Connect with us

Македонија

СОНК: Утре генерален штрајк во сите образовни установи!

Published

on

СОНК опстојува на ставот – генерален штрајк од утре во сите образовни установи на национално ниво..  

Штрајк утре ќе има во сите градинки, основни, средени училишта, како и ученички и студенстки домови и високообразони институции кои по пат на солидарност ќе се приклучат на територија на цела во Македонија. До кога штрајкот ќе трае? Зависи дали ќе има почеток на преговори со владата, потврди Јаким Неделков од СОНК. Тие не се откажуваат од барањето за зголемување на платите во образование за 18,4 отсто.

„Штрајкот ќе трае се додека не се издаде соодветно прифатливо решение за двете страни, каде што со претходна консулатција со синдикалните организации ќе ја промени одлуката од генерален штрајк во прекинат генерален штрајк или евентуално ставање во мирување тоа кога ќе биде не зависи само од нас. Апелирам до владата што побрзо да не повика на преговори, да најдеме взаемно решение, што поскоро да го одврзат ќесето, да ги исполнат барањата на синдикатите и што поскоро да почне редовната настава во училиштата и градинките“, посочи Јаким Неделков претседател на СОНК.

Неделков објасни дека утре сите наставници и воспитувачи ќе бидат на своите работни места, но нема да ја вршат својата работна обврска туку ќе бидат во посебни простории. Во ваква состојба од СОНК индиректно посочија најдобро е децата да не одат во училиште и во градинка.

„Оние дечиња што ќе дојдат во училиште и во градинка врз основа на згрижување, воспитување, образование и храна немаме таква обврска. Ние ќе бидеме во посебни простории, училници, спортска сала. Директорот може да употреби врабтоени во установите што евентуално нештрајкуваат поради разни основи може не се членови на СОНК или се на определно време вработени имаат страв да не останат на работа“, посочи Неделков.

Неделков вели дека има притисок најмногу во градиниките каде се бара воспитувачките и негувателките да продолжат со својата работа, а штрајкот е најавен. Адвокатката на СОНК вели дека секој притисок ќе биде пријавен и ќе се бара одговорност од директорите.

„Доколку има притисоци врз наставниците, воспитувачите тогаш директорите подлежат на парична казна или казна затвор“. Изјави Верица Арсова адвокат на СОНК.

Од СОНК велат дека сите активности кои биле најавени во образовниот процес ќе бидат откажани се додека трае штрајкот

Македонија

На празник си заминуваат праведните: По долго боледување, почина таткото на Тоше Проески

Published

on

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

–Светол патот, татко мој! – напиша таа на социјалните мрежи. 

Continue Reading

Македонија

Ќе ве расплаче! Објавена “Кажу да време лечи све” – гласот на нашиот ангел изваден со посебна технологија (ВИДЕО)

Published

on

„Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”… се стиховите од рефренот на последната отпеана песна, која се чинеше никогаш нема да го здогледа светлото на денот.

Имено, со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка, која денес доживеа свое издание.

Песната е оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој што Тоше ги имаше во неговиот живот- нашиот познат радио водител, диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како Ерик Фокс, кој одлучи оваа демо снимка комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.

Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Ерик Фокс).

Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД Костадин Камчев – „Студио Моцарт“ од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер.

https://youtu.be/mpizP1g2dBo

Continue Reading

Македонија

Денеска ќе наполнеше 43 години: На денешен ден е роден Тоше Проески

Published

on

Во Прилеп на денешен ден е роден Тоше Проески.

Музичката кариера ја започна со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отворија песните „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“, „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Тој беше претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освои 14-то место со песната „Ангел си ти (Life)“.

Во 2004 година, Проески беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издаде песната „За овој свет“. Со песната „Чија си“ во 2003 година Тоше победи на белградскиот музички фестивал „Беовизија“ со што дефинитивно прерасна во најголема регионална музичка ѕвезда на некогашните ЈУ простори.

Тој ги објави албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ако ме погледаш у очи“ – верзија на српски јазик (2003) „Ден за нас“ (2004), „Дан за нас“ – верзија на српски јазик (2004) „По тебе“ (2005), „Пратим те“ – верзија на српски јазик (2005) „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007) и „Игре без границе“ – хрватска верзија (2007).

Сингловите од албумот „По тебе“ по неколку месеци се наоѓаа на највисоките места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина.

Неговото издание „Божилак“ е компилација од преработки на 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД-изданија на негови концерти во 2004 и 2006 година.

Речиси секоја негова песна беше хит како што се: „Усни на усни“, „Соба за тага“, „Ако ме погледнеш в очи“, „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Срце није камен“, „Кој ли ти гризе образи“.

Тоше ги привршуваше студиите на Музичката академија во Скопје и работеше на музичката кариера за своја промоција во светски рамки.

Последниот концерт во Македонија го одржа на 5 октомври на Градскиот стадион ( Арената Филип Втори) во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава.

Постхумно државата Република Македонија го прогласи за заслужен граѓанин.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Владата на Република Македонија во негова чест во неговото родно Крушево изгради мавзолеј – Спомен куќата на Тоше, каде низ музејска поставка од восочни фигури со неговиот лик во природна големина, лични предмети, музички инструменти, фотографии, видеа, сувенири… е прикажан целиот негов живот и музичкиот опус во кусата, но пребогата кариера

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк