Connect with us

Македонија

Тpaгедија на ден пред неговиот роденден: 3aгина еден од пожapникарите од Словенија кој доброволно гacнеше во Македонија

Published

on

Во сообраќајна несреќа почина младиот пожарникар од Словенија, Жан Кофол.

Тој беше еден од доброволците кои пристигнаа во Пехчево летово, кога голем дел од шумите беа зафатени од пожари.

Македонската јавност за него дозна преку фото-сториите на Дојче Веле.

Кофол почина само еден ден пред да наполни 20 години.

-Ин Мемориам

Од Словенија денеска ни пристигна тажна и трагична вест за смртта на Жан Кофол, пожарникарот кого го портретиравме за време на пожарите во источна Македонија во август годинава. Кофол беше меѓу најмладите доброволци кои пристигнаа од Словенија и со денови учествуваше во гаснењето на огнената стихија во околината на Пехчево.

Кофол го загуби животот во сообраќајна несреќа во близина на родната Нова Горица во вторникот на 28 септември, еден ден пред неговиот 20 роденден.

Слава му!

Македонија

„Балансерот“ денеска на дневен ред на седница на Уставен за донесување на конечна одлука

Published

on

да донесе конечна одлука по предлог постапката за оценување на уставноста и законитоста на „балансерот“ – алатката за вработување според национална припадност во државните институции.

На дневен ред на 27. седница на Уставниот суд се предвидени шест иницијативи за оценување на уставност и законитост, како и гласање по шест предлози за донесување на конечни одлуки и да утврди пет нацрт- решенија. 

Уставниот суд на 18 септември на седница расправаше дали со наведувањето на припадноста на заедницата којашто е потребна за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на секое работно  место, односно дали со „обврска на кандидатите за админстративни службеници во пријавата за вработување меѓу останатите лични податоци да наведат и припадност на заедница“ се  нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува и уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување.

Судот по неколкучасовна расправа, донесе одлука да поведе постапка за одредби од Законот за вработени во јавниот сектор – (Член 19 став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“), Законот за административни службеници – (Член 36 став 1 алинеја 1 во делот „и припадност на заедница“), Правилникот за задолжителни елементи во јавниот оглас при вработување во јавен сектор – (член 2 став 1 алинеја 8 во делот „припадноста на заедницата/заедниците“, член 2 став 2 и 3 член 3, став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“), Правилникот за формата и содржината на регистарот на вработените во јавниот сектор – (член 3 став 1 алинеја 8), како и Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување

Continue Reading

Македонија

​ЗЕЛС им донираше возила на општините Зрновци и Центар Жупа

Published

on

ЗЕЛС им донираше возила на општините Зрновци и Центар Жупа. Во просториите на ЗЕЛС, денес градоначалникот на Центар Жупа, г-дин Аријан Ибраим и градоначалникот на Зрновци г-дин Борчо Коцев-градоначалник на Општина Зрновци ги потпишаа договорите за примопредавање на две користени возила на ЗЕЛС.

-Станува збор за возила марка ,,Opel“, од кои едното е караван, што се произведени во 2008 година. Овие возила беа доделени низ транспарентен процес со донесена одлука од членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС на последната седница одржана во Кавадарци. На оваа одлука претходеше предлог донесен од формирана Комисија за распределба на двете користени возила на ЗЕЛС, во состав на градоначалниците на општините: Македонски Брод, Жарко Ристески на Студеничани, Азем Садики и на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски. За изборот беа утврдени следните критериуми: 1. Општината да ја платила членарината кон ЗЕЛС заклучно со 2023 година; 2. Општината да има реална потреба од возило што ќе се утврди со бројот на возила кој во моментот го има во своја сопственост споредена и дополнително направена проверка на пријавениот број на возила на општините со оној утврден во Државна комисија за спречување со корупција.; 3. Општината да не биде поголема од 10.000 жители; 4. Општината да не припаѓа на скопскиот плански регион-изјави Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски.

Continue Reading

Македонија

Врховен суд: Граѓаните ќе може да ја тужат државата поради загаден воздух

Published

on

Врховниот суд денеска на општа седница утврди начелен став дека „државата е должна да обезбеди здрава животна средина, меѓу кои и правото на чист воздух, како поединечно право на граѓаните“, по поднесена Иницијатива од страна на Адвокатското друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“, за утврдување начелен став и правно мислење, за тоа колку државата обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина, согласно законски утврдените должности и надлежности во областа на животната средина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк