Connect with us

Скопје

Се гради ЏАМИЈА на диво во ЗЛОКУЌАНИ, Јакимовски ја запре градбата

Published

on

Во понеделник градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски ќе се сретне со претставници на бесправната градба на џамија во Злокуќани.

За во понеделник градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски закажал средба со претставници на бесправната градба на џамија во населбата Злокуќани. Со ваков договор, синоќа завршиле градежните активности, а по укажување на градоначалникот Јакимовски.

Први за градбата во општина Карпош реагирале мештаните, зашто градежните активности се одвивале од рано наутро до доцните вечерни часови или што би се рекло по темница.

Од Исламската верска заедница во контакт  велат не знаат за никаква градба на џамија на посочената локација и дека муфтијата е на пат и повторно да ги побараме во вторник.

Станува збор за Албанци по националност, но кои отворено не зборувале за својата верска определба, а со тоа ни за верата која би се практикувала во џамијата. Додека пак, жителите на Злокуќани се убедени дека станува збор Вахабисти за кои се знае дека поддржуваат и практикуваат радикален Ислам.

Сепак појасна слика за овој случај треба да произлезе по понеделничната средба меѓу градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски со претставници на нелегалнот објект.

Скопје

Овие скопски населби утре ќе останат без струја

Published

on

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 17.02.2025 година (понеделник ) без електрична енергија ќе останат:

-во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од дел од ул. Војвода Васил Чакаларов, ул. Осло и ул. Роналд Реган(општина Карпош)

-во периодот од 11.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Александар Урдаревски, блиску до клучка со обиколница (општина Бутел)

-во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од Ул.Христо Татарчев 16 (општина Кисела Вода)

-во периодот од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од с. Долно Лисиче околу пекара Орешка(општина Аеродром)

Continue Reading

Скопје

Седумнаесет годишно момче од Косово со автомобил прегазил две лица во Скопје

Published

on

Седумнаесет годишно момче од Косово доцна синоќа околу 22 часот возејќи со автомобил ауди на скопските улици прегази две лица на 17 и 18 годишна возраст. Случајот во СВР Скопје бил пријавен во 22 часот.

– На 15.02.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Дринска“ и ул.„Галичица“ во Скопје патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17- годишен малолетник од Косово, удрило во пешаците С.И.(18) и 17-годишна малолетничка, двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.И. (18), додека малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ .

Continue Reading

Скопје

ВИДЕО: Опасно возење низ Скопје заврши со судир

Published

on

Во доцните вечерни часови, низ скопските улици се одвиваше опасно и неконтролирано возење, кое заврши со судир.

Видеото може да го погледнете ТУКА

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк