Connect with us

Религија

Денеска се празнува Св. Апостол Симон Зилот, кажете ја оваа молитва за здравје

Published

on

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 мај. Денеска е Св. апостол Симон Зилот.

Еден од дванаесетте Апостоли. Беше родум од Кана Галилејска. На свадба му дојде Господ Исус со мајка му и со учениците. Кога снема вино, Господ претвори вода во вино. Кога го виде ова, младоженецот ги остави домот, родителите и невестата, па тргна по Христа. Зилот значи Ревнител.

Денеска се кажува оваа молитва: „Апостоле Свети Симоне, помоли му се на Милостивиот Бог, прошка на нашите души да им дари“.

Религија

На бадниковата трпеза треба да има непарен број јадења, а оваа намирница е ЗАДОЛЖИТЕЛНА покрај лепчето со паричка

Published

on

Според традицијата, утре, на трпезата на Бадник треба да има непарен број јадења. Неопходно е да се стави храна што ќе ви донесе среќа, здравје и плодност. Јадењата потребно е да се со непарен број- 7, 9, 11- колку повеќе се`, толку подарежлива ќе е новата година во домот. Задолжително е јадењата да се само посни.

Лебче со паричка – Лебчето замесено со сода или квасец, зазема централно место на трпезата на Бадник. Во него се става паричка. Се украсува со фигури како житни класови, плуг, крст и друго.

Суви пиперки со грав/сарма со зелка – Карактеристика на полнети пиперки за трпезата на Бадник е дека се користат суви пиперки, кои претходно треба да се потопат во топла вода за да омекнат и потоа да се измешаат со сварен грав. Другата опција се традиционалните сарми, полнети со ориз.

Компот од суви сливи – тоа е вид компот од суво овошје. Ако не ви се допаѓа, може да додадете кое сакате суво овошје.

Овошје (јаболка, ореви, мушмули, дуњи) – Во минатото на Бадник се кршеле оревите кои биле наречени за секој член од семејството. Ако јатка им е бела и голема, човекот ќе биде здрав и ќе има среќа во текот на годината.

Кисела зелка – Ги заменува свежите салати и добро оди со оние кои пијат топла ракија, која се подготвува во многу домови.

Печена тиква – Важно е трпезата на Бадник да има и нешто слатко за да е благ животот на семејството во текот на следната година. Медот е носител на мудроста на пчелите затоа него можете да го ставите врз печената тиква.

Лук – Лукот има ритуално значење. Може само да се стават неколку глави, слободно расфрлани на трпезата, но важно е и од секоја храна да се каснете барем малку. Лукот штити од зло и болести.

Покрај наведената храна на трпезата на Бадник задолжително треба да се стави и сол. Куќа без сол не треба да биде, зашто каде нема сол, таму влегуваат болестите и несогласувањата.

Continue Reading

Религија

Дедо Стефан ја запеа „Ако одам во Битола“

Published

on

Драги мои, со оваа видео би сакал да ви ја честитам Новата година. Бог да ни подари здравје, среќа и благодет. Огромна е честа да се пее за нашиот архиепископ дедо Стефан, напиша пејачот Орде Неделковски споделувајќи видео со г.г. Стефан.

На видеото може да се слушне архиепископот, кој е роден во битолското село Добрушево, како емотивно ја пее „Битола не давам“.

Линк до Видеотоhttps://www.facebook.com/share/v/15djrdFAtY/

Извор: https://shilomagazine.com.au/2025/01/04/dedo-stefan-ja-zapea-ako-odam-vo-bitola-video/

Continue Reading

Религија

Македонски обичаи: Коледе и лепче со паричка

Published

on

Бадник или Коледе се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6. јануари секоја година, а Божиќ на 7. јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден – Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости.

Традиционално, Бадник се прославува кај сите христијани, но црквите кои го користат Грегоријанскиот календар го прославуваат на 24. декември. Кај сите христијански народи има низа обичаи за Бадник, осбоено поврзани со Бадниковата вечера.

Зборот Бадник веројадно доаѓа од старомакедонскиот збор – да бидеш буден. Таа ноќ, како што запишал Шапкарев, „сите домашни луѓе не заспиваат туку преноќеваат будни, та од тоа се гледа дека таа ноќ е наречена: бадник – будник“. И многумина други истражувачи на овие обичаи сметаат дека името на овој ден доаѓа од бдеењето, будноста покрај обредниот оган.

Истражувачите сметаат дека во праисторијата овој ден бил празник поврзан со враќањето на Сонцето од јужните напоредници, по зимската краткоденица. Раѓањето на новото Сонце значело и раѓање или обнова на животот. Подоцна, Христијанската црква го презела овој празник и симболично го поврзала со Христовото раѓање. На прекорот дека Христијаните започнале да го празнуваат денот на Сонцето исто како и паганите, Свети Августин одговорил: „Ние го празнуваме не како неверниците поради Сонцето, туку поради оној што го создал Сонцето“.

Бадник е празник кој се прославува во кругот на семејството, со посна но, свечена вечера и прераскажување на библиски приказни.

Традиционално, во Македонија семјството се собира на вечера на Бадник. Се подготвува богата трпеза исклучително со посна храна: питулици, сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и друго, што треба да обезбеди богат род на земјоделските култури во следната година. Обичај е по вечерата софрата да не се крева, туку така заедно со храната да остане цела ноќ. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани, или во некои места, духовите на мртвите.

На Бадник во секоја куќа се меси кравјаче, пита или погача во која се става пара. Вечерта кога сите ќе седнат на вечера, домаќинот, откако ќе се прекрсти и ќе ја благослови трпезата, го крши кравјачето на толку делови колку што има членови семејството, оставајќи уште дел за Бога и за куќата. Сите присутни во својот дел од кравјачето ја бараат парата, и оној што ќе ја најде се смета за најсреќниот во годината што претстои.

Богати обичаи и верувања на Бадник се поврзани со обредниот оган како и со горењето на дрвото наречено Бадник или Бадникојца. Во врска со обредните коледарски огнови е и обичајот коледица. И денес како и во минатото и во селата и во градовите во сите краишта на Македонија помали или поголеми групи деца палат оган и го прескокаат.

Рано изутрината на Бадник, децата пеат и одат по куќите каде што добиваат подароци како што се: пари, ореви, костени, јаболка, портокали и др.

Една од најпеаните песни што и сега се пее во овие случаи „Коледе леде“ ја среќаваме и во запис на Г. Бојаџиев, обjaвена во 1893:

Коледе, леде!

паднало греде,

утепало деде.

Дедо се мачи,

баба го квачи,

со четири јајца

гускини, паткини!

О. О. коледе!

Богати обичаи и верувања на Бадник се поврзани со обредниот оган, како и со горењето на бадниковото дрво. Најчесто се гори пенушка од даб. Таа ноќ, како што запишал Кузман Шапкарев, “сите домашни луѓе не заспиваат туку преноќеваат будни, та од тоа се гледа дека таа ноќ е наречена: “Бадник – будник”.

На Бадник и Божиќ се изведуваат и повеќе други обичаи, како што се сечењето и горењето на дрвото “Бадник” коледарските огнови и многуте песни што се пеат крај нив.

Децата утрото на Бадник ги посетуваат куќите каде што пеат песни, го најавуваат и го честитаат големиот празник “денеска е Коледе, утре е Божик” за што добиваат дарови (овошје, бомбони, пари итн.)

Со Божиќ е поврзана и поговорката: “Пред Божиќ зад Божиќ кај да си, дома да си”што има двојно значење: за време на големиот празник треба да се биде во кругот на семејството и тука да се слушне и да се прослави радосната вест за раѓањето на Спасителот, но не е на одмет да се потсети дека во најстудениот период од годината, сепак најпријатно и најбезбедно е во сопствениот дом.

На Божиќ се оди во црква и се врши причестување со земање нафора и вино, кои ги симболизираат Исусовото тело и крв. По овој чин луѓето смеат да се омрсат.

Се подготвува богата софра, на која скоро задолжително било свинското месо.

На денот на Христовото раѓање, по одењето во црква луѓето се веселеле, играле и пееле среде село.

Божиќ, според црковниот календар, се празнува три дена. Вториот ден е Соборот на Света Богородица, а третиот е Свети Стефан првомаченик.

Божик и Бадник се најсреќни празници, каде се шири љубовта меѓу народот, каде се заборава на грижите и се оживува надежда…Христос се роди!

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк