Connect with us

Македонија

Бучковски: Заев е најдобриот лидер што го имал СДСМ, тајната за неговиот успех е тоа што не е совршен

Published

on

Заев е најдобриот претседател што го имал СДСМ во изминативе 30 години, вели во изјава за неделникот Фокус поранешниот лидер на СДСМ и премиер Владо Бучковски.

-Заев е најзаслужен за враќањето на СДСМ на власт, по 10 тешки опозициски години. Тој е најзаслужен за влезот на Северна Македонија во НАТО. Тајната на неговиот успех е неговиот карактер и неговата „несовршеност“, но, пред се, неговата храброст, изјави Бучковски.

Тој смета дека има 3 етапи од развојот на СДСМ, при што првиот е поврзан со Бранко Црвенковски, вториот со него и Радмила Шеќеринска и третиот со Заев

Македонија

Коњановски го награди Иван Миовски за фаќањето на Светиот крст на Водици

Published

on

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со дел од учесниците во традиционалната манифестација по повод Водици, на која 15-годишниот Иван Миовски го фати Светиот крст.

Миовски, ученик во прва година во средното економско училиште „Јане Сандански“, раскажа за уникатното искуство на оваа свеченост што секоја година го обединува градот.

Коњановски му посака здравје, успех и радост, доделувајќи му парична награда од 20.000 денари и икона од Заштитникот на градот, Свети Нектариј Битолски.

„Овој настан е симбол на верата и традицијата што го поврзува нашиот народ. Со гордост го наградуваме младиот Иван, чиј дух и храброст се инспирација за сите нас,“ изјави градоначалникот Коњановски.

Манифестацијата фаќање на Светиот крст, која се одржа во Храмот „Свети Великомаченик Димитриј“, продолжува да биде значаен настан во Битола, негувајќи ја духовноста и заедништвото во градот.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски на лоби-средби за македонски интереси во Вашингтон

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски, кој е единствен лидер од Балканот кој присуствува на инаугурацијата на Доналд Трамп, остварил средба со Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Трамп медиумската корпорација, Џон Битов, американски бизнисмен со македонско потекло, сопственик на повеќе мултимилионски компани, Марко Галина бизнисмен и одговорен за МАГА во Португалија и Крис Павловски сопственик на „Rumble“ групацијата.

-Во Вашингтон имав вечера и одлична средба со Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Трамп медиумската корпорација, Џон Битов – американски бизнисмен со македонско потекло, сопственик на повеќе мултимилионски компани, Марко Галина бизнисмен и одговорен за МАГА во Португалија и Крис Павловски сопственик на Rumble групацијата.

Разговаравме за можноста за инвестиции во Македонија, за конкретни проекти од бенефит за граѓаните. Меѓу другото ги посочив напорите кои Владата ги дава за стабилизирање на економијата, рекордот кој го остваривме во привлекување на инвестиции во државата и поволностите кои се нудат. Воедно ја искористив можноста за лобирање за македонските интереси и позиции во однос на клучните прашања за нас. Станува збор за високо позиционирани луѓе во американското општество со можност за влијание на прашањата важни за нас, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Continue Reading

Македонија

Дилерите на удар на полицијата: Уапсени повеќе лица, меѓунив турски државјани!

Published

on

На 19.01.2025 околу 20.00 часот на автопатот Демир Капија – Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Е.Ф.(19) од Радовиш, затоа што во возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки превезувал шест лица мигранти, од кои три од Непал и три од Индија. Претходно, на наплатна станица Демир Капија, тој не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници и продолжил со движење кон Гевгелија, при што влегол во тунел каде се изведувале градежни работи и со возилото удрил во работна машина. Mигрантите се сместени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против Е.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.01.2025 во 14.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, ги лишиле од слобода Г.И.К.(21) и С.М.А.(25), двајцата од Република Турција, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и два ножа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.01.2025 во 14.15 часот во Скопје, на кејот на реката Вардар, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(22) од Република Турција, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.01.2025 во 21.35 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.М.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.01.2025 во 20.45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Т.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.01.2025 во 17.40 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ц.(22) од с.Ново Село, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (20.01.2025) во 00.30 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Е.Л.(19) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.01.2025 во 17.45 часот на ул.„Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.М.(30) од Битола, затоа што кај него била пронајдена грутчеста материја. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк