Connect with us

Скопје

Голем пожар кај Мирковци во Чучер Сандево

Published

on

Голем пожар е пријавен денеска попладне над селото Мирковци на патот за селото Бродец, кај местото Рамно во Општина Чучер Сандево. Од ЦУК известуваат дека веднаш на терен излегле екипите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

-Поради комплексноста на состојбата и бидејќи пожарот од една страна е проширен кон високата дабова и букова шума од ридот, екипите се соочија со потешкотии при гаснењето на пожарот, при што беше неопходна поддршка и од воздух.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, преку секторот за операции и координација во ЦУК покрена постапка за подигање на армиски хеликоптер. На просторот каде што избувна пожарот се наоѓаат и воени армиски објекти, кои со поддршка на припадниците на АРСМ успешно се локализирани, информираат од Центарот за управување со кризи.

Се очекува дејствување од воздух и на армискиот хеликоптер.

Избор – Скопско ехо

Скопје

Каков народ, таква елка на плоштад… (Фото)

Published

on

Елката во Скопје иако крива, но и недокитена – стана популарната во Македонија. Ги засени сите декорации направени во другите делови од Македонија, но и другите општини во Скопје. Никој не знае зошто не е целосно украсена, а ниту која е фирмата која ја поставува за што ќе треба да платат скопјани. За нејзината популарност зборуваат бројните коментари и фотографии со неа.

„Каков народ, таква елка на плоштад: сиромашен, ужасен, грд за гледање“, стои во коментар на „Х“.

Да видиме што велат граѓаните:

Continue Reading

Скопје

О.У. Песталоци во тишина: Прости ни Вања, не знаеме како да се поздравиме…

Published

on

Тага и молк во основното училиште на убиената Вања Ѓорчевска. Во Ј.Х.Песталоци отворена книга на жалост. Се потпишуваат родители, познаници, но и соученици.Наместо детски џагор, тишина низ школскиот двор.

-Наставниците не умеат да ја решат оваа задача, Вања.
Прости ни, не можеме, не знаеме како да се поздравиме…
Нека ти биде светол патот кон вечноста! Твојата насмевка и искрена душа засекогаш ќе останат во нашите срца.
Со неизмерна болка и љубов, твоите наставници и соученици, најмила Вања!- стои во објавата.

Continue Reading

Македонија

Умре и Флопи – Зоолошка Скопје остана без жирафи

Published

on

Умре и третата жирафа во скопската Зоолошка градина Флопи. Како што дозна САКАМДАКАЖАМ.МК од  вработени во градината, единствената жирафа која остана во градината починала вчера попладне.

Сега во градината нема ниту една жирафа. Во мај годинава умре Каспер, а во јануари 2021 година Тобого.

Жирафите Тобого, Каспер и Флопи беа омилените жители на посетителите во скопската зоолошка градина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк