Connect with us

Uncategorized

ЕСМА доби станица во бриселското метро, меѓу 69 моќни жени

Меѓу 69 моќни жени, Есма доби станица во бриселското метро.

Пријателите на Европа рекоа дека идејата е да се прикажат „вистински лица и вистински приказни кои го истакнуваат исклучителното достигнување што европските жени – граѓани – придонеле во многу различни сфери“ и да направат „емотивна врска“ со луѓето.

Феминистичката преработка на мапата на бриселското метро им оддава почит на жените кои ја обликуваа европската историја, од Симоне Вејл до Јована Орлеанка, пишува ЕУ Опсервер.

Инспириран од проектот Градот на жените на писателката Ребека Солнит и географот Џошуа Џели -Шапиро, европскиот тинк-тенк Пријатели на Европа ја редизајнираа мапата во Брисел за да го одбележат Денот на Европа.

„Мапата е прослава на нов вид на инклузивно лидерство и средство за зајакнување на демократијата и предизвик за нееднаквоста на можностите: ако го видите, можете да бидете“, рекоа Пријатели на Европа.

Идејата за „Главен град на Европа, жените на Европа“ е на доверителот на „Пријатели на Европа“ и на ирската новинарка Мери Фицџералд, која рече дека сака да раскаже нова приказна за Европа што ги надминува јазикот и националноста.

„Ја користиме метро-картата во Брисел како креативна рамка за да раскажеме поинаква приказна за континентот со жени во срцето“, рече таа.

„Ние сакаме овој проект да одекне далеку, подалеку од таканаречениот „Бриселски меур“.

Пријателите на Европа рекоа дека идејата е да се прикажат „вистински лица и вистински приказни кои го истакнуваат исклучителното достигнување што европските жени – граѓани – придонеле во многу различни сфери“ и да направат „емотивна врска“ со луѓето.

69-те станици беа преименувани во чест на жените од сферата на политиката, науката, економијата, уметноста и спортот.

Чест на шеесет и девет жени

Тука се вклучени Ермесинде, луксембуршката грофица од 13 век, која презеде политичка контрола откако нејзиниот сопруг почина; Валери Амос, првата црнкиња што служеше во кабинетот на Велика Британија; германската фоторепортерка Герда Таро, која загина на фронтот на граѓанската војна во Шпанија; италијанска сликарка Артемисија Гентилески; австриската авторка Берта фон Шутнер, првата жена добитник на Нобелова награда за мир; француската модна дизајнерка Коко Шанел; и истражувачката новинарка од Малта Дафне Каруана Галиција, која беше убиена во 2017 година.

Имињата беа избрани од членовите на мрежата на Европски млади лидери и Брисел Биндер, група која има за цел да привлече повеќе жени на панел дискусии.

Франческа Кавало, коавторка на бестселерот „Добра ноќ за бунтовните девојки“, исто така беше вклучена во правењето на конечниот избор.

Иницијативата ја поздрави потпретседателката на Европската комисија, Маргарет Вестагер на Твитер.

“Зборуваме за #Татковците на Европа. Но, има и # МајкиОд Европа! Жените кои се бореа за слобода, за мир, за други жени … тие исто така ја направија Европа”, рече таа.

Името на мапата вклучува жени од сите 27 земји на ЕУ и пошироко, меѓу кои е и мулатката Солитуд, хероина која се бореше против ропството на францускиот остров Гвадалупе и Мери Томас (позната на нејзините приврзаници како кралица Марија), револуционерен водач во поранешната данска колонија Сент Кроа.

Исто така, е претставена и Маргарет Тачер, првата премиерка на Велика Британија – и на Европа.

Кристин Лагард, првата жена претседател на Европската централна банка, рече дека е „чест што е во толку добро друштво“ на картата.

Исто така се споменуваат и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (и поранешен комесар) Кристалина Георгиева и германската канцеларка во заминување Ангела Меркел. Во нејзина близина, една од главните метро станици е именувана по кралицата на ромската музика Есма Реџепова како единствена претставничка од Македонија. Од балканските маркантни жени, метро станица доби и хрватската писателка Ивана Брлиќ Мажураниќ.

Мапата следува по иницијатива на мрежата за јавен превоз во Брисел, СТИБ / МИВБ, што го одбележа Меѓународниот ден на жената со привремено преименување на 10 метро станици по познати жени, вклучувајќи ја и лидерката за граѓански права на САД, Роза Паркс и шведската активистка за клима, Грета Тунберг.

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг