На Владата ѝ престанува мандатот ако премиерот поднесе оставка, ако ѝ биде изгласана недоверба во парламентот или ако Собранието се распушти, на таа останува на должност до изборот на нова влада. А нова влада составува мандатар што ќе обезбеди мнозинство од најмалку 61 пратеник во парламентот и ќе добие мандат од претседателот на државата.
По објавената оставка на Зоран Заев од премиерската и претседателската функција во СДСМ поради неуспехот на локалните избори, се наметнува прашањето што ќе се случува сега. Заев синоќа истакна дека според него не треба да има вонредни парламентарни избори.
„Претстојат одлични и неповторливи 2,5 години за работа и економски успеси од корист ќе има целиот наш народ и државата“, рече Заев.
Тој најави дека периодов помогне да се реорганизира нова влада со „прогресивно мнозинство кое го има и постои, а може да биде и уште зголемено“.
Веќе денеска, премиерот во оставка, ги повика во Владата лидерите на партиите од досегашната владејачка коалиција, на кои се очекува да се разговара за резултатите од изборите и понатамошните чекори коишто ќе бидат преземени.
Мицковски пак, во својот говор после победата на локалните избори, рече дека е време за ново парламентарно мнозинство и за предвремени избори. „Овие избори ги делегитимираа сите политики на власта. Во однос на ново парламентарно мнозинство, најдобро е времето да покаже. Што понатаму? Мислам дека најдобро би било да се распишат предвремени парламентарни избори. За да има предвремени избори, треба да има мнозинство и во парламентот. Оставете времето да покаже и да ги реши дилемите. Една од тие дилеми е и кога ќе бидат предвремените избори. А, ќе бидат многу скоро“, рече синоќа Мицкоски.
Според членот 93 од Уставот, оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата. На Владата ѝ престанува мандатот ако премиерот поднесе оставка, ако ѝ биде изгласана недоверба во парламентот или ако Собранието се распушти, на таа останува на должност до изборот на нова Влада. Во Членот 219 од Деловникот на Собранието е наведено дека Владата, претседателот на Владата или член на Владата можат да поднесат оставка.
Оставката на Владата или на претседателот на Владата, се поднесува до претседателот на Собранието во писмена форма и може да се образложи. Оставката на Владата или на претседателот на Владата, претседателот на Собранието веднаш ја доставува до пратениците и до претседателот на државата. Собранието на првата наредна седница, без претрес, констатира дека на претседателот на Владата, на Владата или на член на Владата, мандатот им престанува на денот на одржувањето на седницата.
Оставката на премиерот Заев од претседател на Владата и од лидер на СДСМ се’ уште е „фејсбук оставка“, се уште не е испратена до институцијата каде што треба да биде доставена, а тоа е Собранието на Република Македонија, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието Никола Мицевски.
Додаде дека во зависност од писмото што ќе биде добиено ќе се знаат и процедурите, односно она што ќе треба да се прави како наредни чекори во Собранието. Посочи дека „согласно Уставот имало постапки каде претседателот на Републиката по доставувањето на оставката, таа се констатира во Собранието и претседателот на Републиката е должен во рок од 10 дена да ја достави на мандатар кој ќе приложи мнозинство од 61 пратеник, па потоа мандатарот има 20 дена за одлучување, односно за составување на новата влада. Тоа, како што рече, ќе се види откако ќе биде доставена оставката. “
Сообраќајот на Евзони повторно во прекин од 17 часот
АМСМ информира дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица).
Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.
АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлинските и клисурните делови, каде што постои ризик од одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери
Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.
Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.
Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.
Андоновски најави: Доаѓа единствениот електронски идентификациски број за сите граѓани
Иако технолошката основа постои, македонските институции функционираат како „засебни острови“ и го кочат дигиталниот развој на државата, порача министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска во Скопје. На годишната конференција на Американската стопанска комора, тој отворено ја критикуваше администрацијата и најави радикални мерки за искористување на заспаниот потенцијал на Платформата за интероперабилност.
„Не се доволни 2,6 милиони трансакции месечно на оваа платформа, може и мора да има десет пати повеќе“, беше јасен Андоновски. И покрај огромниот раст од 274% во ноември 2024 година во споредба со просекот, министерот смета дека тоа е само почеток. Проблемот не е во ИТ-то, туку во менталитетот и однесувањето на институциите.
„Вчера од еден од покрупните директори слушнав ваква констатација – тоа е мој податок што го прибирам по мои закони и немам зошто да го споделувам со друга институција од друг сектор. Проблемот е системски во размислувањето на администрацијата.“
Во насока на поврзување на податоците и заштита на граѓаните, Андоновски откри дека вчера Владата ги прифатила измените на Законот за Централен регистар на население, со што се воведува единствен електронски број на граѓанинот.
Овој број ќе биде анонимизиран матичен број. Ќе биде реплициран и во единствениот даночен број за граѓаните. Целта е да се поврзат податоците за секој граѓанин без да се загрози неговата приватност.
Иако Платформата за интероперабилност е задолжителна за сите 400 државни институции, досега се приклучени само 78. Министерот вели дека ова мора да се промени.
За првпат, со законски измени се воведува инспекциски надзор и се формира сектор за контрола. Конечно се предвидени казни и санкции за институциите кои одбиваат да се приклучат и да разменуваат податоци. Се очекува наскоро да се приклучат и коморите на нотарите, извршителите и адвокатите, како и приватните компании, кои сè уште се само десетина.
Андоновски истакна дека Македонија, за разлика од многу други држави, веќе ја има технолошката основа за комуникација меѓу институциите. „Има и поразвиени држави од нас кои ја немаат оваа платформа и за секоја услуга развиваат билатерални врски една со друга институција. Тоа кај нас е олеснето“, рече тој.
Министерството веќе работи на инсталирање на набавената нова хардверска инфраструктура за забрзување на размената и зголемување на безбедноста.
„Секоја нова електронска услуга нема да ја поддржуваме сè додека нема информација дека ја користи платформата во вистинска смисла.“
Најавени се и активности за дигитализација и приклучување на клучни регистри како Регистарот за адреси и новиот Интегриран информациски систем за управување со финансии (ИФМИС) во Министерството за финансии.