Connect with us

Македонија

Тројца Македонци се попишале од Антарктикот, еден од вулкански остров 😊

Published

on

Во 50-тина земји во светот може да се каже дека пописот заврши само што почна, откако на онлајн апликацијата веднаш се регистрираа по еден, двајца, или максимум по тројца македонски државјани.

Тројца македонски државјани се попишале од далечниот Антарктик

Валис и Футуна – еден од трите вулкански тропски острови во Океанија, каде живеат 12.000 илјади жители, е дом и на еден Македонец. Тој е единствен кој засега се попишал и се евидентирал дека живее на оваа далечна дестинација. Вкупната површина на Валис и Футуна е 142.42 квадратни километри. Главен град на Валис и Футуна е Мата-Уту, кој воедно е и најголем град. Самата територија е составена од три вулкански тропски острови, кои се опколени со мали островчиња.

Оваа држава е меѓу 50-тината во светот за коишто може да се каже дека пописот заврши само што почна, откако на онлајн апликацијата веднаш се регистрираа по еден, двајца, или максимум по тројца македонски државјани. Иако статистичката операција трае до крајот на месецот, од јавно достапните податоци на Државниот завод за статистика од онлајн попишувањето на дијаспората, веќе може да се сумира на кои се далечни дестинации се „лоцирани“ македонски државјани, кои што заминале да работат и живеат во странство.

Малкумина евидентирани на егзотични острови

Во 45 земји во светот живеат по двајца или само по само еден македонските државјанин. Во 27 земји од март годинава на онлајн пописот којшто го спроведува Државниот завод за статистика, се попишал само по еден македонски државјанин. Бахами, Фокландските острови, Шри Ланка, Филипините, Бермуди и Боцвана се дестинации на коишто е евидентиран само еден државјанин од земјава. По еден Македонец е заведен во пописната евиденција и на егзотичните Кајманските острови, Камерум, Костарика, Кукови острови, Лаос, Мавританија и Маврициус.

Во Брунеи, Уругвај, Алжир, Аргентина, Екваторијална Гвинеја, Малдиви, Мароко, Мозамбик и Монголија пописот детектираше по двајца македонски државјани.

Во Брунеи, Уругвај, Алжир, Аргентина, Екваторијална Гвинеја, Малдиви, Мароко, Мозамбик и Монголија пописот детектираше по двајца македонски државјани, коишто живеат и работат на овие далечни дестинации. Двајца Македонци има и во Доминиканската република, Панама, Аланд острови.

Тројца македонски државјани изминативе години заминале на Антарктикот, исто толкава бројка живеат и во Џибути, на Фарските острови, во Еквадор, Замбија, Перу, Сејшели и Бонер, Сент Еустатиус и Саба.

На пописот се пријавиле и четворица во Виетнам и Камбоџа, додека петмина Македонци живеат во Аруба. Девствените острови се дом за петмина иселеници од земјава, шетстмина на Хаити, а десетмина Македонија ја замениле со Брегот Слонова коска како дестинација за живот.

Највеќе иселеници во Швајцарија

Според последните податоци од пописот на дијаспората, евидентирани се 194.926 граѓани коишто ја напуштиле Северна Македонија. Пописот досега најголем број иселеници изброја во Швајцарија – 63 281, во Германија се попишале 44.333 граѓани и во Италија – 27 265. Во Австрија на пописот се одзвале 11.222 иселеници. Помал е интересот во Франција каде има 1.802 попишани, во Обединетото кралство- 2575, а слаб одзив има и во САД – каде досега се пријавиле 8.413 граѓани. Во Австралија се попишале само 2.769 иселеници.

Што се однесува до регионот, пописот досега изброја 417 македонски државјани во Албанија, 587 во БиХ, 491 во Бугарија, како и 180 македонски државјани во Грција. Во Косово се попишале 1198 македонски државјани, во Словенија 3666, во Хрватска 1544, во Србија – 190 и во Црна Гора – 198 иселеници.

Преземено од Дојче Веле

Македонија

На празник си заминуваат праведните: По долго боледување, почина таткото на Тоше Проески

Published

on

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

–Светол патот, татко мој! – напиша таа на социјалните мрежи. 

Continue Reading

Македонија

Ќе ве расплаче! Објавена “Кажу да време лечи све” – гласот на нашиот ангел изваден со посебна технологија (ВИДЕО)

Published

on

„Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”… се стиховите од рефренот на последната отпеана песна, која се чинеше никогаш нема да го здогледа светлото на денот.

Имено, со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка, која денес доживеа свое издание.

Песната е оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој што Тоше ги имаше во неговиот живот- нашиот познат радио водител, диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како Ерик Фокс, кој одлучи оваа демо снимка комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.

Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Ерик Фокс).

Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД Костадин Камчев – „Студио Моцарт“ од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер.

https://youtu.be/mpizP1g2dBo

Continue Reading

Македонија

Денеска ќе наполнеше 43 години: На денешен ден е роден Тоше Проески

Published

on

Во Прилеп на денешен ден е роден Тоше Проески.

Музичката кариера ја започна со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отворија песните „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“, „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Тој беше претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освои 14-то место со песната „Ангел си ти (Life)“.

Во 2004 година, Проески беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издаде песната „За овој свет“. Со песната „Чија си“ во 2003 година Тоше победи на белградскиот музички фестивал „Беовизија“ со што дефинитивно прерасна во најголема регионална музичка ѕвезда на некогашните ЈУ простори.

Тој ги објави албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ако ме погледаш у очи“ – верзија на српски јазик (2003) „Ден за нас“ (2004), „Дан за нас“ – верзија на српски јазик (2004) „По тебе“ (2005), „Пратим те“ – верзија на српски јазик (2005) „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007) и „Игре без границе“ – хрватска верзија (2007).

Сингловите од албумот „По тебе“ по неколку месеци се наоѓаа на највисоките места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина.

Неговото издание „Божилак“ е компилација од преработки на 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД-изданија на негови концерти во 2004 и 2006 година.

Речиси секоја негова песна беше хит како што се: „Усни на усни“, „Соба за тага“, „Ако ме погледнеш в очи“, „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Срце није камен“, „Кој ли ти гризе образи“.

Тоше ги привршуваше студиите на Музичката академија во Скопје и работеше на музичката кариера за своја промоција во светски рамки.

Последниот концерт во Македонија го одржа на 5 октомври на Градскиот стадион ( Арената Филип Втори) во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава.

Постхумно државата Република Македонија го прогласи за заслужен граѓанин.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Владата на Република Македонија во негова чест во неговото родно Крушево изгради мавзолеј – Спомен куќата на Тоше, каде низ музејска поставка од восочни фигури со неговиот лик во природна големина, лични предмети, музички инструменти, фотографии, видеа, сувенири… е прикажан целиот негов живот и музичкиот опус во кусата, но пребогата кариера

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк