Connect with us

Македонија

„Сине мој, расти Габер и не се срами од татко ти,… за едните станав херој, за другите издајник“ – Писмо од Голи Оток испишано со конец по 72 години стигна во Музеј Кавадарци

Published

on

Писмо од Голи Оток со многу емоции, извезено на внатрешната страна на манжетната од кошула со распаран конец од затворските панталони, по 72 години стигна во Музеј Кавадарци.

Писмото го испратил политичкиот затвореник Боро Ангеловски-Ваташки. Тој всушност извезал тајна порака за својот двомесечен син Габер. Тајното писмо било везено во август 1949 година. Музејот го доби оригиналното извезено писмо на манжетната, од неговата ќерка, д-р Олга, која живее во Пула, Хрватска.

-Татко ми Боро Ангеловски-Ваташки е роден во село Ваташа 1919 година, а починал 1954 година, од откажување на бубрезите, како последица од злоставувањето во затворот на Голи Оток, кадешто бил до мај 1952 година. Ви ја испраќам оригиналната манжетна со пораката бидејќи нејзиното место е во музејот во Кавадарци. Како дел од историјата на Република Македонија, во чиешто создавање учествуваа покрај моите чичковци Наќо Ангеловски и Димката Ангелов-Габерот, така и татко ми, Боро Ангеловски-Ваташки. Манжетната ја испраќам по почитуваниот колега доктор Перо Пењушков, стои во писмото кое неодамна исто така го испратила доктор Олга од Пула.

Доктор Пењушков, кој ја донесе манжетната, рече дека се уште постојат траги од крв на писмото.

„Сине мој. Расти Габер и не се срами од татко ти”, му напишал Боро со конец на својот штотуку роден син. Надевајќи се дека еден ден пораката ќе биде во рацете на синот, тој му објаснил дека е свесен оти згрешил кон КПЈ и својата фамилија.

– За едните станав херој, а за другите издајник. Јас сум обичен комунист и како таков погрешив. Но треба ли да лежам на земе гол и да не ме праќаат во болница – прашува Боро Ангеловски во везеното писмо. “Само желбата да видам тебе и Хриса и да ве загрлам сине, праи да живеам. Хвала ти Хрисе на скапиот дар. За Габерот. Ве сака Боро. Ц. Затвор, 21.8.1949”, пишува Ваташки на крајот од пораката која е упатена и до сопругата Христина, која живеела во Пула со ќерката Олга.

Според кажувањето на неговата ќерка, татко и’ кошулата му ја дал на пријателот и сограѓанин Вано Ралев, кој бил ослободен од Голи Оток и требало да се врати во Македонија. Тие двајцата всушност си ги замениле затворските кошули, за да може Вано да ја пренесе пораката до најблиските на Боро. Според тоа што и го кажала мајка и, а и од она што го слушала од самиот Ралев кога била студентка, Вано не знаел дека манжетната била извезена и дека носи тајна порака.

– Можеби тоа е и среќна околност во тие виорни времиња, бидејќи тоа сознание за него би било кобно, знаејќи ги џелатите од Голи Оток. Кога Вано дошол во Скопје, ја дал кошулата на мајка ми. Таа зела да ја пере и видела дека се темнее манжетната. Ја распарала и ја прочитала пораката од татко ми, раскажува Олга.

Ваташки бил роден на 13 ноември 1919 година. Починал во 1954 година, кога му откажале бубрезите како последица на мачењето на Голи Оток. На злогласниот остров тој бил од мај 1949 до почетокот на 1952 година.

Боро бил еден од тројцата синови на илинденецот Ташо Ангелов. Сите тројца биле неприкосновени борци за Македонија. Според историчарот Петре Камчевски, на Голи Оток во тоа време, биле испратени дваесетина политички затвореници од Кавадаречко.

Директорката на Музејот, Весна Ѓорѓиева, кустос советник, се заблагодари за овој вреден подарок и рече дека тој во иднина ќе им раскажува на посетителите за историјата на едно време, на оригинален и емоционален начин.

МИА

Македонија

Лизгалиштето на Магнолија – магнет за празнична магија во Битола

Published

on

Лизгалиштето на плоштадот Магнолија е вистински празничен бисер во срцето на Битола! Со секој изминат ден привлекува сè повеќе љубители на зимските радости – од најмладите кои ги прават првите чекори на мразот до возрасните кои уживаат во атмосферата.

Не само битолчани, туку и гости од соседните градови ја доживуваат магијата на лизгањето, создавајќи незаборавни моменти. За сите кои не можат лично да ја почувствуваат оваа зимска бајка, ЈП Паркинзи овозможи пренос во живо преку следниот линк: Гледај во живо.

Празничната магија живее во Битола! Посетете го лизгалиштето и бидете дел од „Зимска приказна“ што го прави градот вистинска зимска дестинација.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието, во врска со тоа дали ќе се укине недела неработен ден вели дека неговиот став е дека или сите да работат со двојна или тројна дневница за работниците за тој ден или никој да не работи.

„И сега е недела работен ден, но, само за одредени економски оператори. Напишано е кои се тие оператори, во законот дури се ставени во квадрат. На пример, работи еден трговски центар што го отваравте со фанфари. Значи, и сега има економски оператори што работат во недела. Моето лично мислење е или никој да не работи во недела, вклучително и тие што сега работат, или, пак, тие што сакаат да работат да им даваат двојна дневница на работниците“, рече Мицкоски.

Continue Reading

Македонија

Ноќно скијање и снежни авантури во Ски-центарот Стрежево

Published

on

Снежната магија продолжува! Овој петок (27 декември) Ски-центарот Стрежево повторно организира ноќно скијање од 19 до 22 часот. Идеална можност за сите љубители на зимските спортови да уживаат во уникатното искуство на осветлените патеки.

За дополнително уживање, нашата чајџилница утре (четврток) ќе биде отворена од 8 до 16 часот, нудејќи топли напивки за вашите снежни моменти.

Подгответе ја вашата ски-опрема и повелете во Ски-центарот Стрежево за незаборавни зимски авантури.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк