сега АНБ) беше  вршен притисок неосновано да потпишам барање за следење на комуникациите на висока партиска личност од тогашната најголема опозициска партија.

Во однос на првото прашање, неспорно е дека следењето „правно е легализирано“ и наредено од (директорот на) АНБ, согласно чл. 4 и 31 од Законот за АНБ, а злупотребувајќи ја одредбата од член 32 ст. 2 ал. 4 од истиот закон („Директорот може да одобри спроведување на следниве мерки за тајно собирање на податоци и информации: – користење на тајни соработници,- користење лица со прикриен идентитет, – таен откуп на предмети и документи и – набљудување.“), односно идентично како што МВР ја злоупотребуваше одредбата од член 51-а од Законот за полиција, така и овде опреативната мерка – Набљудување е поистоветена со Посебната истражна мерка од чл. 252 ст.1 т.3 од ЗКП и без судска наредба, а со наредба од директорот на АНБ, сосема „легално и легитимно“ се преземени дејства и активности кои значат примена на Посебната мерка од чл. 252 ст.1 т.3 од ЗКП, за која е нопходна судска наредба.

Г-дине Јовчески врз основа на кои факти ги темелите овие тврдења?

ЈОВЧЕСКИ: Моето тврдење се темели на следниве факти: Во текот на (крајот) 2021 и почетокот на 2022 г., јас бев ангажиран како домашен експерт во рамките на проектот – Eu support for Rule of law – Republic of North Macedonia, спроведен од Европската Унија, токму за примената на Посебната истражна мерка од чл. 252 ст.(1) т.3 од ЗКП (Тајно следење и снимање на лица и предмети со технички средства надвор од домот или деловен простор означен како приватен)  и честата злоупотреба на оваа мерка од МВР во поглед на примената на член 51-а од Законот за полиција, при што мерката – Прикриено набљудување (масовно) идентично била применувана како Посебната истражна мерка од член 252 ст.1 т. 3 од ЗКП без судска наредба, а со наредба од директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР.

Во текот на проектот јас направив детални истражувања (сондирање и правна анализа на фактичката состојба, интервјуа, конкретни препораки итн.) во неколку институции (МВР, Финасиката Полиција, Управата за Царина, Јавното Обвинителство и Судовите) и во Финалниот Извештај беа констатирни флагрантни и чести злупотреби од страна  МВР на чл. 51-а од Законот за полиција, во смисла на злупотреба на оперативната мерка Полициско набљудување која се одредува со наредба од Директорот на БЈБ и незјино (свесно) поистоветување со Посебната истражна мерка од чл. 252 ст.(1) т.3 од ЗКП за која е потребна судска наредба.

Иако во проектот не беа опфатени АНБ и АР, во Финалниот Извештај беше посочено дека и во АНБ се врши идентична свесна (замена и) злоупотреба на мерката Набљудување (од член 32 ст. (2) ал. 4 од Законот за АНБ) која се одредува со наредба од директорот на АНБ и истата се поситоветува и применува како Посебната истражна мерка од чл. 252 ст.(1) т.3 од ЗКП за која е потребна судска наредба, а дека најмасовна е злоупотребата на Посебната истражна мерка од чл. 252 ст.(1) т.3 од ЗКП во Агенцијата за Разузнавање која е (буквално надвор од правниот систем и) надвор од било каква законска контрола и надзор и во која примената на физичкото следење и користење на дронови (и други техничките средства) за следење (опсервирање) има загрижувачки обем и карактер (од сите наведени институции само АР поседуваше и користеше дронови).

Во разузнавачката хајка против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беа споменати две кодни имиња „Џокер“, подоцна „Цилиндер“, кои се сомневам дека биле професионални оперативци штом се нафатиле да креираат и да потпишуваат белешки најверојатно со назнака „строго доверливо“ во едно вакво трагикомично сценарио во кое  Мицкоски, лидерот на тогашната македонска опозиција станува  државен непријател, со тоа што формира паравоена формација. Кои би можеле да бидат креаторите на лажните извештаи и досиеја, каде би ги лоцирале? 

ЈОВЧЕСКИ: Во однос на прашањето кој ги креирал лажните извештаи и досиеја, не можам да дадам (како погоре) категоричен одговор, бидејќи тоа можело да се направи и во АНБ (што би било „поприродно“ бидејќи таму е дадена наредбата, меѓутоа постои проблемот да се најде „соодветен и професионален“ човек) и во АР (која пак е законски „хендикепирана“ оперативно да работи внатре во државата и безбедносно да третира наши граѓани).

Сепак, (според објавеното) водејќи се од „modus operandi“ при креирањето на „предметот на оперативниот третман“ (во која г. Мицковски е таргетиран како инспиратор, финасиер и организатор на паравоена полициска структура) и врз основа на слични животни искуства на некои вработени во АР кои „пострадале“ од бившиот директор на АР – Еролд Муслиу со прекар Качак, основано претпоставувам дека „операцијата“ е инспирирана и започната во АР.

Г-дине Јовчески, премиерот Мицкоски откри и дека извештаите на оперативците за водачот на наводната паравојска иако би требало да бидат сериозна закана по безбедноста на државата не биле доставени до МВР на чие чело тогаш беше Наќе Чулев, како министер во техничката влада. Извештаите останале строго доверливи само за исклучително друштво на нарачатели и извршители…   

ЈОВЧЕСКИ: Очигледна е употребната политичка и партиска цел на оваа „Драјфусова приказна“ меѓутоа поважно прашање е дали ќе се расчисти или ќе остане нејасно и неказнето како во случајот со Мијалков или ќе се одолговлекува (премолчува) како во случајот со навбавката на опрема во ОТА за следење на целиот интернет сообраќај.

За да се санкционираат ваквите злоупотреби неопходно е да се дојде до налогодавачите, не само до извршителите на овие валкани и незаконски активности. Со оглед на тоа што ние како јавност имаме информација дека следењето се случувало во 2020 година може да се лоцира кои биле мотивите и кој ги држел пипците на мрежата што била скроена за тогашната опозиција?

ЈОВЧЕСКИ: Со оглед на сите околности и со оглед на законските одредби од Законот за АНБ (чл.5), меѓутоа и согласно (чл. 2 ст. 2 од стариот) Законот за АР од 1995 г (кој бил во важност во тоа време), невозможно е (најмалку премиерот, претседателот на државата и претседателот на Собранието) власта да немала сознанија за целата оваа опрација и да не дала поддршка да се „следи и пресретне политичкиот непријател“.

Инаку, тешко се обезбедуваат докази за нарачателите (освен со вербални изјави дадени од извршителите) на ваков вид (државен) институционално организиран напад и загрозување на владеењето на правото, иако во контекст на целата приказна, сметам дека не е спорно кој имал најголема корист од ваквиот упад во демократските процеси и приватноста на една „крупна“ политичка личност и неговото семејство (отежнително што било опфатено и малолетно лице).

Кога тајната полиција со зла намера ќе посегне по нечиј углед, достоинство, семејство, сопруга, деца…кога ќе се обиде да уништи нечиј живот, кариера, тогаш навистина е илузорна да зборуваме за професионалност, етичност, човекови права, правда….

ЈОВЕЧСКИ: Мислам дека е пригодно да посочам едно мое поново искуство кое многу пореално ќе ги поткрепи вашите тврдења до каде може да оди „човечката“ искриволколченост која Емил Зола ја обелоденил со Аферата Драјфус.

Имено, ќе направиме мала паралела за актуелниот случај на г. Мицковски со еден мој случај кој беше „обелоденет сосема небрежно“ (во Решение од ОЈО Скопје и во Решение на контроверзната Даница Чадиева) во 2024 година, а „настанот“ се случил истата година кога се одвивала и операцијата – „Мицковски организатор на параполициски формации.“

Во 2020 година јас бев вработен на работно место државен советник во ОТА, меѓутоа беше очигледно дека за кратко време ќе бидам отстранет од работа, заради тоа што (како овластено лице за прием на пријави од укажувачи) поднесов кривична пријава до ОЈО Скопје и Тужба за дискриминација против тогашниот директор на ОТА – Зоран Ангеловски и неговата десна рака Марија Јаническа (сегашен директор на ОТА) за нивни злоупотреби на службената положба и овластување и други незаконски активности (обид за набавка на малициозен софтвер, барање поткуп, незаконит претрес итн).

Во настојувањето да ме отстранат по секоја цена, Зоран Ангеловски, Марија Јаническа и Валентина Новачева (офицер за безбедност на класифицирани информации во ОТА) во содејство со психологот од ОТА –Анета Начевска, изготвиле Психолошки извештај со невердостојна (лажна) содржина и истиот го поднеле до ДБКИ (Стојан Славески) со барање да ми се одземе безбедносниот сертификат, бидеќи психологот во ОТА констатирал намалување на мојата ментална способност за ракување со класифицирани информации и воедно констатирал постоење безбеднсен ризик за моето понатамошно работно ангажирање.

ДБКИ (Стојан Славески) во рок од два дена донесе решение со кое ми беше одземеен сертификатот, во кое не беше наведена правната основа на кое се темели решението, нити беше посочен и доставен круцијалниот доказ – Психолошкиот извештај.

Ниту ДБКИ (Стојан Славески), а ниту Даница Чадиева (тогашен претседател на Вторстепената комисија), не само што не констатирале дека психологот нема законски овластувања да ја утврдува менталната состојба на вработените во ОТА, туку Психолошкиот извештај како круцијален доказ, го криеле (не само од мене туку и) од Управниот суд Скопје, пред кого поведов управен спор (Даница Чадиева „заборавила“ да го достави во списите на предметот).

Судот (во 2023 г) го поништи решението на Даница Чадиева и го врати предмето со конкретни насоки, меѓутоа Чадиева повторно донесе негативно решение (во 2024 г. повторно поведов управен спор против истото решение).

Во текот на 2024 г., откако дознав за оваа „гнасна и искривоколчена операција“, против сите лица кои биле инволвирани во изготвувањето и користењето на овој лажен докукмент поднесов соодветни кривични пријави (за кривичните дела:Поднесување на лажни докази, Злоупотреба на службената положба и овластувања и Попречување на правдата).

Инаку една година по мојот отказ од работа, односно во (2021 г) странските медиуми беше облеоденето дека малициозниот софтвер Предатор (и Пегасус) биле правени и во Македонија во фирмата на Иво Малинковски (и Тал Дилијан), а подоцна (2023 г. Експрес мк и други) медиумски обелодени дека: „Според новиот скандал со прислушување кој е објавен во Израел, македонската Оперативно-техничка агенција (ОТА) имала ДРАФТ договор со Грчката разуазнавачка служба за користење на ПРЕДАТОР – нелегален софтвер за прислушување.“

Случајот ОТА (незаконска набавка на Зоран Ангеловски и Марија Јаническа на опрема за следење на целата интернет комуникација), сеуште „педантно и внимателно“ се разгледува од ОЈО Скопје, иако случајот беше обелоденет (и за истото беше поднесено пријава) од Собраниската Комисија за надзор на примената на мерките за следење на комуникации, уште во 2023 г.

 „Џокер“ или „Цилиндер“ се обиделе да изрежираат лош шпионски трилер кој Вие го споредивте со позната афера  Драјфус (L’affaire Dreyfus) во која млад и амбициозен офицер, но неправедно осуден за предавство Алфред Драјфус сепак ќе докаже дека е невин. Обвинителството, по изјавата на Мицкоски отвори предмет за случајот, но која ќе биде според Вас судбината, односно епилогот на оваа македонска афера?      

ЈОВЧЕСКИ: Доколку се споредат и анализираат овие три случаи,: Аферата Драјфус, огласувањето на г. Мицковски за државен непријател и мојот случај со ОТА, она што може да го очекува г. Мицковски е следното:.

  • Алфред Драфус бил достоинствен, храбар и способен воен офицер во француската војска кој силно се борел против коруптивни и дикриминатоски појави во тоа време, меѓутоа врз основа на лажен документ бил истеран и деградиран од војската и воедно бил осуден на доживотен затвор на Ѓаволскиот остров во Француска Гвајна
  • Во мојот случај јас сум со звање професор и доктор по кривично право и чесно и достоинствено сум се обидел да го заштитам општиот интерес, меѓутоа врз основа на лажен доказ ми бил одземан безбедносниот сертификат, потоа ми бил врачен отказ од работа и воедно сум осуден со алтернативна мерка – Условна осуда.
  • Во случајот со г. Мицковски, тој е исто така професор и доктор на науки, кој одважно и достоинствено започна сериозна борба против криминалот, така што реално е да се очекува дека со сигурност ќе добие отказ од работа (во сета несреќа добро е што по предметот нема да решаваат Јована Тренчевска и Даница Чадиева), додека во однос на осудите, претпоставувам дека најмногу ќе добие судска опомена.

Се разбираа, дека наведеното е кажано во стил на хуморот на „Монти Пајтон“, меѓутоа можеби и не ѐ толку далеку од вистината, ако се има предвид состојбата во нашето обвинителство и судство. Она што може да го очекува г. Мицковски е дека веројатно ќе изнајде докази дека бил незаконски следен и веројатно ќе утврди кој е авторот на лажните извештаи, меѓутоа веројатно тоа нема да биде доволно за да бидат утврдени „главните и вистински“ лица кои (го нарачале) биле  вклучени во неговиот случај.

Уште повеќе, посакувам неговиот случај да не падне во рацете на обвинителите: Дејан Петревски, Владимир Милошевски или Софка Ќака Наумова од ОЈО Скопје, па случајот да го водат по 30-на и повеќе месеци и после такво „педантно рагледување“ да констатираат дека нема кривично дело или пак, експресно (за 10 дена) да го утврдат истото, па да мора да оди на втор степен во Вишото јавно обвителство Скопје, каде, не дај боже, може му падне случајот кај Јован Цветановски, Сашо Рајчев или Артан Ајро кои ќе ја потврдат и „продлабочат“ констатацијата дека нема кривично дело, па ќе мора да поднесе претставка до обвинителот Зорица Павловиќ во Советот на обвиители или пак врз основа на член 29 (како што сум постапил јас) од Законот за ЈО да побара од ЈО Љупчо Коцевски да го преземе гонењето.

А доколку г. Мицковски се реши да поднесе тужба до Основниот граѓански суд Скопје, искрено не му посакувам предметот да го решава Александра Палашевска или не дај боже, Тамара Ѓеорѓиевска или Бисера Стефковска Митиќ (среќна околност е што заминаа во пензија Магдалена Бајалска и Снежана Ивановска), па да мора да чека по две до три години, а потоа да се жали до Апелациониот суд Скопје каде има „вистински“ познавачи на правот од калибарот на Санде Зиков, Илир Сулејмани, Влатко Самарџиски (има среќа што замина во пензија Јани Нича) кои и без да ја читаат жалбата однапред знаат каква ќе биде пресудата, па на крајот да остане да се обрати до Судскиот совет за кој навистина нема што да се каже, така што (како и во мојов случај) ќе остане Судот во Стразбур како единствена опција да ја добие правдата.

На крајот се надевам дека Новата Година ќе ни донесе на сите подобри и посреќни времиња и посакувам празничните денови да не предизвикаат никому проблеми со дигестивниот тракт.

ЈОВЧЕСКИ: Одлуката за спојување на овие две служби, според мене (меѓутоа и според најдобрите практирки во Европа) е исправна, не само со оглед на финасиските, кадровски и технички аспекти и големината на државата и нашето членство во НАТО (се однесува на меѓусебна размена на информации), туку многу повеќе заради подобра функционалост на секое поле (проверка и верификација на информации, избегнување на преклопување и дуализам во безбедносното третирање на појавите, поголема и побрза проточност на информациите, поголема ефикаснот и ефективност, дури во овој случај се намалува можност од злоупотреба на службите, што во континуитет последниве 5 години низ јавните медиуми се посочуваше за масовните злоупотреби во АР од страна на нејзиниот доскорешен директор Еролд Муслиу). Изборот на модел (и организациска поставеност), можеби и не е пресуден и најважен (иако тоа имплицира сериозни проблеми кои се спомнати погоре) момент (тоа би можело и да се каже дека е легитимен избор на секоја партија на власт) колку што е важно прашањето на создавање ефикасен модел на надзор и контрола. Опасноста од „концентрацијата на моќ“ за која се зборува и одземањето на ингеренциите на претседателот на државата, не претставуваат „сериозни“ забелешки, ако се има предвид единственоста во третирањето на безбедноста на државата и законската можност (внатрешна организација) да останата ингеренциите на претседателот на државата во поглед на именувањето (заедничка согласност или некаков друг консензуален пристап) на првиот човек на „разузнавачкиот“ дел од новата служба, информирањето и утврдувањто заеднички политики и цели, а секако во прилог оди и практиката на единственото постоење и делување на овие две служби до 1995 г.

(Продолжува: КОЈ ИМ ЈА СМЕСТИ НА ДУИ „ЏЕМС – БОНДОВСКАТА ОПЕРАЦИЈА“ СО  ЕЛ ЧЕКА?

Стојанка Митреска

Continue Reading

Македонија

Семејна драма, морала да интервенира полицијата

Published

on

Денеска околу 00.10 часот во СВР Скопје, од страна на 26-годишен маж било пријавено дека бил нападнат од својот 19-годишен брат, двајцата од Штип.

Од МВР посочуваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Македонија

Запалено возило во Скопско

Published

on

Денеска (02.01.2025) во 02.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Арачиново, скопско, настанал пожар во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.М.(34) од с.Арачиново.

Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот било изгаснат. Повредени лица нема. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк