Connect with us

Uncategorized

Оваа ПОЛИЦАЈКА му одржа лекција на БАЛКАНОТ: Извинете луѓе, што ние си ја работиме својата работа, а вие само фаќате сеир!

Покрај речиси секојдневната опасност по сопствениот живот, работата на полициските службеници со себе носи и други предизвици – страшни сцени од сообраќајни незгоди, насилство или природни катастрофи кои се врежуваат во меморијата до крајот на животот. Ваквите глетки и ситуации се само дел од карактеристиките на службата, а за сета оваа работа, најчесто полициските службеници се негативно оценети и вреднувани во општеството – особено за време на пандемијата на коронавирусот.

Токму ова било и темата на текстот објавен лани на еден хрватски портал кој својата слава ја доживеа деновиве на социјалните медиуми – и тоа поради силната и емотивна порака која ја испраќа.

-Се извинуваме што ја работиме нашата работа. Ве молам, извинете, што станав од кревет во раните утрински часови, ја облеков мојата униформа и отидов на работа. Извинете што денес можеби вашиот пијан сопруг, син, мајка, девојка, дечко или татко ќе биде застанат на пат бидејќи возел пијан и ќе му биде одземена возачката дозвола. Извинете, ве молам, што можеби со моето застанување ќе го спасам него или некој друг на патот и што можеби заради мене тој нема да ги пополни страниците во весниците посветени на црна хроника. Простете луѓе, што ние полицајците си ја работиме својата работа.

Going equipped

Простете ни што секој пат кога ќе дојдеме на местото на уште една сообраќајна незгода имаме грчеви во стомакот и не облева страв по цело тело затоа што не знаеме што ќе видиме. Простете што и на +40 степени или -20 степени ние подеднакво функционираме – што на автопатите на кои се развива ненормална брзина се обидуваме да ги заштитиме беспомошните и повредените и што не дозволуваме на љубопитни луѓе да фотографираат незгоди правејќи пари од туѓата несреќа. Простете, што се обидуваме да го заштитиме достоинството на починатиот, но и на неговото семејство кое е завиено во црно и кое не сака овие фотографии да кружат низ медиумите и социјалните мрежи.

Семејно насилство

-Извинете ве молам, што кога ќе дојде пријава за семејно насилство не знаејќи што не чека зад затворените врати, дали тоа ќе биде куршум или нож, ние влегуваме и се обидуваме да ја спасиме жртвата. Простете, што и на дожд, ветер, сонце и студ со маски на лицето секојдневно стапуваме во контакт со потенцијални преносители на коронавирусот – без да имаме соодветна заштита. Простете ми што не ви дозволив да влезете со вашето семејство во ковид болницата и те одвоив 15 дена од саканите или за жал засекогаш.

Им се извинуваме на сите

Извинете за секој како што вие велите луд полицаец кој се однесувал со новинарите на груб начин и се обидувал да го заштити достоинството на болниот или починатиот. Се извинуваме за таквата ароганција, не знаевме дека е непочитување да молиме непознат човек да се тргне од местото каде се случила одредена трагедија. Извинете за секој ден поминат во служба, за смените кои траат бесконечно, за деновите кога ништо не сме јаделе или пиеле, кога не пржи сонце, или кога не дува ветер со часови. Извинете што сме ве навредиле сакајќи да им пружиме грижа на повредените. За секоја смена од безброј часови. За секој строг поглед. За секој ден кога мислиме дека е последниот ден кога ќе ги видиме нашите најблиски.

Ве молам извинете за овие постапки. Ете прифатете го нашето извинување и имајте на ум дека баш тој полициски службеник кој дрско го навредувате и понижувате – можеби токму тој ќе ви треба вам, на вашето семејство.

Се извинуваме што не сакаме да ви се извиниме за работата што ја работиме

И за крај, замислете барем на момент да не нема нас, полициските службеници – би било супер зар не? Вие ќе пиете безгрижно и ќе седнете зад волан, ќе возите неисправни автомобили, без возачки дозволи, ќе шетате со оружје во џебовите, ќе ги тепате вашите мајки, татковци, жени, синови, ќерки…Светот тогаш би бил совршен. Односно повеќе ќе е готов, отколку совршен. Е тогаш ќе живеете безгрижно, ќе седите дома и ќе се прашувате дали вашето дете ќе се врати дома од училиште. Дали ќе успее да помине улица од автомобилите кои возат 200км/ч. Девојките безгрижно ќе шетаат низ град и не би размислувале каков болесник може да ги најде на пат. Ќе биде тоа еден прекрасен свет, без грабежи, без грижи и без гужви.

И уште нешто, ви се извинуваме зошто не сакаме да ви се извиниме за работата која ја работиме.

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг