Connect with us

Македонија

Учителот Мемеди за изгубените ученици: Плачат децата, плачеме и ние, ваква трагедија никогаш да не се повтори!

Published

on

Одам напред, го предводам маршот во чест на загинатите во автобуската несреќа, по мене одат учениците, наставниците, сите тивко плачат… Изгубивме пет деца, ученици од нашето училиште – во телефонски разговор за ,,Фокус” појаснува Метуш Мемеди, наставник по Етика на религии во основното училиште ,,Исмаил Ќемали” во Чаир.

Со растреперен глас наставникот појаснува дека сите се во шок од трагедијата, и денес кога дошле во школските клупи, учениците постојано плачеле.

-Пет прекрасни деца изгубивме од нашето училиште, големи другари, добри ученици. Најмалото девојче беше второ одделение, ученик од шесто, ученик од осмо и двајца ученици од деветто одделение. Бевме кај нивното семејство, тага, тага преголема… Станува збор за семејството Јахи, осум деца изгубија и две мајки. Мајките беа снаи во фамилијата, на едната и починаа четири, на другата две деца. Останатите две деца беа внучиња од брат… Ваква трагедија никогаш никому да не му се случи – раскажува наставникот.

Вели дека директорката на училиштето е во многу тешка состојба и голем шок и не може да зборува. Од утре продолжувале со редовна настава.

-Имаме 1.700 ученици во училиштето, сите се добри другари, добри деца. Преголема тага не покри сите, утрово седат во клупите и сите тивко плачат, ова е претежок настан. Во спомен на изгубените животи, во знак на солидарност со фамилиите, се решивме за овој марш, кој ќе го завршиме на плоштадот Скендербег. Жртвите никогаш нема да бидат заборавени – изјавува Мемеди за ТВ21

Македонија

Гаши: Потребни ни се длабоки промени во правосудството

Published

on

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска на брифинг нагласи дека се бараат законски можности во консултација со експерти и институции да се направат законски измени и реформа во правосудството кое што, како рече, ќе биде квалитетно.

– Прво да констатираме дека темата е покомплексна и сакаме долгорочно да биде решен проблемот. Во консултации со повеќе експерти и институции и сакаме да дојдеме до решение кое ќе биде одржливо и ќе биде долгорочно решение. Не сакам да дадам мое мислење во моментов, но сакам да ги испочитуваме сите институции, да дојдеме до заедничко мислење, па потоа да пристапиме со заеднички став да го решиме проблемот, рече тој.

На новинарско прашање дали се потребни промени во Судскиот совет, Гаши нагласи дека веќе на сите им е јасно дека ни се потребни длабоки реформи во правосудството.

– Мислам дека тоа е веќе јасно. На сите граѓани им е јасно дека ни се потребни длабоки реформи во правосудството. Само треба да внимаваме тие да бидат содржајни и реформи кои одат кон подобро, затоа што неколку пати сме пробале избрзувајќи не сме донеле решенија кои се одржливи и подолгорочни. Затоа, овојпат сакаме да внимаваме и пристапот е поинаков, рече Гаши.

Continue Reading

Македонија

Европол уапси над 400 лица, продавале лажни лекови во 30 земји

Published

on

Меѓународните истражители уапсија 418 осомничени како дел од операцијата насочена кон трговија со лажни лекови и недозволени супстанци во 30 земји, соопшти денеска телото за спроведување на законот на Европската унија, Европол.

Повеќе од 400.000 пакувања „нелегални фармацевтски производи“, речиси 175.000 ампули и над 4,5 милиони таблети биле запленети за време на рациите спроведени меѓу април и ноември минатата година, се вели во соопштението на Европол.

Вкупните заплени на операцијата наречена „Shield V“ се во вредност од повеќе од 11 милиони евра (11,4 милиони долари), се вели во извештајот.

Операцијата беше предводена од француските, грчките, италијанските и шпанските власти, а координирана од Европол.

Лажните лекови со кои се тргува во ЕУ се во пораст, што носи огромна цена за поединецот и општеството, велат од агенцијата.

Според Европол, во рамките на операцијата биле истражени вкупно 52 организирани криминални групи.

Агенцијата забележа дека „социјалните медиуми и онлајн пазарите, и на темната мрежа“ се централни во трговијата со „фалсификувани фармацевтски производи“.

Службениците за спроведување на законот заплениле широк спектар на лекови, вклучувајќи лекови против болки, лекови за рак, допинг супстанции, хормони и психотропни лекови.

Continue Reading

Македонија

Хирург од Битола доби осумдневен притвор

Published

on

На М.С. (64), лекар во Хируршко одделение во Клиничка болница Битола кој беше приведен од полицијата поради сомневање дека примил поткуп, доби осумдневен притвор на барање на Јавното обвинителство.

„Сомнението произлегува од фактот дека осомничениот, на 27 јануари, како лице кои вршело работи од јавен интерес, односно како доктор – хирург на Одделението за хирургија при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, извршил интервенција – операција на жолчно ќесе врз пациентка, а потоа индиректно, преку сведок, побарал од синот на пациентката да му даде пари во износ од 150 евра за да се почастел за извршената работа. Синот следниот во просториите на болницата, во плик му дал на осомничениот три банкноти од по 50 евра. Откако осомничениот ги примил, му бил извршен претрес и овластени службени лица од СВР Битола ги пронашле и одзеле парите, соопшти битолското обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство“, објави Обвинителството.

Полицијата вчера извести дека кај хирургот биле пронајдени и одземени парите, кои претходно биле обележани. М.С. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него е поднесена кривична пријава.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк