Connect with us

Скопје

До темел изгоре позната кафеана во Ѓорче Петров! (Фото)

Published

on

До темел изгоре кафаната Камин Кама, објави Фејсбук страната Ѓорче Петров.

“Доцна вечерта избувнал пожар во ресторанот Камин Кама во населбата Ѓорче Петров, уште попознат како центарот за забава на македонската фолк естрада, пишуваат тие.

И покрај брзата интервенција на пожарникарите, сепак огнените јазици се ширеле со многу голема брзина и го зафатиле целиот објект.

Засега не се шпекулира за причината на пожарот ниту за висината на финансиската штета се додека не се направи проценка на истата.

t

Според првичните проценки штетата е огромна, што е евидентно и на самото место каде објект речиси и нема.

Сопственикот на ресторанот, познатиот естраден уметник, Трајче Толевски, познат како Трајче Мајка во шок и неверување од немилиот настан, изјави дека најважно од се е што немало жртви, ниту пак повредени.

Тој вели дека пожарот се ширел со неверојатна брзина, а му било јавено од страна на соседите кои пак пријавиле во пожарната служба за што е особено благодарен.

Сепак, немилиот настан не успеа да го уништи позитивниот дух на Трајче и нашиот разговор го заврши си пораката: лошото да остане овде, Камин Кама ќе ја обновиме, а најважно е сите ние да сме живи и здрави.”

Од “Ѓорче Петров” споделија и фотографија од местото.

Скопје

Контаминација во водоводот во Гази Баба – МВР откри непозната супстанца!

Published

on

На 12.03.2025 во 21.30 часот во СВР Скопје, од Јавното комунално претпријатие Гази Баба било пријавено дека од 22.00 часот на 08.03.2025 до 07.00 часот на 10.03.2025 во Булачани, населението и вработените забележале дека водата има променета боја и миризба.

-По извршени проверки од Јавното комунално претпријатие Гази Баба, било констатирано дека во водоводниот систем во делот после изворот и пред резервоарите за вода била вметната непозната супстанца, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Скопје

Градоначалникот Ѓорѓиевски со решителна акција за уредување на Кисела Вода: Се отстрануваат хаварисаните возила!

Published

on

Општина Кисела Вода, под водство на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, започнува голема акција за расчистување на јавните површини од хаварисани и нерегистрирани возила. Оваа иницијатива, спроведена во соработка со GREEN ROAD ДООЕЛ и Министерството за внатрешни работи, има за цел да го подобри квалитетот на животот во општината, ослободувајќи ги паркинзите и јавните простори од напуштените автомобили.

„Крајно време е да ставиме ред и да ги ослободиме паркинзите во Кисела Вода. Ова не е казнена мерка, туку начин да создадеме почиста и поуредена средина за сите граѓани“, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Инспекциските служби веќе започнаа со мапирање на хаварисаните возила, а во наредните денови ќе се спроведе постапка за утврдување на нивната сопственост и регистрациски статус. Согласно законските регулативи, сите напуштени и нерегистрирани возила кои нема да бидат отстранети од нивните сопственици во дадениот рок, ќе бидат подигнати и транспортирани до специјални депоа, каде што ќе можат да бидат преземени од нивните сопственици. Доколку тоа не се случи, возилата ќе бидат третирани како отпаден метал.

Дополнително, акцијата посебен акцент става на расчистување на паркинзите во Расадник, каде што нерегистрирани возила често се користат за препродажба, претворајќи ги јавните простори во нелегални авто-плацови.

Градоначалникот Ѓорѓиевски ја истакна важноста на оваа иницијатива, апелирајќи до граѓаните да соработуваат и навреме да ги отстранат своите хаварисани возила.

„Ова е уште еден чекор кон поуредена и поубава Кисела Вода. Наша цел не е казнување, туку создавање ред и подобрување на условите за живот на сите жители“, нагласи Ѓорѓиевски.

Со оваа акција, Кисела Вода прави значителен исчекор во унапредувањето на урбаната средина и ослободувањето на јавните површини од отпадни возила, поставувајќи пример за одговорно управување со просторот и комуналниот ред.

Continue Reading

Скопје

Пожар во стан во Аеродром

Published

on

pozar

Пожар избувнал вечерва во стан во скопската населба Аеродром кај Мајчин дом, дознава 24инфо.мк.

Екипи на противпожарната бригада интервенирале навреме а според информациите нема повредени лица.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк