Connect with us

Приказни

Пушти ги луѓето нека зборуваат, живеј си го животот!

Published

on

Оваа приказна можеби сте ја чуле многупати, можеби ниту еднаш, но секео вреди да се прочита и да се извлече поуката која таа ја носи.

Си живееле еднаш маж и жена, кои имале дванаесетгодишен син и едно магаре.

Одлучиле да заминат на патување, да работат и да го запознаат светот и така тргнале на пат.

Кога дошле во првото село, луѓето коментирале:

„Погледнете го ова невоспитано момче. Тоа седи на магарето, додека неговите кутри родители го влечат.“

Тогаш жената рекла на својот маж: „Нема да дозволиме луѓето да зборуваат лошо за нашиот син.“ Мажот го симнал детето од магарето и седнал на него.

Кога дошле во друго село, луѓето мрмореле:

„Погледнете го ова, нека се засрами човекот што дозволува неговата жена и неговото дете да го влечат магарето додека тој седи.“ Тогаш одлучиле дека жената ќе седи на магарето, а мажот и детето да ги држат уздите.

Така тие пристигнале и во трето село каде што луѓето повторно коментирале: „Кутар човек! Цел ден работел, а неговата жена седнала на магарето. И кутро дете, којзнае што уште го чека со таква мајка.“ После ова одлучиле сите тројца да се качат на магарето и продолжиле да патуваат.

Кога дошле во следното село, слушнале како луѓето коментираат дека грбот на сиротото магаре ќе пукне од преголема тежина. И тогаш сите тројца одлучиле да се симнат и да пешачат. Кога поминувале низ следно село, не можеле да поверуваат на коментарите од луѓето кои им се смееле: „Видете ги овие три будали… пешачат, а имаат магаре кое што може да ги носи. Зар не би било нормално еден да поштедите од пешачење, а само двајца да пешачат.“

Секогаш ќе те критикуваат и ќе зборуваат лошо за тебе што и да направиш. Тешко е да им удоволиш на сите, а и тешко е да пронајдеш личност на којашто ќе ѝ бидеш добар таков каков што си. Пушти ги луѓето нека зборуваат, живеј си го животот.

Приказни

Битола има поубава љубовна приказна од таа на Ромео и Јулија. 

Published

on

 Во Битола има многу убави љубовни приказни, но несомненео една од најубавите е таа за љубовта на МустафаКемал Ататурк и преубавата битолчанка Елени Каринте.

Кемал Атататурк додека се школувал во средното военото училиште во Битола се заљубил во преубавата битолчанка Елени Каринте. Ако одите во Битола, немојте ни случајно дане застанете и да го погледнете балконот каде што се родилаљубовта, помеѓу тогаш, младиот Ќемал Ататурк и преубавата Елени Каринте. За жал, оваа љубов не завршиласо среќен крај, за тоа говори и писмото што Елени Каринтему го пратила на Кемал Ататурк, а се наоѓа во спомен собатана Музејот во Битола.

 

„До Кемал Ататурк, Некаде и некогаш ! Поминаа толкугодини, а јас ете уште секој ден чекам абер од тебе. Аконекогаш го добиеш писмово, сети се, види ги солзиве нахартијава… Годините си врват. Овдека се зборува затебе. Нешто се случува. Ако ги читаш овие редови додекаљубиш некоја друга жена, искини го писмово и прашај јанеа дали верува дека некоја си Елени Каринте од Битола гопоарчила цел живот за еден човек со кого била само еденден. Ако ја љубиш неа, како што јас те љубам тебе, некажувај ѝ ништо, нека биде среќна ако си и ти. Ако, пак, уште ја паметиш девојката од балканот и не љубиш друга, знај дека те чекам. Ќе те чекам секој ден, цел живот… Знамдека ќе се вратиш, дека не си заборавил.  Татко ми умре.  Има веќе цела година. Тој ден кога ме грабна од тебе, мезаклучи дома. Не ме пушти цел месец. Не плачев. Знаевдека џабе ќе се сите катанци и затвори. Човекот со кој тојсакаше да се земам го видов само еднаш. Ме праша далинекогаш ќе можам да го љубам… му реков: не! Си го љубампрвото либе. Повеќе не го видов. Татко ми никогаш не мипрости. Ни јас нему. Неколку дена пред да умре ме викна кајсебе и ми рече: Знам дека згрешив, но знам и дека никогашне бев добар татко. Не барам да ми простиш, не барај ни ти! Бог нека ни прости на двајцата. Сакав најдобро, а направивнајлошо. Татко ми не беше лош човек! Не сум веќе млада и убава како тогаш. Цел живот во еден ден… Вечно те сака и секогаш ќе те чека  вечно твоја, Елени Каринте“

Continue Reading

Приказни

Дали за десетина години ќе има кој да прави бурек?

Published

on

На нашите простори пекарските производи, особено бурекот, имаат долга и богата традиција. Со месо, сирење, спанаќ или праз, комбиниран со јогурт или ајран, бурекот е омилен меѓу сите генерации. Но, прашањето кое се поставува е дали за десетина-петнаесет години ќе има кој да го прави.

Пекарскиот занает е тежок и бара посветеност, а интересот кај младите за оваа професија постојано опаѓа. Абдурахим Ештрефи од Скопје е дел од последните генерации македонски бурекџии. Веќе 45 години ги прави највкусните пити, буреци и ѓевреци. Тој го изучувал занаетот три години во стручно училиште, а потоа продолжил да работи во објектот каде што е активен уште од 1980 година. Денес, фамилијарниот бизнис го води со својот брат.

„Тежок е овој занает, но е профитабилен. Веќе 45 години станувам во три-четири наутро. Не е лесно“, вели Ештрефи.

Иако машините значително го олесниле процесот на производство, новите генерации сè поретко се заинтересирани за пекарството. „Ова е стар занает, но младите не сакаат да го учат. Имам синови, внуци, но никој од нив не е заинтересиран. Најдобрите бурекџии заминаа во странство. Сите мои колеги, пријатели – веќе не се тука. Денес има машини и фрижидери, но потребно е да се знае рецептот, да се учи и да се работи посветено“, објаснува тој.

Според податоците на Стопанската комора од 2023 година, просечната возраст на вработените во пекарската индустрија е 57 години. Иако постојат програми за обука, 82% од компаниите се соочуваат со потешкотии да обезбедат стручен кадар.

Дали иднината на бурекот е неизвесна? Ќе зависи од тоа дали ќе успееме да го зачуваме и пренесеме овој занает на новите генерации.

Continue Reading

Приказни

НОСТРАДАМУС ПРЕДВИДЕЛ ПОПЛАВИ ВО 2025 ГОДИНА Јасновидецот прогнозира нова ера на човештвото

Published

on

Откако ќе го постигнеме ова, луѓето ќе можат да комуницираат со повисоки облици на интелигенција. Ова е судбината на човештвото, пророкува Нострадамус во врска со големите откритија во квантната физика.

Нострадамус предвидел големи промени во 2025 година кои ќе доведат до „нов светски поредок“. Меѓу нив се спомнати и поплави кои ќе ги уништат крајбрежните градови и ќе остават милиони без покрив над главата, пишува Унилад.

Но, луѓето на социјалните мрежи коментираа дека пророштвото е само здрава логика бидјеќи минатата година ја одбележаа поплави.

Меѓу страшните пророштва за следната година Нострадамус наводно спомнал и тајни култови кои би ја користеле моќта на „мрачните ритуали“.

Унилад пишува и дека Нострадамус предвидел големи откритија во областа на квантната физика.

„Откако ќе го постигнеме ова, луѓето ќе можат да комуницираат со повисоки облици на интелигенција. Ова е судбината на човештвото“, пророкува Нострадамус.

Тој најави и дека во 2025 година ќе излезат на виделина долго чуваните тајни. Се чини дека теоретичарите на заговор се многу среќни поради ова.

Ова ќе го промени текот на историјата, тоа е почеток на нова ера, толкуваат различни поддржувачи на делата на Нострадамус, кои исто така тврдат дека во 2025 година повторно ќе почне да се цени некоја „древна мудрост“.

Се смета дека јасновидецот кој живеел во 16 век успешно ги предвидел доаѓањето на Адолф Хитлер на власт во Германија, атомските бомби во Хирошима и во Нагасаки и Големиот пожар во Лондон.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк