Connect with us

Забава

Десетте најбогати луѓе во светот во 2021 година заработиле вртоглави 402 милијарди долари

Published

on

Десетте најбогати луѓе во светот стекнале уште 402 милијарди долари во 2021 година, покажуваат податоците на Блумберг.

Најмногу заработил Илон Маск. Годината ја започна со 156 и ја заврши со 277 милијарди долари на сметката, според индексот на милијардери на Блумберг. Основачот на Tesla и SpaceX неодамна соопшти дека ќе плати повеќе од 11 милијарди долари данок.

Зад него е Џеф Безос, сопственикот на Амазон, кој во 2022 година влезе со 190 милијарди долари. Тоа е „само“ 4,5 милијарди повеќе од минатата година.

Сопственикот на Фејсбук, Марк Закерберг минатата година заработи 25 милијарди долари, а сега има 128 милијарди долари.

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, минатата година ја започна со 139, а ја заврши со 132 милијарди долари. Неговата поранешна сопруга Мелинда Френч Гејтс, со која во август стави крај на 27-годишниот брак, наводно има 11,4 милијарди долари.

Ко-основачот на Гугл, Лери Пејџ во 2021 година влезе во клубот на луѓето кои имаат 12-цифрено богатство, додавајќи 47 милијарди долари на своите 83 милијарди долари. На таа листа се впиша и неговиот колега Сергеј Брин, кој заработи уште 45 милијарди долари, со што неговото богатство достигна 125 милијарди долари.

Во збогатувањето на американските милијардери се приклучи и Французинот Бернар Арно, сопственик на најголемата компанија во светот која тргува со луксузни производи. Заработил дополнителни 61 милијарда долари, а сега поседува вкупно 176 милијарди долари.

Арно е единствениот надвор од САД кој влезе на листата на милијардери на Блумберг за 2021 година.

Сите десет на таа листа поседуваат повеќе од 100 милијарди долари. Единаесетта на листата, исто така Французинка, е Франсоаз Бетенкур Мејерс, наследничка на империјата Лореал која има 94 милијарди долари и е најбогатата жена на светот

Забава

КЛУЧНИ СЕ ВИКЕНДИТЕ – Бред Пит откри „тајна“ за младешкиот изглед 

Published

on

Бред Пит со години важи за еден од најпосакуваните актери, а сега ја откри тајната на својот изглед на прагот на седмата деценија од животот.

Веќе подолго време се шпекулира дека холивудскиот заводник решил да оди „под нож“, што се уште не го потврдил, но инсистира дека за неговиот младешки изглед е заслужен само здравиот начин на живот.

„Тајната на убавината? Хм, вие живеете здраво во работните денови, а потоа за време на викендот „грешите како луд“. Избирам пица“, одговори Бред Пит на прашањето за тајната на неговата младост.

Continue Reading

Вицотека

Божиновски повторно го зеза Заев

Published

on

Божиновски на шега појасни како би изгледало кога бившиот премиер Заев би честитал 11 Октомври на англиски јазик. 

Continue Reading

Вицотека

Административец работел во две смени (ВИЦ)

Published

on

Разговараат двајца вработени во јавна администрација:
– Замисли си, вчера работев две смени.
– Зошто???
– Случајно сум задремал, а никој од колегите не ме разбудил.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк