Connect with us

Македонија

(Фото) Бакнеж на полициски штит: Не се плашете, заедно да ја спасиме државата!

Published

on

Демонстрантите пред Владата откако ја прескокнаа оградата дојдоа очи во очи со полицијата. Замотана во македонско знаме девојка се доближи и го бакна полицискиот штит. Пораката што ја испратија до припадниците на МВР кои го обезбедуваат објектот на Владата е да ги спуштат штитовите, бидејќи како што порачаа демонстрантите тие не треба да се плашат и треба да се заедно со граѓаните кои се присутни на протестот против прифаќањето на францускиот предлог. 

„Заедно сме, не се плашете. Сакаме заедно со вас да ја спасиме државата“ им порачаа демонстрантите на полицајците. 


Пред Владата трет ден по ред, продолжи протестот против прифаќањето на француски предлог за кревање на бугарското вето и почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ.

Извор: МКД.МК

Македонија

НИЕ ЌЕ ВРАЌАМЕ 50 МИЛИОНИ ЕВРА, А КОЈ ЌЕ ОДГОВАРА ЗА НЕУСТАВНИОТ ЗАКОН? Уставниот суд го поништи Законот за солидарен данок

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски во јануари годинава рече дека ако Судот донесе одлука да се вратат 50-те милиони евра од солидарниот данок, парите ќе им бидат вратени на компаниите и најави потенцијална кривична одговорност за креаторите на оваа политика.

Уставниот суд донесе одлука да го поништи Законот за солидарен данок. Тоа значи дека државата, односно ние граѓаните, ќе треба да им вратиме околу 49,2 милиони евра на 156-те најпрофитабилни компании кои во 2022 година беа еднократно оданоечни со т.н. солидарен данок.

Данокот на солидарност беше воведен како еднократна, вонредна јавна давачка во 2023 година. Со него беа задолжени сите компании кои оствариле профит над 615 милиони денари во 2022 година. Околу 150 компании мораа да платат задолжителен вонреден данок на солидарност на веќе одданочениот профит од претходната година.

Целта на законот, како што објаснуваше претходната влада на СДСМ, беше да се соберат средства за ублажување на последиците од здравствената и екномската криза и да се придонесе за јавните расходи на солидарен начин.

На седница лани во ноември Уставниот суд ги прифати како основани дел од наводите во иницијативите на пет подносители.

„Судот изрази сомнеж дека оспорениот закон ја повредува темелната вредност владеење на правото и фундаменталните принципи на кои почива, како што е правната сигурност на субјектите во нивната правна положба, правната предвидливост и правната извесност. Според дискусијата и аргументите, со донесувањето на законот е нарушена правната сигурност на компаниите кои оствариле профит над 615.000 000 денари во 2022 година, со тоа што во септември 2023 година е донесен закон кој им наложува задолжителен вонреден данок на солидарност на веќе одданочениот профит од претходната година. Уставните судии изразија сомнеж дека станува збор за закон кој произведува повратно дејство, што е во спротивност со Уставот. Судот го имаше во предвид фактот дека ретроактивноста и нејзиниот исклучок е дозволен само кога станува збор за тековни постапки, но во случајот засегнатите субјекти ги окончале односите со плаќањето на данок во 2022 година“, соопшти тогаш Уставниот суд.

Премиерот Христијан Мицкоски, во јануари годинава рече дека одлуките на Уставниот суд не се коментираат, туку се спроведуваат и ако Судот донесе одлука да се вратат 50-те милиони евра од солидарниот данок ќе бидат вратени. Тој најави и потенцијална кривична одговорност за креаторите на оваа политика.

– Ние враќаме многу работи кои ги задолжиле претходните. Многу пати сум рекол дека нема да ги коментирам одлуките на Уставниот суд. Ако донесат таква одлука мора да ги вратиме тие пари, нема што да правиме, ќе скратиме од нешто друго и ќе направиме ребаланс. Воедно ќе ја разгледаме и можноста за кривична одговорност на тие кои донесоа одлука на ваков начин да се води економијата, зашто дефакто Буџетот е оштетен – рече Мицкоски.

Извор: plusinfo.mk

Continue Reading

Македонија

СЕ ТРАГА ПО ТРОЈЦА ИСЧЕЗНАТИ МАЛОЛЕТНИЦИ Децата од Скопје се на возраст од 13, 15 и 16 години

Published

on

policija

Во три одделни случаи, полицијата добила пријави за исчезнати малолетници и тоа 15-годишно девојче и двајца штитеници од СОС Детско село и јавна установа за згрижување деца на возраст од 13 и од 16 години.

Ноќеска,  во 1.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, М.А.(50) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка М. А.(15).

Ден претходно, во 10.30 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Х.С.(16), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад.

Вчера во 15 часот во Полициската станица Гази Баба, од СОС Детско село во населба Ченто било пријавено дека од установата се оддалечила нивната штитеничка Ч.Д.(13).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на тројцата малолетници, информира МВР.

Continue Reading

Македонија

Царина поднесе нови шест кривични пријави заради криминал со возила и глисери

Published

on

Поднесени се уште шест кривични пријави за девет лица до Основното јавно обвинителство заради вршење криминални дела со употребувани возила, при што е нанесена директна штета врз Буџетот од 635.827 денари, информираат од Царинската управа.

Во еден случај вмешан е и царински службеник за кој е изготвено отказно решение. Случаите се дел од предкривичните постапки на Секторот за контрола и истраги при Царинската управа за криминални дела со употребувани возила за кои извести пред јавноста изминатиот месец.

„Во предкривичните постапки инспекторите уште во еден случај утврдија најгрубо кршење на законските прописи при што возач, увозник и царински службеник се сомничат за внес на товарно моторно возило во државата при што за истото е избегнато плаќање увозни давачки со што е нанесена директна штета врз Буџетот од 256 илјади денари. Во овој случај возилото е одземено, а против сторителите е поднесена кривична пријава и тоа по два основи, кривично дело царинска измама и кривично дело фалсификување исправи. Против царинскиот службеник е изготвено отказно решение“, велат од Царина.

Оттаму додаваат дека кривична пријава заради царинска измама и фалсификување исправа е поднесена и до правно и одговорно лице на фирма за сторено кривично дело царинска измама и фалсификување исправа. Во овој случај станува збор за кривични дела заради плаќање пониски увозни давачки.

„Сторителите при увоз на товарно моторно возило при царинење на возилото поднеле фалсификувана исправа за преференцијално потекло на стоката со цел истата да биде ослободена од плаќање царина. Ова е утврдено по извршена верификација на приложениот доказ за потекло на стоката со царински орган на земја членка на ЕУ, по што изготвено е решение со кое увозникот се задолжува да плати износ од 236.241 денар“, информираат од Царина.

Во останатите четири случаи Секторот за контрола и истраги поднесе кривични пријави за четири лица заради основано сомнение фалсификување исправи со цел плаќање помали увозни давачки при увоз на глисери и возило со што е нанесена директна штета врз Буџетот во висина од 143.453 денари.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк