Служењето на воениот рок во Македонија не е задолжително веќе десетина години, односно последната генерација што задолжително мораше да оди во војска тоа го стори во сега веќе далечната 2006-та година. Но од 2011 година граѓаните што ги исполнуваат условите поставени од АРМ можат да се пријават за доброволно служење на воениот рок. Притоа, кандидатите мора да имаат наполнето 18 години, но и да не бидат постари од 26 години.
Со сите општествено-политички случувања, но и оние предизвици кои ги носи созревањето и секојдневниот живот, особено во овие таканаречени „модерни“ и турболентни времиња на денешницата, во који се повеќе царуваат криминалот, насилството, наркоманијата, проституцијата, извртените вредности… особено кај младите и после толку време од уклинувањето, почна повторно да се наметнува и поставува прашањето: „Дали треба да се врати задолжителното служење на воениот рок“?
Кај населението мислењата по ова прашање се поделени. Едни велат дека не треба да има задолжително служење војска, други велат дека „служењето наа татковината“ мора да повторно да се врати, а дел велат дека треба да има некаква, каква и да било обука со цел младите да се оспособат за ракување со оружје.
Но војската не е само пукање со огнен арсенал. Редот, работата, дисциплината, хиерархијата, моралните вредности, патриотскиот дух, техничко-тактичката обука, социјализацијата, начинот на самостоен живот… и уште илјада и една придобивки се резултат на некогашното служење на воениот рок, во кој се челичеа и духот и телото, се градеше карактерот, се издигнуваше линоста. Се разбира како и враќањето на „долгот кон татковината“ за која стоеше и заклетвата во вид на свечена обврска дека за светите придобивки како што се слободата, независноста, сувереноста, самостојноста, тогашното братство и единство… и ред други нешта, за кои ако треба и животот ќе се жртвува, како што тоа беше на пример при некогашното задолжително служење војска во тогашната ЈНА, во тоа време 4-та армија по моќ во Европа.
Естрадниот ТВ магазин од зад сцената, “Бекстејџ” истражуваше: „Дали треба да се врати служењето на воениот рок?“, а одговорот го побараа кај нашите јавни личности. Нивните размислувања, ставови и мислења околу ова прашање проследете ги во видеото во продолжение (ТУКА):
Имавме генерација на големи филмски имиња последниве децении предводени од режисерите како Столе Попов, пота следната со Милчо Манчевски, а сега дојде и сегашната генерација, пебедничка генерација, предводена од режисерот Ѓорѓи Унковски.
Филмот во режија на Ѓорѓи М. УнковскиДиџеј Ахмед собра награди на глобално престижниот фестивал Санднес во Јута, САД, зад кој стои големиот актер и продуцент Роберт Ретфорд .
Имено, “Диџеј Ахмет“ освои победнички награди во својата конкуренција и од жири комисијата за кретаивна визија, како и од публиката.
Сместен во оддалеченото јуручко село Коџалија, Македонија, „Диџеј Ахмет“ ја раскажува приказната за 15-годишниот Ахмет, кој открива прибежиште во електронската музика како излез од неговата традиционална средина. Филмот е драма со примеси на комедија, приказна за љубовта, пријателството и самооткривањето на еден тинејџер, поставена на динамична заднина во која се судираат традиционалните вредности и модерното време. Снимањето на филмот траело 36 дена и се одвиваше на крајот на 2023 година, во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш, а дел од снимањето беше и во Скопје. Филмот е на турски и на македонски јазик.
„Диџеј Ахмет“ се снимаше лани во октомври и ноември во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш и во Скопје.
Сценографи се Дејан Ѓошевски и Александра Чевреска, костимограф Роза Трајчевска, шминка и маска Душица Вуксановиќ-Дуда, снимател Наум Доксевски, монтажер Михал Раих. Продуценти се Иван Унковски и Ивана Шекутковска и линиски продуцент Виктор Павловски.
Во главните улоги се Ариф Јакуп, Дора Акан, Наим Агушев и Аксел Мехмед. Во останатите улоги се Селпин Керим, Елхаме Билал, Адем Карага, Метин Ибрахим и други. Кастинг директор е Киријана А. Николоска.
Филмот е копродукција помеѓу „Синема футура“ и „Сектор филм“ од Македонија, „Алтер вижн“ и „Аналог вижн“ од Чешка, „Бекрум продукција“ и „Баш Челик“ од Србија.
Филмот беше поддржан со 23.5 милиони денари (околу 380.000 евра) на конкурсот на Агенцијата за филм за 2020 година во втор рок на одлучување, а доби поддршка од 160 илјади евра на паневропскиот филмски фонд Еуримаж.
Унковски после 5 години се враќа на Санденс, најголемиот американски фестивал на независен филм, основан од легендарниот актер и режисер Роберт Редфорд. Неговиот успешен краток филм „Налепница“ во 2020 исто така имаше премиера на Санденс.
И повторно роденденско изненадување од сопругата 😁 ( јас се плашев дека ке ми поклони книга🙄) Heineken, напиша Спасен Силјановски на својот facebook профил.