Connect with us

Uncategorized

Денеска се слави Светиот великомаченик НИКИТА

Родум од Готите, ученик на епископот Теофил Готски, кој учествуваше на Првиот Вселенски Собор. Кога готскиот кнез Атанарик почна да ги прогонува христијаните, тогаш свети Никита застана пред кнезот и го изобличи за безбожништво и нечовечност.

Мачен со страшни маки, Никита сè посилно ја исповедаше верата Христова и Му се молеше на Бога со благодарност. И умот непрестајно му беше воздигнат и вдлабочен кон Бога, а на градите под облеката ја држеше иконата на Пресвета Богородица со предвечниот Младенец Христос, во став на стоење кога во рацете го држи Својот крст.

Никита ја носеше оваа икона бидејќи Пресвета Богородица му се јави и го утеши. Најпосле мачителот го фрли Христовиот војник во оган, во кој маченикот издивна, но неговото тело остана неповредено од огнот. Неговиот другар, Маријан, го пренесе телото од Готската земја (Влашка и Бесарабија) во Киликија во градот Мопсуест, каде му изгради црква на свети Никита и неговите чудотворни мошти ги положи во таа црква. Свети Никита пострада и се прослави во 372 година.

Чудотворен Манастир Св. Никита, единствен во Македонија, се наоѓа на падините од планината Скопска Црна Гора, помеѓу селата Бањане, Чучер и Горњане. Црквата е изградена од крал Милутин на преминот од 13-ти кон 14-ти век. Таа има карактеристична византиска архитектура и фасадна декорација, додека внатрешноста е покриена со живописот на познатите зографи Михаило и Ефтихиј. Денес се уште функционира како сакрален објект кој привлекува бројни верници и посетители, посебно поради магиските моќи на „љубовниот камен“ под кој се закопани коските на самиот светител.

Црквата има карактеристики низ кои се рефлектираат историските случувања од периодот на нејзиното градење. По српските освојувања територијата на денешна Македонија е поделена така што нејзините јужни делови припаѓаат на Византија, а северните, вклучувајќи ја и Скопска Црна Гора, влегуваат во границите на Српското Кралство под власта на Милутин. Тој по освојувањата дипломатски ги зацврствува своите односи со Византија преку брак со нивната млада принцеза Симонида. Целејќи кон модернизација тој прифаќа многу византиски влијанија кои, покрај другото, се манифестираат и во модата, сликарството и архитектурата. Гради низа сакрални објекти на територијата на неговото кралство, од кои некои имаат и западни романички влијанија. Но, црквите од Македонскиот регион, ги задржуваат само византиските карактеристики, како што се куполни решенија, опус на ѕидање и фасадна декорацијата.

Овој храм го гради врз темелите на постара црква и тоа со едноставно решение на впишан крст без нартекс, покриен со сводови и купола. На источната фасада се наоѓа повеќестрана апсида, која е карактеристична за овој регион.Останатите три фасади се решени во систем на триумфална порта – три лаци од кои централниот е повисок, а двата странични се пониски. Надворешната декорација се состои од керамопластика и второстепена пластика. Самото ѕидање е изведено во опус клуазон, а кај лаците и куполата има и посебни декорации од тула. Вовлекувањето на фасадните полиња во слепи ниши предизвикува дополнителна разиграност на надворешноста.

Внатрешните ѕидни површини се покриени со живописот на познатите мајстори Михаијло и Ефтихиј, кои работат на повеќе цркви под ктиторство на кралот Милутин. Нивните фрески се карактеристични за новиот стил кој претставува врвно достигнување на византиското сликарство. Тие го смалуваат форматот на сликите кои се простираат по целата површина на ѕидовите и сводовите, што им овозможува вметнување на уште повеќе композиции. Фреските се карактеризираат со разработени детали и наративност, разкажувајќи низа настани од Библијата и историјата преку сцени кои содржат многу ликови, последени со динамичност и колоритност.

Во средината на храмот е поставен кружниот камен под кој крал Милутин ги има закопано коските на светителот Никита. Се верува во магиските моќи на овој камен со кој е поврзан ритуалот за исполнување на желби. За извршување на обредот верникот застанува на кружниот камен се крсти, се врти во круг три пати и кажува молитва за љубов или здравје.

Неговото стратешко позиционирање на врвот на ридот му обезбедуваат на манастирот поглед кон околната природа и Скопската Котлина. Неговиот двор најмногу се користи од посетителите на црквата за време на разните обреди, но им служи и на повремените станари кои престојуваат во конаците. При добрите временски услови оваа атмосфера се збогатува со групи на млади кои го користат дворот за собирања, пикници и одмор. Токму збирот на овие различни намени го збогатуваат манастирот, правејќи го историско наследство кое продолжува да живее и денес.

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг