Connect with us

Македонија

Почина Димитар Узунски, легендата на Пијанечкото-народно творештво

Published

on

На 83 години вчера почина  народниот уметник, фолкористот Димитар Узунски. Веста ја соопшти секретарот на здружението ,,Копачка”, Перса Стојановска која истакна дека Узунски ја загубил битката со болестите.-Со неизмерна тага и болка соопшуваме дека нашиот драг претседател Димитар Узунски, ја загуби битката со болестите и не напушти засекогаш. Неговото заминување несомнено ќе биде само телесно, додека неговиот дух ќе остане вечно да живее во неговите дела кои ќе сведочат за неговиот живот во кој се даде себеси со несебично, крајно одговорно, со целосна посветеност во негувањето, трансмисијата и одржливоста на пијанечкиот фолклор а пред се на орото „Копачката”, рече Стојановска.

Со негова заслуга како што додаде „Копачката” во 2014 година беше прогласена за национално културно наследство со особено значење од исклучителен интерес, а воедно и беше впишано во УНЕСКО, во Репрезентативната листа за нематеријални културни наследства на човештвото.-Димитар Узунски е роден на 22.09.1938 година во село Тработивиште, општина Делчево. Завршил Педагошка академија група музичко воспитување во Скопје.

Над 50 години ја раководи ФГ КОПАЧКА с. Драмче и со неа има бројни настапи во земјата и странство како пејач, организатор, инструменталист и играорец. Кога го предаваше архивскиот материјал за негова национална и светска заштита во Министерството за култура, рече: „Ви го давам срцето”, додаде Стојановска.Узунски како надворешен соработник на Институтот за фолклор до длабока старост се занимаваше со собирачка активност.-За МТВ  имаше учествувано во повеќе емисии, а за радио Скопје снимил 40 изворни пијанечки народни песни.

За програмата на РТДелчево, за 12 години подготвил над 400 емисии, за серијата емисии „Од фолкорното богатство на нашето поднебје”. Објавил три монографии: „Разловци”; „Дедо Митко- ороводецот на Копачката” и „Копачката, чекор по чекор до УНЕСКО- мојот живот со Копачката”, додаде секретарот на ,,Копачка”.Узунски има освоено повеќе признанија и награди меѓу кои и наградите за „Особено истакнат педагошки работник”-1980; Гран при од ФИИП „Пеце Атанасовски” 2011; Плакета за животно дело од Градоначалникот на општина Делчево, по повод „100-год град Делчево”; Државна награда за народен уметник, 23-Октомври во 2014 год; „Најдобар културен работник на Источна Македонија”.Последно простување од својот Претаедател упатија и од здружението.

-Нека ти е светол патот драг наш Претседателе, почивај во рајот, во мир. За секогаш ќе останеш во нашите срца на сите нас носителите на нематеријалното светско културно наследство орото „Копачката” и во знак на завет длабоко ти се поклонуваме и ти ја одаваме нашата последна почит, исѕакнаа од ЗФГ ,,Копачка”.Димитар Узунски ќе биде погребан денеска во 10 часот на градските гробишта во село Тработивиште.

Македонија

Екс обвинителот Димоски вечерва раскажа случка која ја стаписа Македонија: Условно осудија 20 годишник, неколку години подоцна…

Published

on

Бев тазе избран обвинител. Дента завршивме судење, а обвинетиот според сите докази им имаше овозможено на неколку негови врсници да употребат хероин кој претходно тој го набавил. Сите имаа по едвај дваесет години. 

Неколку дена откако ја примив пресудата со која обвинетиот доби условна казна, на врата ми дојде една жена која се претстави како негова мајка. Побара од мене да не сум се жалел за пресудата. Детето било добро и ова било некаква завера против него. Ја испратив со совет да ги отвори очите и да не му верува премногу на нејзиниот син.

Апелација ја потврди условната пресуда.
Неколку години подоцна, на дежурство полицијата ме извести дека истиов овој, откако не му дала пари за да купи дрога, си ја завиткал во тепих едвај подвижната баба, го полил со бензин тепихот и го запалил.

Еден колега, Бог да го прости, секогаш велеше дека најтешко од се е да бидеш добар родител.

Тежината се состои во одбирањето на размерот помеѓу гушкањето и строгоста!
Бог да нѝ помага на сите!

(ФБ статус на поранешниот обвинител од Охрид, Воислав Димоски)

Continue Reading

Македонија

ИСТАТА СУДИЈКА ШТО ГО ОСЛОБОДИ ВАСКО САКАШЕ ДА ЈА ЗАТВОРИ ВМРО-ДПМНЕ Таа беше носител на неправдата во случајот „Талир 2“

Published

on

„Во притвор денеска треба да биде и оваа судијка, која одработувала политички. Додека не бидат исчистени сите вакви од судовите, нема да има доверба“, пишува Димче Арсовски на Фејсбук.

Судијката Даниела Алексовска-Стојановска, за која денес читаме дека прифатила ургенција на поранешен министер во одбрана по партиска линија (СДСМ) да го ослободи деликвентот што сега направи убиство со моторно возило, „иако претходно требало по секој основ наместо позади волан да биде позади решетки“, е истата судијка која „од политички побуди тргна да ја затвори ВМРО-ДПМНЕ како партија“.

Ова го тврди Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, потсетувајќи дека истата судијка е „носител на неправдата“ во случајот „Талир 2“.

Арсовски судијката ја смета за одговорна за убиството на младата Фросина Кулакова.

„Во притвор денеска треба да биде оваа судијка, која одработувала политички. Додека не бидат исчистени сите вакви од судовите, нема да има доверба“, пишува Арсовски.

Ова е неговиот пост на Фејсбук:

https://www.facebook.com/share/1F9ffB3Jai/?mibextid=wwXIfr

Continue Reading

Македонија

Мицкоски ќе присуствува на доделување на станови на социјално ранливите семејства во Општина Кочани

Published

on

Ве известуваме дека на 01.02.2025 година (сабота) во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на доделување на клучеви од новата зграда наменета за социјално ранливите семејства во Општина Кочани, соопштија од македонската влада.

Исто така во Општина Кочани ќе се пушти во употреба и една градинка, каде што ќе даде изјава за медиуми.

Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски, веднаш по доделувањето на клучевите од новата зграда за социјално ранливи семејства (ул. 13 Бригада населба Драчевиќ, Општина Кочани).

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк