Connect with us

Македонија

,,Васко Жабата” тепаше, немаме среќа против Бугарија ни во фудбал

Published

on

Македонската фудбалска репрезентација со 1-0 е поразена од Бугарија во последниот меч од Лигата на нации, клучна беше 14. минута кога останавме со играч помалку поради црвен картон на Тодоровски.

Македонските навивачи направија жешка атмосфера, на Арената „Тодор Проески“ имаше повеќе од 20.000 навивачи, но тие разочарани го напуштија стадионот од она што го видоа. Клучниот момент на натпреварот се случи уште во 14. минута кога Тодор Тодоровски поради опасен старт доби директен црвен картон, Македонија рано во мечот остана со фудбалер помалку.

покрај тоа што игравме со фудбалер помалку, бевме рамноправни, но не можевме да бидеме и подобри од Бугарите. Првата посериозна закана ја имаше нашата репрезентација, Ристовски шутираше силно од далечина, но Наумов го одбрани неговиот удар. По пет минути игра во второто полувреме, брз контра напад на Бугарите кој го реализираше Десподов за водство од 1-0.

На десет минути пред крајот Алиоски имаше уште една шанса, неговиот шут заврши крај голот на Бугарија. Во самиот финиш од мечот се случи и инцидент кој го почнаа Барди и Кирилов, а се вклучија многу фудбалери од двете екипи, но мешаницата беше брзо расчистена.

 Последната шанса да избегнеме пораз ја имаше Дориев, но Наумов го одбрани неговиот удар.  По овој пораз Македонија падна на третата позиција на табелата, Бугарија пред нас, на второто место го заврши натпреварувањето, прва е Грузија, а последен Гибралтар.

Македонија

Претреси кај Пеце Мирчевски, поранешен директор на СОЗР

Published

on

Неофицијално ТВ21 дознава дека Финансиската полиција врши претреси во домот поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во Владата, Пецо Мирчевски. 

Според информациите претресите се вршат во неговиот дом во врска со случаи поврзани со злоупотреби во СОЗР во делот на јавни набавки и други злоупотреби.

Оваа вест е во развој…

Извор: ТВ21

Continue Reading

Македонија

Неточна е тезата дека сообраќајката немало да се случи ако Васил добил затворска казна, смета Калајџиев

Published

on

Со пресудата за претходното кривично дело на 20-годишниот Васил Јованов се создава историски преседан во Македонија – полнолетно лице добило воспитна мерка  поправен дом и било ослободено од притвор. Законот ова го дозволува, но ова е првиот ваков случај во Македонија, изјави Гордан Калајџиев, но додаде дека ништо немало да се смени – и да добиел казна затвор. 

-Тезата дека сообраќајката немала да се случи ако возачот добил затворска казна е неточна и лаичка! Тој се уште не е правосилно осуден и се чека одлука од Апелација. Тоа значи дека и да добил затвор ништо немало да се промени, објави Калајџиев на социјалните мрежи.

Извор: 24info.mk

Continue Reading

Македонија

ЕКСКЛУЗИВНО: Полициска акција во МВР

Published

on

policija

„Нема да биде како до сега! Ќе сноси одговорност секој, без разлика дали е полицаец, началник или било кој друг. Законите важат и ќе важат за сите“, бил ставот на највисокото раководство на институцијата, кои јасно ја пренесуваст пораката до сите вработени.

Работниот ден во седиштето на МВР започнал со претреси и одземање на службена документација во канцеларии на началници и вработени во повеќе организациски единици. Според неoфицијалните полициски информации, била отпочната истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендерски постапки за сервисирање на службените возила на полицијата и МВР.

Акцијата која ја прави Бирото за јавна безбедност, според првичните информации, во исто време претреси вршат и во неколку економски оператори меѓу кои добро познати автосервиси кои до сега години наназад ги сервисирале возилата на полицијата.

Во МВР подолг временски период јавна тајна било дека сервисирањето на возилата претставува ноќен кошмар, бидејќи некои организациски единици останувале без службените возила со месеци, а откако биле известувани да си ги подигнат возилата наводно исправни, гледале дека нема промени и повторно ги враќале на сервисирање. Гневот на вработените бил голем, но оние што биле надлежни и одговорни во МВР да го контролираат целиот надзор и квалитетот веројатно биле дел од корупциската шема.

Во меѓувреме додека се истражувале старите злоупотреби истрагата дошла до информации дека економските оператори во соработка со поедини надлежни и одговорно лица – вработени во МВР договарале како повторно да добијат нови милионски тендери. На тој начин со денешната акција за прв пат во историјата на Јавните набавки во Македонија имаме случај на спречен обид за потпишување на нов договор за јавна набавка штетен по една институција а со тоа по парите на граѓаните.

„Нема да биде како до сега! Ќе сноси одговорност секој, без разлика дали е полицаец, началник или било кој друг. Законите важат и ќе важат за сите“, бил ставот на највисокото раководство на институцијата, кои јасно ја пренесуваст пораката до сите вработени.

Со овој потег, министерството испраќа силна порака дека старите практики нема да се толерираат, а дека навистина ѓаволот ја однел шегата, потврдуваат големите акции во насока на борба против секој облик и вид на криминал што МВР ги реализира во изминатите шест месеци.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк