Connect with us

Македонија

Граѓани збунети дека плаќаат ДВОЈНО, ЕВН вели да се чита и задната страна на сметката

Published

on

ЕВН тврди дека вистинскиот период за кој се плаќа струја се наоѓа на задната страна на сметката, а датумите кои се на нејзината предна страна се датуми на неделата кога се чита броилото.

Дали се поткраднуваат граѓаните во сметките за струја? Граѓани велат дека поради тоа што има поклопување на денови од ист месец во сметките за струја двапати плаќаат за исти денови во месецот. ЕВН, пак, тврди дека нема никакво поткраднување во сметките бидејќи на предната страна од сметката што ја добиваат граѓаните е пишана неделата во која се читаат струјомерите. Вистинскиот период за кој се однесува сметката е на задната страна на фактурата.

Откако се зголеми цената на струјата голем број граѓани се жалат дека нивните сметки се повисоки од потрошената струја бидејќи двапати плаќаат за исти денови во месецот. Загриженоста на граѓаните се прелеа и социјалните мрежи и во медиумите. Коментарите одат до таму што се вели дека годишно на ваков начин на граѓаните им се крадат високи суми пари.

– Ова е кражба, двапати ми наплатуваат за исти денови. Во сметката јасно се гледа дека има преклопување на денови. Така ми наплатуваат над 1.300 денари повеќе секој месец – вели граѓанин.

ЕВН, пак, тврди дека граѓаните се доведени во заблуда со тоа што мислат дека на предната страна на фактурата се гледа периодот на пресметка на потрошената електрична енергија. Вистинскиот период за кој се плаќа струја се наоѓа на задната страна на сметката, а датумите кои се на нејзината предна страна се датуми на неделата кога се чита броилото.

– Датумите на предната страна на фактурата се всушност датуми на отчитувачката недела на корисникот, односно во која група на отчитувачки период припаѓа корисникот. Додека датумите за реалното фактурирање на потрошувачката се наоѓаат на задната страна на фактурата. Реално отчитаните датуми никогаш не се поклопуваат со отчитаните датуми во претходниот месец. Овој податок на прочитана потрошувачка се наоѓа во горниот дел на задната страна, веднаш до ставката: Податоци од броило – велат од ЕВН.

Оттаму појаснуваат дека датумите на предната страна фактурата се од информативен карактер во која отчитувачка група припаѓа корисникот, а на втората страна се наоѓаат податоците врз база на кои се прави пресметката на фактурата.

– Отчитувањето на клиентите на ЕВН Хоме со тарифа домаќинства и мали потрошувачи се врши по календарски недели. На задната страна на фактурата, веднаш до ставката „Податоци од броило“ корисниците може да ги најдат точните датуми за кои им е пресметана потрошувачката на електрична енергија. Овие датуми никогаш не се поклопуваат со денови од претходниот месец и со тоа се подразбира дека не постои ни најмала можност да се соочуваат со двојно плаќање. Значи нема двојна наплата и нема преклопување на датуми на отчитување – појаснуваат од ЕВН.

Според ова, пред да помислите дека сте поткраднати, погледнете ја и задната страна на фактурата за потрошена електрична енергија. Најдобро е да го проверите броилото по отчитувањето и да направите споредба со фактурираните киловати. Односно да ги споредите со потрошените киловати од минатиот месец.

izvor Plus info

Македонија

Националниот комитет на Македонски Концепт избра двајца потпретседатели на партијата

Published

on

Националниот комитет на политичката партија Македонски Концепт на својата последна седница одржана на 20.12.2024 година ги избра Јасмина Арсовска и Васко Алексовски за нови потпретседатели на партијата.

Јасмина Арсовска е дипломиран економист со долгогодишно искуство во областа на ревизијата, сметководството и финансиското управување. Таа е лиценциран судски вештак и успешен претприемач, посветена на личен и професионален развој.
Васко Алексовски е доктор на науки од областа на клиничката биохемија при Медицински факултет на УКИМ, со повеќе од две децении искуство како раководител на клиничка биохемиска лабораторија. Тој е еден од основачите на Македонски Концепт и активен член на Унијата на Европските Федералисти на Македонија.

На седницата, Националниот комитет го усвои годишниот извештај за работа и завршната сметка за 2024 година, донесе план за работа за 2025 година и одлука за учество на Локалните избори 2025 година. Направени беа и измени на Статутот на партијата.

Со ова, Македонски Концепт потврдува дека останува посветен на своите програмски цели и визија за демократска, европска и напредна Македонија.

Се вели во соопштението испратено од Центарот за комуникации и анализа
Македонски Концепт

Continue Reading

Македонија

ИНСПЕКТОР ГО ИСТЕПАЛ НАЧАЛНИКОТ НА ПОЛИЦИЈА Нападот се случил во полициската станица

Published

on

Началникот пријавил дека во службените простории на полициската станица инспекторот агресивно се однесувал кон него додека извршувал службени задачи, а во еден момент инспекторот и физички го нападнал и му нанел телесни повреди.

Инспекторот Б.И. (39) од село Дедино, радовишко вчера бил уапсен откако бил пријавен дека физички го нападнал О.Г (43), кој е началник на Одделението за внатрешни работи Радовиш, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според соопштението, началникот пријавил дека во службените простории на полициската станица инспекторот агресивно се однесувал кон него. Началникот извршувал службени задачи, а во еден момент инспекторот и физички го нападнал и му нанел телесни повреди.

Во соопштението се додава дека за настанот биле запознати началникот на СВР Струмица, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и јавен обвинител, по чии насоки биле преземени мерки за расчистување на случајот.

По целосно документирање на случајот против Б.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

Каде се крие Артан Груби?

Published

on

Коалицијата Вреди му порача на избеганиот Артан Груби дека требало да го докаже албанството кога беше на власт и му порача да не ги трпи сам последиците, затоа што вината ја дели заедно со Ахмети.

Артан Груби, кој во секое појавување повикуваше на истрага, почнувајќи од неговата партија, сега стана синоним за бегство од правдата. Артан, немој да мислиш дека твоето досие ќе биде заборавено како што одминуваат деновите, врати се и соочи се со правдата, докажи ја својата невиност, повика коалицијата Вреди

„Груби се криел во Албанија, а не на Косово како што се алудираше. Никако не треба да продолжи да останува во Албанија, оваа земја има посебна вредност и тежина за Албанците и сега не треба да се доживува како прибежиште за корумпираните“, соопшти Вреди.

Артан, се додава во соопштението, твојата активност е уште посериозна од само корупција, ти направи историска грешка и за тоа историјата ќе те осуди каде и да си.

„Артан, бегај од Албанија, оваа земја не е соодветна за најголемите антиалбански слуги во Македонија. Артан, засолнувањето во Албанија не те направи голем Албанец, требаше да ја докажеш албанството кога беше на власт. Наместо тоа, вие избирате да им служите на антиалбанските, антиевропските и антиамериканските кругови. Кога Албанците ве испратија во институцијата да ги застапувате, имавте проблем со управувањето со егото и како резултат на тоа правевте играчки сцени во институциите, со нив го задоволувавте вашето его, но ја нарушивте социјалната состојба на граѓаните Албанци“, соопшти Вреди.

Додека вие бевте на власт, додава коалицијата, Албанците беа незастапени и сираци во институциите на оваа држава.

„Артан, ако си избегал во Албанија со аминот на Али Ахмети, како и за секоја друга работа, си се лажел. Артан, врати се кај Али Ахмети да ти помогне, затоа што те стави во оган да вршиш мрачни служби.

Ако споделивте сè со Али Ахмети, споделете ги и овие црни денови за вас. Вие ја делите вината, не трпи сам последици. Упатуваме сериозен и искрен апел, вратете се, иако крајот беше таков, но, барем дозволете еден нормален крај после горчлива активност. Артан, не заборавајте Албанија не е засолниште што ги собира корумпираните и оние што се слуги на антиалбанските политичари“, соопшти владејачката коалиција.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк