Connect with us

Македонија

Датумот кој дојде во 2018, никако да дојде

Published

on

Не дојде датумот кога требаше да ни дадат датум на кој ќе ни го дадеа датумот за преговори со ЕУ. Навикнавме, иако не ни е сеедно што Македонија е мафтосувана и од Брисел и од домашни политичари со ветувања дека еве само што не дошол „датумот“.

Земјите-членки на ЕУ на вчерашното заседание на Советот за општи работи (ГАК) не постигнаа договор за одржување на првите меѓувладини конференции со Македонија и Албанија до крајот на оваа година. Во заклучоците од состанокот изостана временската одредница „до крајот на годината” како рок за одржување на првата меѓувладина конференција со Скопјеа. Причина за ново разочарување е непроменетиот став на Бугарија во однос на Македонија и нејзините бројни и категорични барања кои требало да ги исполни нашата земја.

Премиерот на Холандија среде Скопје пред неколку недели не уверуваше дека Брисел не дозволува Софија да прави се што сака… Но…

И така… Решавањето на наметнатото бугарски вето сега треба да тргне од нов „почеток“ откако Бугарија доби нова Влада на чело со премиерот Кирил Петков. Се очекува наскоро ќе се реконструира и македонската Влада и прашање е дали Зоран Заев и натаму ќе ја води како „премиер во оставка“ или таа ќе има нов претседател. Се чини ќе имаат долго време за новиот почеток – односно преговарање бидејќи бугарскиот премиер Петков во првите изјави веќе определи нов шестмесечен рок за решавање на спорот со Македонија.

-Ќе предложам нова процедура со многу краток краен рок од само 6 месеци. Ќе користиме работни групи кои што ќе најдат решенија по прашања како заедничка економска активност, инфраструктура, култура и историја, најави Петков.

Ова го поддржа и премиерот во оставка Заев кој изразил подготвеност за забрзување на комуникацијата и соработката на ниво на работни групи во областите економија, култура, енергетика и инфраструктура. Од ова произлегува дека во наредниот период ќе треба да се оформуваат преговарачки тимови од двете страни.

Влегување на нови личности во преговарачкиот процес, се чини, одамна беше потребно. Очигледно е дека во она што како преговори до сега го водеа Заев, Бујар Османи, Никола Димитров и Владо Бучковски е го најде решението. Очигледно е дека ангажирањето на нови личности може да го раздвожи процесот при што свое место треба да најдат и претставници на опозицијата. Тоа, како и јавност во преговорите за да се знае што се се става на маса и што се договара го бараат и граѓаните.

–Преговорите треба да бидат транспарентни. Треба да бидат вклучени сите релевантни умови без разлика кој од каде е, потенцира скопјанката Велика Спиреска.

Од друга страна, кога веќе станува извесно дека идните преговори ќе се водат од страна на повеќе тимови од различни области, се отвора прашањето за потребата од натамошен ангажман на специјалниот владин претставник Владо Бучковски. Се гледа дека ориентацијата е во меѓудржавните договори да се вклучат што повеќе лица и во таква ситуација веќе е непотребно главната улога да ја има една или две-три личности кои ќе решаваат за се

Скопско ехо

Македонија

НОВА ПРОВОКАЦИЈА ОД БУГАРСКАТА ФОНДАЦИЈА „МАКЕДОНИЈА“

Published

on

Според неговата објава на социјалните мрежи, панихиди за Бунева ќе има и во Тетово, Струмица и во Прилеп.

Виктор Стојанов претседателот на Фондацијата Македонија кој има забрана за влез во Македонија повикува на панихида за Мара Бунева в недела на 12 јануари на кејот на Вардар во Скопје и во црквата Свети Димитрија.

Според неговата објава на социјалните мрежи, панихиди за Бунева ќе има и во Тетово, Струмица и во Прилеп.

Стојанов во последно време е особено активен во Албанија каде дели бугарски книги и учебници за македонското малцинство.

На 13 јануари се навршуваат 97 години од атентатот што го извршила Мара Бунева врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ во центарот на Скопје. Откако го извршила атентатот, таа се самоубила.

Continue Reading

Македонија

Општина Битола: Бесплатен превоз до скијачките центри Нижеполе и Копанки!

Published

on

Општина Битола обезбедува бесплатен превоз за сите љубители на зимските спортови до скијачките центри Нижеполе и Копанки. Оваа иницијатива има за цел да го промовира активниот животен стил и да овозможи достапност на зимските активности за сите граѓани. Искористете ја можноста за удобен и бесплатен превоз до овие популарни дестинации!

Continue Reading

Македонија

УТРИНСКА МАГЛА НА ПАТИШТАТА Еве каде има намалена видливост

Published

on

Сообраќајот на останатите патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Намалена видливост поради појава на магла од 20 до 30 метри има на патниот правец Тетово – с.Гајре, од 100 до 150 метри на патните правци Скопје – Велес, Велес – Скопје, Скопје – Куманово, Куманово – Скопје и клучка Хиподром – Обиколница Скопје, до 80 метри на патниот правец Делчево – Македонска Каменица и од 50 до 100 метри на планинскиот превој Ѓавато, соопшти АМСМ.

Оттаму потсетуваат дека мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино Село е затворен за секаков вид на сообраќај.

Сообраќајот на останатите патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк