Connect with us

Скопје

Наставник малтретира дете во скопско училиште (ВИДЕО)

Published

on

Вознемирувачко видео од наставник кој  малтретира дете се појави на социјалнитa мрежa ТикТок.

Според објавата, немилиот настан се случува во скопско училиште.

Станува збор за училиштето „Панајот Гиновски“ во населбата Бутел.

Скопје

Дел од Сопиште без вода, цистерна ќе кружи низ улиците

Published

on

Поради уличен дефект на водоводен цевка Ф 110мм, во долот над Црквата Св. Мина н.Сопиште, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улица 1, непарните улици 3,5,7и 9 и парните улици 8,10,12,14 и 16.

Како што соопшти РЦУК, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 18:00 часот до завршување со работните активности.

Поради непристапност на теренот кај што се наоѓа дефекто истиот ќе се пролонгира за утре, 23 декември.

Како што соопштуваат од РЦУК, обезбедено е цистерна со питка вода која вечерва и утре ќе кружи низ горе наведените улици кој немат вода во н. Сопиште.

Continue Reading

Скопје

Без струја утре делови од Аеродром, Сарај и Кисела Вода

Published

on

Без електрична енергија утре ќе бидат корисниците од дел од општините Аеродром, Сарај и Кисела Вода, а задутре корисниците од Општина Карпош.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија, утре од 7:00 до 16:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Божин Николов“, „Хаџи Трајко“ и „Горно Лисиче“, во делот кон селото Долно Лисичче.

Од 8:30 до 16:00 часот, корисниците од објектите во околината на Езеро – Треска во Сарај, а од 11:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Милан Мијалковиќ“.

Во вторник, 24 декември, од 19:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата Струшка во Општина Карпош.

Continue Reading

Скопје

Важно соопштение од ЈП Водовод и канализација

Published

on

Секторот Санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација Скопје на ден 22.12.2024 година изврши вонреден мониторинг на водоснабдителниот систем на градот Скопје кој беше во прекин со водоснабдување на 21.12.2024 година поради изведување на активности за санација, реконструкција и модернизација на градската водоводна мрежа.

Мониторингот опфати 9 (девет) клучни места и тоа во Автокоманда, Сингелиќ, Маџари, Ново Лисиче, Центар, Драчево, Пржино, Ѓорче Петров и Карпош од каде беа земени примероци од водата за пиење врз кои беше изведено физичко-хемиско и микробиолошко лабораториско тестирање.

Покрај теренските мерења на рутинските параметри, тестирање беше изведено со стандардни методи и јонска хроматографија за физичко-хемиската анализа, како и со полимераза верижна реакција метода за микробиолошката анализа.

Сакаме да ја информираме јавноста дека од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки ОДГОВАРААТ на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), со што констатиравме дека водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може од страна на граѓаните непречено да се користи.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк