Connect with us

Забава

Дневен хороскоп за недела 25 јули

Published

on

ОВЕН

Работа: Максимално сте посветени на обврските. Добивате поволни вести од странските соработници.

Љубов: Расположени сте за дружење, но не успевате да запознаете личност која би ве заинтересирала.

Здравје: Одлично здравје.

БИК

Работа: Не успевате да ги надминете проблемите на работа, и поради тоа сте нервозни. Времето минува, а вие никако да се мрднете од таа точка.

Љубов: Брачниот партнер ви пружа поддршка.

Здравје: Напнатост.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Ги разработувате плановите со надредената личност. Имате слични ставови, така што разговорот е продуктивен.

Љубов: Имате прилика да влезете во необврзувачка афера, но другата страна не ве привлекува.

Здравје: Стабилно.

РАК

Работа: Ситуацијата е стабилна, и задоволни сте како работата се одвива. Ве очекува контакт со претставниците на медиумите.

Љубов: Уживате во времето поминато со партнерот. Тој знае како да ве опушти.

Здравје: Одлично здравје.

ЛАВ

Работа: Задоволни сте како се одвива работата. Сметате дека обемот на соработката може да се зголеми и нудите нови можности на другата страна.

Љубов: Уживате во емотивната и стабилна врска.

Здравје: Солидно здравје.

ДЕВИЦА

Работа: Атмосферата на работа и натаму е наелектризирана. Работите под тензија и не сте задоволни од работата, особено од финансиите.

Љубов: Одличен ден за ново познанство. Другата страна ви делува емотивно ставилно.

Здравје: Проблеми со циркулацијата.

ВАГА

Работа: Работата како да се одвива сама од себе. Поседувате знаење и и искуство и работните обврски станале рутински, без предизвици.

Љубов: Брачниот партнер е незаинтересиран, но и вие на таму имате емоции кон него.

Здравје: Стабилно здравје.

ШКОРПИЈА

Работа: Некои работи пробувате да ги решите на сила. Ако нешто не оди, подобро прифатете го така, и фокусирајте се на други обврски.

Љубов: Задоволни сте од односот со партнерот и тоа ви е најсветла точка во вашиот живот.

Здравје: Ќе ви годи физичка активност.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Прилично сте нервозни затоа што работата не се одвива онака како што сакате. Непланирани тешкотии ви ги одложуваат плановите.

Љубов: Имате добра комуникација со партнерот кој пробува да ве опушти и расположи.

Здравје: Напнатост.

ЈАРЕЦ

Работа: Припадниците на медиумите пробуваат да стапат во контакт со вас. Не ве интересира јавен настап па ги игнорирате.

Љубов: Ве очекува разговор со брачниот партнер околу птомоство.

Здравје: Стомакот е чувствителен.

ВОДОЛИЈА

Работа: Не наоѓате заеднички јазик со надредените. Камен на сопнување се финансиите. Вие сте штедливи, а другата страна се подготвени на ризици.

Љубов: Уживате во запознавање и добра комуникација со симпатијата.

Здравје: Внимавајте на исхраната.

РИБИ

Работа: Расположени сте, оптимистични, вредни. Имате големи очекувања кога работата е во прашање.

Љубов: Задоволни сте од врската. Имате впечаток дека конечно дошло до стабилизација.

Здравје: Нема проблеми на полето здравје.

Забава

Планетите ќе ја покажат моќта, овој датум е клучен: Три знаци ќе доживеат неверојатен пресврт и нов почеток

Published

on

Ни претстои важен астролошки настан, а тоа е Младата Месечина во Јарец, која не очекува утре, а симболизира нов почеток во животот.

Новата месечина на Јарец е астролошки момент кога Сонцето и Месечината се среќаваат во ист знак, што обично ја носи енергијата на почетоците, потенцијалот за нови почетоци и фокусирањето на поставувањето цели.

Јарецот е знак поврзан со амбиција, дисциплина, одговорност и поставување на темелите за иднината.

Оваа позиција на Месечината може да ја нагласи потребата да се постават јасни цели и сериозен пристап кон остварување на соништата и амбициите. Тоа може да донесе чувство на одговорност кон постигнување на лични и професионални цели. Исто така, поттикнува размислување за долгорочни планови и стратешки пристап за постигнување на посакуваните резултати.

Младата месечина во Јарец може да биде време за размислување за поставување на темелите за стабилност, без разлика дали се работи за кариера, врски или личен развој.

Тоа е период кога можеме да се осврнеме на нашите приоритети и да ја насочиме нашата енергија кон остварување на она што го сметаме за суштинско за нашата иднина. Ова е време да се фокусирате на долгорочните планови и да работите напорно за да ги постигнете вашите цели.

Младата месечина во Јарец е важна за сите хороскопски знаци, а носи позитивни промени за Јарците, Биковите и Девиците.

ЈАРЕЦ
Пред вас е период во кој е идеално време да започнете нешто ново. Овој нов почеток ќе биде видлив во интервалот од следните две недели.

БИК
Младата месечина ви носи можност да патувате но и да го промените погледот кон светот. Можете лесно да усвоите нова животна филозофија.

ДЕВИЦА
Младата месечина во Јарец ви носи нов емотивен почеток и можност да започнете романса.

Continue Reading

Забава

Почина кралот на сарказмот – Метју Пери (Видео)

Published

on

Познатиот актер Метју Пери, кој беше еден од ѕвездите на „Пријатели“, е пронајден мртов во својот дом, објавија американските медиуми. Тој имаше 54 години.

Извори од полицијата изјавиле за „Лос Анџелес тајмс“ дека Пери бил пронајден од екипите за итни случаи онесвестен во џакузи во неговиот дом во Лос Анџелес. Обидите за реанимација биле неуспешни.

Полицискиот службеник во Лос Анџелес, Дрејк Медисон, рекол дека отишле таму „поради истрага за смртта на маж на возраст од 50 години“.

Портпаролот на противпожарната служба на Лос Анџелес, Брајан Хемфри, рекол за „Ен-би-си“ дека тие први реагирале во куќата во Пацифик Палисадес во 16:07 часот поради „итна опасност од вода“ од непознат вид. Никој не бил пренесен во болница, додал тој.

Пери беше најпознат по тоа што го играше саркастичниот Чендлер Бинг во многу популарната серија на „Ен-би-си“ „Пријатели“, која се емитуваше 10 сезони, од 1994 до 2004 година. Улогата му донесе номинација за наградата Еми во 2002 година.

Во таа серија тој глумеше заедно со Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Мет Лебланк, Лиза Кудроу и Дејвид Швимер.

Видео:

https://youtu.be/QjnmPazw9EI?feature=shared

Continue Reading

Забава

Анастасија ја претставува Македонија пред светот на најубавиот можен начин (ВИДЕО)

Published

on

Анастасија Анастасова со своето семејство живее во Хамбург, Германија. Но, Македонија живее во нејзиното срце.Loading…

Ова девојче, кое следниот месец ќе наполни 11 години, имаше прекрасна идеја, за чија реализација се вложи максимално и затоа со гордост може да каже дека успеа.

Нејзина мотивација се љубовта кон родната земја и убавините кои Македонија ги поседува. Не мислеше дека е доволно за тие убавини да знае само таа, па сакаше да ги сподели со светот.

https://youtu.be/qBPj51IJx-M?feature=shared

Бесценето е да ги погледнете македонските богатства низ детските очи бидејќи нема нешто поискрено од детските емоции. Токму тоа стана успехот на Анастасија.

Оваа Македонка има свој канал на Јутјуб, кој го води на два јазика – германски и македонски. За да допре до срцата на сите, видеата имаат и англиски превод.

Семејството е нејзина најголема поддршка, па тие заедно работат снимање и монтажа, вложуваат свои средства, но пред сè – многу љубов.

Скопје, Прилеп, Струмица, Кавадарци, Кратово, Охрид се само дел од локациите каде Анастасија направи свои мини документарци. Пред снимање се подготвува со информации кои од срце им ги пренесува на сите што ја гледаат. Снима интервјуа со славни личности од Македонија, кои наидуваат на голем интерес од страна на публиката

https://youtu.be/_Ms9ztkcYrQ

Цел текст: https://kurir.mk/magazin/mladi-talenti/poglednete-gi-makedonskite-ubavini-niz-detskite-ochi-anastasija-ja-pretstavuva-makedonija-pred-svetot-na-najubaviot-mozhen-nachin-video/

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк