Connect with us

Македонија

Не си црна овца ако се делиш: Двајца хористи во Крушево со еден потег ја освоија цела нација

Published

on

Додека премиерот Ковачевски вчера држеше говор во Крушево во чест на Илинден двајца членови на хорот кој настапуваше во уметничкиот дел од програмата ги држеа своите раце во препознатлив стил кој го симболизира сплотениот македонски народ каде и да живее односно делот од песната Бисер балкански: ,,Цела да е”.

Реакцијата на хористите кои беа во кадарот од протестот на МТВ овој чекор најверојатно го сториле во знак на протест против откажувањето на владата на СДСМ од Македонците од Пиринска и Егејска Македонија во Бугарија и Грција.

Македонија

ЈП ,,Македонија пат”: Снег на планинските превои, возете внимателно

Published

on

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови. Како што информира ЈП „Македонија пат“, врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Маврово и на планинските превои Буково, Ѓавато и Плетвар, додека врнежи со среден интензитет се бележат на Попова Шапка и во Крушево, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и на прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Претпријатието со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучено во расчистување на патиштата. Неговите дежурните екипи, наведува, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Учесниците во сообраќајот можат да ги добијат сите подетални информации на дежурниот телефон 02 25 61 502.

Continue Reading

Македонија

Буџет од 300 долари добива македонскиот амбасадор во САД, вели Мицкоски

Published

on

mickoski

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека стратегија на Владата е најпрвин економски да се зајакне земјава, а потоа од консолидираните пари да се отвори македонски конзулат не само во во Корча, туку и во други земји во светот.

-Резултат на таа економска бездна во која што ние се наоѓаме се токму оние 180 евра буџет што ги добива македонскиот амбасадор во Тирана. И не само во Тирана, туку и 300 евра добива месечен буџет македонскиот амбасадор во Брисел, 300 долари добива македонскиот амбасадор во САД, бидејќи толку има ова покрадена, опљачкана Македонија која ние се обидуваме некако да ја консолидираме за да можеме со тие пари кои ќе ги консолидираме да отвориме не само конзулат во Корча, туку и во многу други места во светот, рече Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање поставено од пратеникот на Левица, Димитар Апасиев дали нашата Влада ќе се заложи да се отвори македонски конзулат во Корча.

Премиерот потенцира дека во меѓувреме додека не можеме тоа да го направиме, односно го немаме тој капитал за тоа да го направиме, се обидуваат да дејствуваат преку почесни конзули. Се надева дека многу скоро од денеска ќе имаме конзулат и во соседна Албанија.

Нагласи дека ако сакаме навистина да зборуваме на ниво на стратегија е подготвен да разговара со секој, кој има конструктивен предлог.

-Македонците не само во Албанија, туку и во Србија, и во Бугарија, и во Грција и во Косово, и насекаде во светот, треба да знаат дека еден од главните приоритети на оваа Влада се токму тие, но и оние кои биле дел од таа економска асимилациона политика. Затоа, ајде заедно нормално да разговараме и да правиме стратегија како најпрвин економски да ја зајакнеме Македонија, порача Мицкоски.

Потенцира дека ниту тој нема да го политизира ова прашање и посочи дека на средбата што се одржа викендов во Корча на македонските парламентарни партии со Македонците во Албанија учествувале и други владини претставници.

-Ниту јас нема да го политизирам ова прашање. Иако морам да кажам дека имам поголема институционална меморија во нашите контакти и комуникација со нашинците не само во Албанија, туку и во останатите соседни држави, но не само соседните држави, туку и во многу држави во светот. За да бидеме чесни до крај и да бидеме точни и прецизни, мора да признаете дека вашата колешка Лидија Петковска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ исто така беше на тој настан во Корча, исто како што беше и националнуиот координатор Затуровска и заменик-министерот на надворешни работи Зоран Димитровски. Да не биде сега дека не било претставена Владата или не бил претставен Парламентот, или ВМРО-ДПМНЕ. Иако како ВМРО-ДПМНЕ имаме редовна комуникација, рече тој.

Премиерот нагласи дека суштинското прашање е зошто во земјава, каде има околу 700-800 Бугари, кои што декларираат дека мајчин јазик им е бугарскиот, треба бидат ставени во Устав, додека Албанија со осум илјади Бугари според бројките од пописот го нема тој услов. 

-На пописот во 2011 година во Албанија има декларирано 5,5 илјади Македонци. Сега има околу 2.300. Вие рековте 2.000, еве јас ќе ве исправам отприлика се 2.300 и некаде осум илјади илјади Бугари. А во пописот во 2011 година во Албанија има нула Бугари. Прашањето е следно: Ако сега на овој попис во 2023 година има повеќе осум илјади Бугари, а во 2011 година 5,5 илјади Македонци а сега има 2300, теоретски останатите три илјади да потпаднале под асимилаторската бугарска политика, како што вие велите, овие што ја сочинуваат преостанатата разлика до осум илјади, што се, Албанци? Ние се грижиме за македонското малцинство насекаде. Вистинското прашање е зошто во Македонија околу 700-800 Бугари кои што декларираат дека мајчин јазик им е бугарскиот треба да ги ставиме во Устав, а зошто Албанија го нема тој услов овие осум илјади да ги стави во Уставот? Тоа е суштинското прашање. Јас би сакал ние да разговараме како граѓани Македонци и останати, не само Македонци, туку и Албанци, Турци, Бошњаци, Срби, Роми и Власи. Ајде да видиме зошто дозволивме ова да се случи. Тоа е суштинското прашање, рече Мицкоски.

Continue Reading

Македонија

Меџити: Словенија е силен партнер во нашето напредување кон ЕУ

Published

on

Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, оствари средба со специјалниот пратеник на Словенија за Западен Балкан, Анжеј Франгеж, како и со словенечкиот амбасадор во земјата, Грегор Прескер.

За време на средбата се разговараше за предизвиците и можностите за европска интеграција, зајакнувањето на билатералната соработка и значењето на регионалната стабилност.

„Словенија отсекогаш била силен партнер и поддржувач на нашата земја и регионот. Нејзината поддршка и искуство се од исклучително значење за забрзување на нашите реформи и напредокот кон ЕУ“, истакна Меџити.

Тој го нагласи посветеноста на Владата за „постабилен и интегриран Западен Балкан“, при што ја истакна важноста на соработката со меѓународните партнери во овој процес.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк