Connect with us

COVID 19

ДВА КЛАСТЕРИ го ставија Тетово под опсервација: ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ на заразени, граѓани лажеле за контактите и свадбените активности

Published

on

Министерството за здравство информира дека по зголемување на бројот на заразени од тестирани во Тетово и тетовскиот регион, во период од неколку дена, Комисијата за заразни болести ја следи епидемиолошката состојба во Тетово и е во комуникација со локалниот центар за јавно здравје каде се анализираат сите овие случаи.

Според првичните информации, зголемениот број случаи доаѓаат од два познати кластери. Првиот кластер е од свадба, а вториот е повеќечлено семејство кое исто така било на мала семејна прослава. Она што загрижува и со што се соочиле здравствените работници е што некои од ковид позитивните пациенти не давале точни податоци и информации за контакти, како би можело да се спречи создавање на кластери околу двата постоечки.Министерството за здравство апелира, граѓаните да соработуваат со епидемиолозите, одбивањето на соработка од страна на пациентите, прави потешкотии во спроведувањето на епидемиолошките анкети, а тоа може да доведе до голем број заразени.

Засега радува фактот што од 65 активни случаи во Тетово,  само 12 се со симптоми и нема хоспитализирани во ковид центарот во КБ Тетово.Досега не е детектиран делта сој на СарсКов2, а кај лицата кај кои беше секвенциониран бразлискиот сој се ковид позитивни од јуни.Министерството за здравство апелира до граѓаните и покрај мирната епидемилошка состојба во земјава,  треба секој до нас да биде исклучително внимателен и да ги почитува протоколите и мерките за заштита на здравјето. Одржување лична хигиена на раце, држењето дистанца, носење маска е нешто што треба да биде лична одговорност на секого од нас. Апелираме дека мерките може да се променат и да се воведат рестрикиции ако епидемиолошката состојба го наложи тоа.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинацијата, што поголем број вакцинирани, значи побрзо создавање колективен имунитет, а тоа е клучно да се победи ковид пандемијата.

COVID 19

ЈАС И ПРОФЕСОР ПАНОВСКИ, ТРИ ГОДИНИ ЏАБЕ ТРОШЕВМЕ ЗБОРОВИ И ВРЕМЕ: Никому ништо не му влегло во глава!

Published

on

Докторот Драган Даниловски, во гостувањето на ТВ Сител, се огласи по повод новиот ковид бран за кој што медиумите се повеќе пишуваат.

Линк до постот на професор доктор Даниловски:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3455421298043933&id=100007282895748&mibextid=Nif5oz

Continue Reading

COVID 19

Прва тужба во Германија поради последици од вакцината на Фајзер против ковид

Published

on

Фармацевтската компанија Бајонтек утре ќе се појави на суд во Хамбург по тужбата во која Германка бара отштета поради тешки последици од нивната вакцина против ковид-19. Ова е првата во низа можни тужби во Германија поради нуспојави од вакцината.

Жената го тужи германскиот произведувач за најмалку 150.000 евра за нанесување телесни повреди и надомест за неодредена материјална штета, се наведува во барањето за отштета кое го решава општинскиот суд во Хамбург.

Тужителката тврди дека поради вакцината имала болки во горниот дел од телото, отечени нозе и раце и нарушено спиење. Нејзиниот адвокат Тобијас Улбрих кажа дека планира да ја оспори проценката на германскиот регулатор и Европската агенција за лекови (ЕМА) дека вакцината на Бајонтек има позитивен сооднос на корист и штета.

Според германскиот закон, произведувачите на вакцини и лекови се подложни на тужби и отштетни барања ако „медицинската наука“ покаже дека нивните производи предизвикуваат несразмерна штета или ако упатствата за лекот се погрешни.

Бајонтек, кој вакцината ја разви во соработка со американски Фајзер, ја смета тужбата за неоснована. Таа вакцина, истакна компанијата, ја примиле 1,5 милијарди луѓе низ светот, вклучувајќи над 64 милиони Германци.

ЕМА тврди дека вакцината е безбедна и дека во првата година од пандемијата помогнала во светот да се спасат речиси 20 милиони животи. ЕМА, меѓутоа, признава дека по вакцинирањето постои мал ризик од развој на миокардитис и перикардитис, два вида на воспаленија на срцето и дека во голема мера ги погаѓаат младите мажи.

Агенцијата досега примила околу 1.7 милиони жалби за нуспојави кои се развиле по примањето вакцина против ковид-19. Станува збор за 0,2 случаи на 100 примени дози.

Во Европската економска зона (ЕЕА) се примени 768 милиони дози вакцини против ковид-19. Најчестите и вообичаени нуспојави се главоболка, треска, замор и болка во мускулите.

Continue Reading

COVID 19

СКАНДАЛОЗНО ТВРДЕЊЕ – Шефот на ФБИ вели дека коронавирусот веројатно потекнува од лабораторија во Вухан

Published

on

Во интервјуто за Фокс њуз, шефот на ФБИ, Кристофер Вреј, рече дека Кина „дава сè од себе за да се обиде да ги спречи и замати“ напорите за идентификување на изворот на глобалната пандемија. Како одговор на наодите на ФБИ, Пекинг го обвини Вашингтон за политичка манипулација.

Директорот на Федералното биро за истраги (ФБИ), Кристофер Вреј, изјави дека бирото проценило оти ковид-19 најверојатно потекнува од лабораторија во Вухан – градот од каде што вирусот започна да се шири кон крајот на 2019 година, по што прерасна во глобална пандемија, јави Би-би-си.

„ФБИ веќе подолго време проценува дека потеклото на пандемијата е најверојатно потенцијален лабораториски инцидент“,

изјави Вреј.

Во интервјуто за Фокс њуз шефот на ФБИ рече дека Кина „дава сè од себе за да се обиде да ги спречи и замати“ напорите за идентификување на изворот на глобалната пандемија.

Коментарите на Вреј доаѓаат еден ден откако американскиот амбасадор во Кина ја повика земјата да биде поискрена околу потеклото на коронавирусот.

Претходно и американското Министерство за енергетика изјави дека пандемијата на коронавирусот е предизвикана од кинеска лабораторија. Други американски владини агенции донесоа различни заклучоци со различен степен на доверба за наодите на ФБИ. Некои од нив со ниско ниво на сигурност рекоа дека вирусот не започнал во лабораторија, туку бил пренесен од животни на луѓе.

Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби во понеделникот рече дека американската влада не постигнала конечен заклучок и консензус за потеклото на пандемијата.

Како одговор на наодите на ФБИ, Пекинг го обвини Вашингтон за политичка манипулација.

„Кина остро се спротивставува на сите обиди за политичка манипулација под превезот на потрага по потеклото на коронавирусот. Бараме САД да ја почитуваат науката и фактите и да престанат да го политизираат прашањето за потеклото на коронавирусот“,

рече портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг.

Тензиите во билатералните врски меѓу САД и Кина се зголемија по неодамнешната сага за кинескиот балон кој се појави над САД.

Покрај ова, Соединетите Американски Држави директно ја предупредија Кина дека ќе ги таргетираат и ќе воведат санкции за нејзините фирми или луѓе вклучени во какви било напори за испраќање воена помош за Русија, односно за руските војници кои се вклучени во инвазијата на Украина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк