Connect with us

Македонија

ДУИ слави роденден, прославата ќе чини 100.000 Евра?!

Published

on

Од ДУИ не одговараат на прашањата на повеќе медиуми за тоа колку ќе чини прославата за нивниот 20 роденден.

Снимени се спотови, скопската населба Чаир е украсена во боите на партијата, најавени се две големи приредби во Скопје и Тетово (денеска и утре) со музички ѕвезди од Македонија, Албанија и Косово. На социјалните мрежи кружат неофицијални информации дека ангажираните пејачи ќе добијат хонорари од 4.000 до 8.000 евра. Двата концерта најавени за 3 и 4 јуни се зборува дека ќе ја чинат ДУИ околу 100.000 евра.

Граѓаните по социјалните мрежи ја потсетуваат партијата на нивната „зелена агенда“ и на нивните потреби за почисти општини, за корпи за ѓубре, паркови, градинки…, а не за журки од стотина илјади евра.

Македонија

Маж во 3 часот по полноќ под дејство на алкохол и бегал на полицијата

Published

on

policija

Ноќеска во 03:30 часот, на улицата „Егејска“ во Охрид, лишен од слобода бил 42-годишен жител на село Долно Лакочереј.

Тој претходно, на улицата „Железничка“ управувајќи џип со охридски регистарски ознаки, не застанал и избегал од полициската патрола која се обидела да го сопре возилото. Набргу, по преземени мерки, тој бил сопрен на улицата „Егејска“ при што било констатирано дека тој, моторното возило го управувал под дејство на алкохол, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Лицето е исклучено од сообраќај и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додава Димоски.

Continue Reading

Македонија

ЌЕ НЕ СТЕГНЕ СУВ СТУД: Новата седмица ни носи температури и до -10 степени

Published

on

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во текот на новата седмица која што ни следува, поточно од утре (понеделник 3 февруари) па се до крајот на седмицата, нашата територија ќе биде зафатена од значително поладен воздух од североитокот и  од истокот на Европа. Сепак, овој ладен бран бран ќе биде релативно сув без снежни врнежи, што значи дека не очекува сув студ, проследен со повремено засилен северен ветер, особено утре (понеделник), како и во среда.

Сепак, до крајот на денов, во текот на ноќта кон утрешниот ден, како и утре (понеделник) ќе има послаби локални врнежи од дожд, додека на планините со надморска височина од над 1500/1600 метри надморска височина ќе има послаби врнежи од снег.

И во Скопје и околкината од утре (3 февруари) па во текот на седмицата температурите позначително ќе опаднат, а особено утре (понеделник) како и во среда повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.До крајот на денов, во текот на ноќта, како и утре (понеделник) ќе има услови за повремен послаб дожд.

Што се однесува до температурите, особено од среда, наутро тие насекаде ќе бидат негативни, односно под нулата и ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -1 степени, додека на високите места и планините, како и на Скијачките центри тие би можеле да се спуштат и под -10 степени. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9/10 степени.

Continue Reading

Македонија

МВР: Во тек се повеќе полициски акции низ Македонија, повеќе детали ќе бидат соопштени откако акциите ќе бидат завршени

Published

on

Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство потврдуваат дека во тек се повеќе полициски акции на територија на Македонија, но повеќе детали најавуваат по завршување на акциите.


– Во тек се дејствија на меѓународен заеднички истражен тим, кој на наша територија е координиран од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во тек се повеќе полициски и други дејствија и во овој момент не можат да бидат споделени повеќе детали за да не се наруши постапката. Штом завршат оперативните дејствија, вклучените институции координирано ќе ја информираат јавноста, велат од Јавното обвинителство.

И од Министерството за внатрешни работи за МИА потврдија дека во тек е полициска акција, но повеќе информации најавуваат по завршување на акцијата.

Според дел од медиумите, се работи за акција за откривање и запленување на фалсификувани пари.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк