Connect with us

Македонија

УБИЕНИ НА ДЕНЕШЕН ДЕН: НА СЕКОЕ МАВАЊЕ УБИЈЦИТЕ ВИКАЛЕ „ЕВЕ ВИ ЗА ЈАНЕ, ЗА ДАМЕ, ЗА ЧЕНТО, ЕВЕ ВИ ЗА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА”

Published

on

Се случиле неколку акции од кои едната била на 1 мај во 1946 година, кога целиот град бил поплавен со летоци на кои била испишана пораката: „Долу експонатите на србизмот Димитар Влахов, Лазар Колишевски, Михајло Апостолски и нивните другари!“, а втората порака на летоците била: „Да живее духот на Гоце Делчев и Даме Груев!“.

По овие акции, веќе знаете што се случило…масовно апсење низ цела Струмица од страна на комунистичкиот режим! Уапсени се повеќе од 20 млади момчиња од кои и тројца од петте студенти кои биле осудени на затворска казна. Кога излегле од затвор, продолжиле со своето школување.

Летото во 1951 година, кога завршиле со студентските обврски се вратиле во родната Струмица, за неколку дена подоцна да бидат киднапирани од игранка и однесени во седиштето на УДБА како најголеми злосторници. И како што било вообичаено за времето на комунизмот, почнале да ја шират лажната приказна дека тие наводно сакале да побегнат преку границата, се’ со една цел, привремено да го смират народот во Струмица.

Беласица, планината која во 1014 година виде многу крв од 14.000 ослепени војници, но и планина која во 1951 година беше сведок на еден злочин извршен врз пет млади момчиња. Беласица е всушност и последниот сведок за грозоморното убиство. Најпрвин биле крвнички тепани, а на секое мавање убијците викале:

„ЕВЕ ВИ ЗА ЈАНЕ, ЗА ДАМЕ, ЗА ЧЕНТО“, „ЕВЕ ВИ ЗА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА“.

Двата истрели, еден во челото и еден во срцето било последното за нив.

Петте струмички студенти на еден начин се убиени од своите сограѓани кои биле на власт овде во Струмица и до тој грозоморен чин доаѓа поради лажното сведочење. „Големците“ во Струмица ги наклеветиле студентите дека работат против државата и на своја глава, без наредба од врвот – ги убиваат. Ден по убиството тогашниот генерал на ЈНА дава изјава:

„Само у то не мешајте Југословенску народну армију“.

Нарачателот на убиството е присутен дури и на самото убиство, а се работи за тогашниот политички секретар во Струмица.

Според одредени сведоштва, нарачателот подоцна го губи паметот и постојано ги спомнувал имињата на младите деца струмички. Да не беа убиени студентите, верувам дека Струмица ќе беше местото од каде ќе се води најголемата битка за Независна Македонија.

За крај би сакал само едно да додадам, време е општина Струмица да го издигне името на „Златната петорка“ и градот да добие улица – Петте струмички студенти!

Пишува Јане Киров

Македонија

На празник си заминуваат праведните: По долго боледување, почина таткото на Тоше Проески

Published

on

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

–Светол патот, татко мој! – напиша таа на социјалните мрежи. 

Continue Reading

Македонија

Ќе ве расплаче! Објавена “Кажу да време лечи све” – гласот на нашиот ангел изваден со посебна технологија (ВИДЕО)

Published

on

„Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”… се стиховите од рефренот на последната отпеана песна, која се чинеше никогаш нема да го здогледа светлото на денот.

Имено, со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка, која денес доживеа свое издание.

Песната е оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој што Тоше ги имаше во неговиот живот- нашиот познат радио водител, диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како Ерик Фокс, кој одлучи оваа демо снимка комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.

Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Ерик Фокс).

Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД Костадин Камчев – „Студио Моцарт“ од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер.

https://youtu.be/mpizP1g2dBo

Continue Reading

Македонија

Денеска ќе наполнеше 43 години: На денешен ден е роден Тоше Проески

Published

on

Во Прилеп на денешен ден е роден Тоше Проески.

Музичката кариера ја започна со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отворија песните „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“, „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Тој беше претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освои 14-то место со песната „Ангел си ти (Life)“.

Во 2004 година, Проески беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издаде песната „За овој свет“. Со песната „Чија си“ во 2003 година Тоше победи на белградскиот музички фестивал „Беовизија“ со што дефинитивно прерасна во најголема регионална музичка ѕвезда на некогашните ЈУ простори.

Тој ги објави албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ако ме погледаш у очи“ – верзија на српски јазик (2003) „Ден за нас“ (2004), „Дан за нас“ – верзија на српски јазик (2004) „По тебе“ (2005), „Пратим те“ – верзија на српски јазик (2005) „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007) и „Игре без границе“ – хрватска верзија (2007).

Сингловите од албумот „По тебе“ по неколку месеци се наоѓаа на највисоките места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина.

Неговото издание „Божилак“ е компилација од преработки на 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД-изданија на негови концерти во 2004 и 2006 година.

Речиси секоја негова песна беше хит како што се: „Усни на усни“, „Соба за тага“, „Ако ме погледнеш в очи“, „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Срце није камен“, „Кој ли ти гризе образи“.

Тоше ги привршуваше студиите на Музичката академија во Скопје и работеше на музичката кариера за своја промоција во светски рамки.

Последниот концерт во Македонија го одржа на 5 октомври на Градскиот стадион ( Арената Филип Втори) во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава.

Постхумно државата Република Македонија го прогласи за заслужен граѓанин.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Владата на Република Македонија во негова чест во неговото родно Крушево изгради мавзолеј – Спомен куќата на Тоше, каде низ музејска поставка од восочни фигури со неговиот лик во природна големина, лични предмети, музички инструменти, фотографии, видеа, сувенири… е прикажан целиот негов живот и музичкиот опус во кусата, но пребогата кариера

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк